Брат, нема кај нас да реагира никој затоа што ние уште мислиме дека е во ред некој да те навредува на национална основа, да те навредува по боја на кожа, по степен на образование, по финансиска моќ (односно немоќ) итн итн. Во нормален свет, каде што и ова се случи (сепак станува збор за Италија) за вакви работи се реагира и истите се казнуваат, со право.
Нема да ги обеси Лингард и Погба ама не мора да биде нешто драстично за да биде осудено како расизам. Колешката која ја спомнав, неколку пати беше жртва на расизам, мада јас ја убедував дека ние не сме расисти, само идиоти кои не сме имале ни допирна точка со расизам, затоа не го перцепираме. Конкретни случаи, ја имаат викано блеки, ќумбе, црна, и имаат и укано ко мајмун, што реално не е пријатно. Пак ќе кажам, ако некој ти каже „мрш бе фиромјанецу“ еднаш и никад више, нема да обратиш внимание ама ако некој ти го прати тоа, секој ден, цело време, секаде, постојано, ќе ти дое преку кур и ќе збеснеш.
Ти ми викаш да се навратам на ситуациите со Финан и Суарез, во ред, можеш и ти да се навратиш на мал милион ситуации кога играчи како Ето излагале од терен зошто биле малтретирани по 90 минути, непотребно, само затоа што (ПАЗИИИИИИИ) се црни.