Беше ли на обука "часови" , и како иде процедурата со полагањето. Прочитав дека електронски се полага, во Министерство за транспорт и врски.
Гледаш на интернет кога има термин за обука. Одиш на терминот, само обуката трае 3-4 часа, не е за брзо, бидејќи е само еднаш.После обуката одиш во канцеларија да ти ги дадат тестовите. Од кога ќе ти ги дадат тестовите имаш термин на Америт кога полагаш, ние полагавме на УКИМ-Правен факултет мислам беше. Испитот трае 60 минути, и имаш луфта 70% од тестот да ти е точен. Значи од 100 прашање ако точно одговориш на 70 минеш. Така беше лани, сеа може е сменето нешто.
Се полага електронски, на компјутер. Задолжително да си носиш лична карта. Влегувате да полагате, пред секој компјутер имаш шифра, ја пишеш шифрата се логираш и започува испитот. Резултатите ти ги кажуваат одма дали си или не си положен. Ако си после 10-тина дена се јавуваш во Министерство за транспорт, тоа беше едно баракиче на плоштадот, памтам имаше некој факултет таму, дали за театар глума или нешто имаше, ти кажуваат дали ти е готов сертификатот, треба да уплатиш во банка и да ти го дадат уверението и тоа е тоа.