Нови возачки дозволи

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Имам положено А,Б и Ц категорија а да полагам за Е категорија што ми е потребно?

За Е категорија ти треба само приколката да ја закачиш,возиш со неа 6-7 часа мислам,и одиш директно на полагање..Немаш ни тестови не треба да учиш,ни полигон,ни теоретска обука..Ама мораш лекарско да извадиш..
 
Никогаш не сум бил нешто заинтересиран за возење кола, ама потреба си е потреба, тргнав на работа, па нели од корист е да имам и возачка.
Е сега, ако може некој да ми каже, можам ли да се договорам со автошколата (која и да е) за терминот на предавањата (прва помош, теоретско итн.) или пак ке мора да биде да губам од работно време за да стигнам на предавањата? Бидејќи од тоа што гледам по интернет скоро сите авто школи имаат стандардно работно време до 4 или 5 часот. Би сакал да стигнам на сите предавања бидејчи во глобала сум лаик за коли...
 
Јас конечно, после неколкугодишно возачко искуство, утре полагам. Си ги извозев сите часови прописно, ми викаат не паничи, супер возиш, ама вечерва тешко дека сон ќе ме фати... Утре полигон+градска :)
 
по скопски-бокал вода да се попрска по вас кога ќе тргнете.
И со среќа - со возачка да ја дочекате Н.Г.
 
Јас конечно, после неколкугодишно возачко искуство, утре полагам. Си ги извозев сите часови прописно, ми викаат не паничи, супер возиш, ама вечерва тешко дека сон ќе ме фати... Утре полигон+градска :)

Ги извести сите познати денес да не се мотаат по град, чисто за нивна безбедност ?
И да не возат коли, да не прават гужви ?
 
Сакав да прашам , дали негде на крај ги пишува поените од тестови ? Ии дали ако имам изгубено пример 5, тоа значи дека кога ќе полагам практично сум минус 5 поени од старт ?
 
Некоја препорака за добра школа во Центар или К. вода со добри инструктори и плаќање на рати?
 
Некоја препорака за добра школа во Центар или К. вода со добри инструктори и плаќање на рати?

Кекец (Аеродром), спроти Железничка. Одлични се! 19 000 oбуката им е, имаат 2 Опелки корса, чинам дека 2 пежоа и Опел Мерива сите дизелаши.
 
ме интересира нешо пример идам град али ја заборавам возачката дозвола дома дали можат да ме казнат за не носење возачка дозвола а се регуларно никакви прекршоци при рутинска контрола имал некој вакво искуство
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom