Трева (дворска-парковска)

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Да исто онаа трева што е под сенка е густа, ама пак на пакувањето пишуваше дека е за сонце.
Па кога садеевме кај брат ми и двајцата сеевме и тоа еден по друг и мислам дека доволно имаше фрлено. Не е изгазена само онака со гребло ја измазнивме и секојдневно наводнување со прскалка.

Дали да се почека уште малку или уште сега да се досее на тие места каде што е поретко?
Измешано семе со ѓубре.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Не мешај семе со ѓубре, многу е јако за младите тревки. Ѓубрење или пред или попосле кога ќе фатат корен. Можеш да фрлиш пак семе, нема штета. Тоа што никнало никнало, ако прошло доста време нема да никне ново. Она ќе се згусти со време, ама ако има многу лиши, досевај!
 
А која техника користиш кога фрлаш пак семе, на веќе никната трева?
Јас еднаш пробав, ама со слаби резултати...

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Јас не сум досејувал, кај мене комшијата досејува така секоја година, он купува прегорено арско ѓубре и земја, фрла на местата каде што е голо , после неколку полевања ја сее таа површина. Да, со променливи резултати ама пак се згустува не е без ефект.
 
Значи прво го фрла џубрето, наводнува и фрла семе?
Без гребење со грибло, без тапкање ?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Значи прво го фрла џубрето, наводнува и фрла семе?
Без гребење со грибло, без тапкање ?

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
Значи полева два три дена па на четврти петти ден фрла семе и со гребло го покрива, колку толку, да не биде на површина. Не е некој метод ама алтернатива е да ископаш се, па наново.
 
Зошто ја пробав со грибло да го изгребам местото каде е голо па фрлив трева ама не се фати, многу малку само

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Што трева ми препорачувате за двор?
 
Што ми препорачувате за прскање на дива трева, коприви, трње, со кое средство е најдобро и најефикасно да се прска?
Има различни средства т.н Тотал хербицид но тие имаат различни имиња и молам за препорака со прецизно име на средството за прскање диви треви.
Се работи за површина околу ограда на двор, тука нема корисни растенија кои би ги уништил, само расте дива трева, која ја косев, ја сечев со српови но таа постојано расне одново.
 
Било кое врши работа

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
минатата сабота земав семе за регенерирање/ обнова на трева
празните делови ги напрскав, нафрлав семето и ја покрив со земја така малку, пред два дена видов дека си никнала и тоа одлично
значи овој период му е мајката кога нема мравки

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Со што ги напрска пред да го фрлиш семето? И како се вика семето што го фрли , дали беше во кутија или ?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Со што ги напрска пред да го фрлиш семето? И како се вика семето што го фрли , дали беше во кутија или ?

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk

со вода за да залепи поубаво зашто имаше најава за дожд по два дена па да не го однесе ама како и да е го покрив и со земја тенко
не ми текнува како се викаше мислам германско производство, во кутија беше за 25м2 170 ден во меркур го земав

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ми препорачуваат Тиволи(словенечка) трева.
Дали има некој искуство со неа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom