Здраво дечки,
Пред 2-3 дена поминав семафор на жолто ама беше во таа пола секунда кога се менува од зелено во жолто а не од жолто во црвено. Претпоставив дека ќе се смени во жолто но проценив дека е побезбедно да поминам од колку да пробам да застанам.
Позади од некаде ме видела патрола полиција, ме стигна на следниот семафор ми даде знак да застанам, застанав.Ме прашува полицаецот знаеш ли што прекршок направи? Јас му велам поминав на жолто? Да, според новите измени не можело да се поминува на жолто...
Ми побара документи му дадов, возачка, сообраќајна, лична карта и замина во кола.Како да видов дека разговараше на телефон дали се распрашуваше за мене во станица, не сум сигурен поради одблесокот на стаклото.После некое време ме викна, нешто запишуваше во тефтерот ми кажа казната за поминување на жолто била 300 евра и одземање на возачката??му кажувам не сум знаел..
Е сега после некое време ми ги дава документите и ми вели ова ти е опомена сега знаеш за друг пат, така нешто..
Некако многу беше лут кога го кажа тоа и пишуваше во тефтерот за да биде само опомена?
Не ми кажа да потпишам некаде, не ми даде никакво ливче.. Не ме казниле до сега и немам искуство, но не треба ли да ми даде нешто како опција да платам за 7-8 дена и да биде казната на пола, да потпишам записник ??
Фала