Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Што е поентата на Vox Lux?
Малку глуп ми беше.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.478
До сега, имам 2 994 изгледани филмови. Уште 5 и шестиот ќе го мислам да биде некој посебен ептен и да заокружам на 3 000!

@shumecha.tableta јас изгледа обожавам да правам листи :P
Пошто гледам дека си ги гледаш од претходната листа и уште малку ќе ги потрошиш, еве ти уште една, немаш спас :D

1. Овој не ти е гледан а мораш. Во овие пролетни топли денови ќе те вратам малце назад во снежно време и божиќни празници.. И во детството. Веруваш дека постои Дедо Мраз? Ако не веруваш, гледај го филмот, ќе те премисли. Miracle on 34th Street (1947)

2. И овој исто мораш да го гледаш. Т.е овие 3 филмови срам да ти е што не ти се изгледани. Одма да ги изгледаш! Brief Encounter (1945)

3. И третиот прекрасен филм. Во дамнешни времиња во Италија, на еден човек му е украден велосипедот. Во тоа време еден велосипед е цело богатство, посебно за еден човек од работна класа во тешки времиња. Тој и неговиот син започнуваат потрага за да го пронајдат велосипедот. Bicycle Thieves (1948)

4. Spellbound (1945) овој од Хичкок не ти е гледан. Ингрид Бергман е психотерапевт кој го истражува идентитетот на еден пациент со амнезија (Грегори Пек) за кој постои сомнеж дека извршил убиство. Иако е голем профенионалец, во нејзината работа ќе се замешаат и чувствата. И дали ќе успее да биде објективна и праведно да процени ќе си видиш сама..

5. Letter from an Unknown Woman (1948) Еден пијанист добива писма од една непозната жена која скоро секојдневно била дел од неговиот живот, а тој воопшто не ја ни приметил. Интересно е да гледаш како еден човек се гледа себеси преку очите на една заљубена жена и колку ќе ти го стопли срцето една ваква невина и вистинска љубовна приказна од една прекрасна и ептен мила актерка, Joan Fontaine.

6. Gene Tierney, за мене една од најубавите и најшармантни жени на светот е свежо венчана млада дама која е ептен посесивна и љубоморна, дури и болно љубоморна и не дозволува никој освен неа да биде во близина на нејзиниот маж. Дури ни членовите на семејството. Болеста ќе и направи проблеми и ќе ја натера на ептен болни и очајни потези. Leave Her to Heaven (1945)

7. A Streetcar Named Desire (1951) Лепотанот Марлон Брандо и фамозната сцена со Стелаааа :LOL: Ќе си исплакнеш очи тука..

8. Пак Богарт и Бекол. Богарт е осуден за убиство и бега од законот, а Бекол ќе му помага за да си ја докаже невиноста. Dark Passage (1947) Бонус уште еден убав филм со нив двајца: The Big Sleep (1946) и уште еден бонус: Key Largo (1948)

9. Кај Fritz Lang нема промаш, Scarlet Street (1945) е филм за еден напален средновечен човек кој по нашки кажано го фаќа втор пубертет и воден од нагоните заборава што е нормално и што е за него, а за што му поминале годините.

10. Овде само наслови ќе ти налупам пошто ме замрзе, исто убави филмови ко за тебе. Запиши си ги таму во споменарот :P
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Radegund 2019

Post-production
Actor Franz Rogowski stated in an interview in March 2019 that no one knows how the film would eventually turn out, or when it will be released, considering that Radegund has been in post-production for more than two years at that point. Rogowski pointed out that Malick is "a director who creates spaces rather than produces scenes; his editing style is like that."


Старово како ги одовлекува филмовиве мислиш има за живење уше 274 години.:pos:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Годинава значи само два добри филма ќе има The Irishman и Once upon a time in Hollywood
Да не го заборавиме Joker. Имам претчувство дека Хоакин Финикс (како и секогаш) ќе растури и, се надевам, конечно ќе мавне Оскар. Човекот особено брилијира кога игра девијантни ликови. И рибутот на Dune вреди да се чека, макар до 2020.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom