Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
https://novatv.mk/rusija-go-prizna-novoto-ustavno-ime/?fbclid=IwAR0XRgJqtDFhYtj4WjsFrkix5l5XCfTUf-YCV9Bj7zyyPQU9tKo0Re8ums8 Нели немаа да го признаат ќе ставаат Вето, искрено да ви кажам и овие почнаа да тресат глупости Геополитики и Македоња ова ми изгледа ко Русија се го тгна газо од Балканов
Ќе свикуваа седница на СБ во ООН, никогаш немало да се откажат, ќе го држеле спорот отворен.

Така и србите ги лажат дека Косово сеуште е српско.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.243
Поени од реакции
18.058
Ќе свикуваа седница на СБ во ООН, никогаш немало да се откажат, ќе го држеле спорот отворен.

Така и србите ги лажат дека Косово сеуште е српско.
Колку повеќе ќе се приближуваме до НАТО и ЕУ, толку повеќе Русија ќе ни биде поблиска.

Русија сака да има кртови во тие институции.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.912
Поени од реакции
21.387
Хаха, сигурно ќе се правдам пред луѓе кои не ги знам за тоа на кого сум го дал гласот.
Требало да го прочиташ постот, затоа што ќе сфатеше дека во ниту еден момент не сум очекувал дека сдс ќе ги подобри работите во државата, туку дека оние кои им помогнаа да дојдат на власт, ќе ги земат работите во свои раце и ќе ја средат државава (нормално, Заев само ќе ги реализираше нивните наредби). И вчера да беа изборите, пак ќе гласав за смена на претходната власт, затоа што тоа владеење остави НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА врз духот на народот во Македонија.
Мене многу повеќе ме боли што некои кои важат за десница, го убија духот на младиот човек во државава, отколку што некои од кои и сум очекувал вакви работи, направиле неколку промени на хартија со кои ја збришале историјата на народот кој одамна е клинички мртов.
Претходната власт е таа која не доведе во оваа безизлезна ситуација, да мораме да натртиме гол газ ко сакаме да просперираме. Македонија е во толку лоша ситуација, што влез во некои европски организации не звучи воопшто лошо, во поглед на стабилноста на државата и секако, она за многу млади гласаа на референдумот (бојкотирав бтв), а тоа е издејствување на полесен начин за одење во странство. Промената на името се знаеше дека е неизбежна. Ама, место патор дача да го повлечеше тој потег кога имавме многу поповолни услови, чекаа сдс да бидат тие кои ќе останат запаметени дека ја извршиле распродажбата која ја поддржуваат и двете партии.
Се' уште има простор да се подобрат некои работи од областа на економијата, веројатно допрва фокусот ќе оди во таа насока.
Двете партии пустош направија во државава, разликата е што вмро имаше таква медиумска покриеност, а веројатно и поглупаво гласачко тело, што се' уште нивните приврзаници како слеп за стап ги бранат по форумиве.
Јас искрено не гледам дека некој ги брани сегашните власти на форумов, за разликата од плејадата кретени што муда отекувавте за време на претходното владеење.
Затоа, смешно изгледа повикот за некој да се засрамел што гласот го дал за сдс, од луѓе што мајка им ќе ја дадеа во одбрана на претходната власт за време на нивното владеење, а уште имаат лице да се јават на темава, па уште и се горди дека го направиле правиот избор.
Алооо, на изборите на кои велите дека останатите сме згрешиле, вие гласот сте го дале за партија која матер им еба на Македонците во претходната декада, има ли подолно нешто од тоа?

Во глупата дискусија се вклучив дека на темава гледам момци што како паднати од марс се однесуваат. Демек растел криминалот, албанците добивале права и што ти ја знам, заборавајќи дека истото (и далеку полошо) се случуваше со претходната власт. Да не ви копам слики од патронот со околните мафиози од Грчец и слични места во кои полиција не смее ни да стапне.
Затвор за пола водство на ФА, затворање на ЦПБ, уништување на Комити и Чкембари, Скопско Кале за Комитите, Смилковско езеро и Диво Насеље, премногу патриотски моменти од владеењето на „Македонската десница“.

Караванот врви, децата на вашиот патрон си одат на одмор на кој даваат по 10000 евра од ден.
Скромно, за така скромни луѓе кои беа на браникот на татковината.
Pak kilomateraski post i pokaza kon site so prst ama nikako kon tebe. Ni za moment da pomislis deka si ja posral, se nesto si se nadeval, se nesto si glasal protiv a ne za i posle magicno da zaklucis deka ustvari ni nema care ( sekako do toj zaklucok dojde posle izborite, pred to si imal nekakva nadez valjda).
I da ti go procitav prethodniot post, ne se sekiraj. Ti go procitav i ovaj i dojdov do istiot zaklucok koj ti go kazav vo prethodniot. I sto pobogu ocekuvas da ti kazam jas ili bilo koj drug posle ovaa tvoja kako da ja narecam zelba.
Требало да го прочиташ постот, затоа што ќе сфатеше дека во ниту еден момент не сум очекувал дека сдс ќе ги подобри работите во државата, туку дека оние кои им помогнаа да дојдат на власт, ќе ги земат работите во свои раце и ќе ја средат државава (нормално, Заев само ќе ги реализираше нивните наредби).
Pa uste gordo si se drzis do stavot deka pak istoto bi go napravil i sledniot pat. Ama znaes kako velat na pametniot i ednas mu e dosta. Tebe ocigledno ne ti e, drugo logicno objansuvanje nema posle se sto se slucuvase i se slucuva. Mozi i nemas kapacitet da naucis od greskite ili smetas deka se premnogu pameten( a ne si ocigledno ) pa da treba da si se preispitas.
Za drugiot del od postot ke treba malce dopolnitelno da si gi objasnis stavovite posto ocigledno tolku gluposti imas iznatreskano sto duri mi e i nezgodno oddelno da te prasuvam sto sakal avtorot da kazi. Ili ajde za ova ke te prasam, kako toa prethodnata vlada ne dovede do ovaa bezizlezna situacija i kakva bese taa bezizlezna situacija. Mislis na ekonomija ili politika ili na nesto sosem treto ? Daj bas me interesira kakva bese nasata ekonomska i politicka situacija pred proslata vlada.
Za komiti , ckembari , balisti i ostala navijacka bagra aman postedime. Nejkam ni da diskutiram za talogot na edno opstestvo. Da sakas da mi prodades huligani za mirotvorci e isto kako da mi prodavas madinja za bubrezi.
Bilo kako bilo ete posto si resil da se vklucis vo ovaa glupa diskusija posto nekoi se odnesuvale kako padnati od Mars( normalno ti ne spagjas vo niv) ajde bujrum diskutiraj, iznesi argumenti. Napisa dovolno raboti vo prethodniot post pa potkrepi gi so nesto zosto e toa taka kako sto velis ti deka e.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Уште мислите дека гласање и дека имате вие некакво влијание за иднината на оваа парче земја ?
Без разлика кој е на власт што сака запад тоа ќе се случи на еден или друг начин незнам во која заблуда живеете.

Грците се 100 пати поголеми националисти и они паднаа незнам како такви работи не ви се јасни дека не постои демократија и правдина туку само илузија ? Колку примери ви требаат од глобално ниво или пак од кај нас ?
Прават што сакаат и секогаш има некој дупка во законот.

Знам дека звучи како теорија на заговори но реално кога ќе разгледаме колку примери имаме што укажуваат баш на тоа ?
 
Немој сега и ти така, гласње, негласање, бојкотирање е најмакедонското нешто што постои, сите други се северџани :D
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Абе тоа дека на Балканот отсекогаш големите сили управувале со геополитиката во склад со сопствените интереси не е спорно. Она што е глупо е новиот наратив. Во отсуство на Бранко да се обвинува за сите проблеми во државата, сега на ред дојде цел свет да ни е виновен. Добро, Трамп и Меркел, Путин ни е крив оти сме лицемерна корумпирана багра што не може да одржи ред пред шалтер? Автопатите ни личат на пост-апокалиптична зона, расфрлано ѓубре на сите страни и диви депонии, и после оти туристите на лето на прелетувале на пат за Грција.
Светот ни е крив оти Мира Дизел фамилијата до трето колено ја вработи на државно? Или оти некој рамковен таму се става над законот па гради кај ќе му текне...

Значи има некои работи кои што зависат исклучиво од нас самите. Името можеби се промени под притисокот на интересите на големите сили, САД предимно, но онаков катастрофален договор како Преспанскиот самите си скоцкавме оти сме неспособни и оправдано е мета на сите критики. Тоа не е договор, тоа е капитулација од епски размери без драматизирање, и ако потраеме доволно долго за тоа во иднина историјата ќе ни суди.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.826
Поени од реакции
83.658
IMG_20190318_233348.png

- Првиот знак на глупавост кај човек е отсуството на срам.
Цит: Сигмунд Фројд

Еве доказ за тоа, црно на бело :)[DOUBLEPOST=1552949820][/DOUBLEPOST]Леле резил до резил... ова покажува колку е добар договорот од преспа. Верглање едно та исто.

Браво Северxhани, маме и ебавте на државава... инцести
 
Последно уредено:
Член од
25 декември 2018
Мислења
541
Поени од реакции
559
Мира Дизел фамилијата до трето колено ја вработи на државно?
Ова ич не го оправдувам како што правеа ДМПНЕ така овие продолжија само заборави да спомнеш за старата власт непотизам еве пример за во Прилеп http://www.sdsmprilep.org.mk/2678-2/?fbclid=IwAR36R0SV8hB0_wt3X3OA7k6DjXsegYlte9cR25V9MvydNIDGB2A8u6gI7c0 замисли колку низ цела МК се Сега да не правиме Чори ко да имаме Амнезија сите ... Барам ко ќе бараат морални оставки да бараат од двете парти то важи и за ДУИ или некои се мечки во случаеви
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.473
Поени од реакции
9.293
Што е толку полошо што се случило во однос на минатите 10-тина години, па да треба да се превзема одговорност за даден глас?
Македонија не можеше да падне од тоа што беше во моментот кога вмро ја напушти власта.
Си ме читал на темава и знаеш какви ригорозни мерки сум предлагал за сите политичари во државава, за наредните конечно да се свестат. Кога претходната власт не падна насилно, тогаш за очекување беше дека ништо драстично нема да се смени во поглед на непотизмот, делење тендери, никакви права на работникот во државава итн.
Продажбата на името и законот за јазици е нешто за кое може посебно да дебатираме. Едниот закон е небитен, поради тоа што албанците секако се држава во држава и без да бидат мнозинство ја имаат власта, па таков популистички потег за добивање гласови е тотално неважен, а за промената на името вината е кај сите подеднакво. Не боли толку промената на ФИРОМското име, колку што боли премолчувањето на блиската историја (за антиката, глупаво е да се повикуваме). Но, стојам на ставот дека такво нешто мораше да се случи, бидејќи бевме во мртва позиција без никаква опција за преговарање и сите имаме подеднаква вина, од народ до последниот политичар.
Што да се каже за останатите работи?
Нема помрднување од мртва точка на ниедно поле, ама ако сакаме во ЕУ (а, јасно е дека одиме на таков пат) и овие работи мора да се менуваат. Пример, ретко кои беа избркани од работните места како што беше пракса на претходната влада. Не гледам секојдневни монолози како оние на Латас од времето, луѓето се научија слободно да критикуваат, нешто што порано беше дискутабилно.
Полошо секако не е, но не е ниту многу подобро. Има простор за промени по бурниот период, да видиме што ќе се случува.

Што кога не ти се напушта државата? :D
Тоа дефинитивно се случува во државата, младите бегаат и не помислуваат да се вратат, макар и да работат ко аргати цел живот. Не планирам да гласам на наредниве избори, затоа што не гледам опција која би ја поддржал. И во минатото имало такви избори, но тогаш гласот сум го давал на рандом помали партии кои во моментот ми ги освоиле симпатиите. Ниту една од нив не успеала да избори место во парламент. Од друга страна, ако не излезеш да гласаш, може магично да заврши твојот глас за некоја партија. Секогаш го кажувам примерот кога гласав за мала партија пред десетина години и на крајот имаа 0 гласови во моето гласачко место :D

Хаха, сигурно ќе се правдам пред луѓе кои не ги знам за тоа на кого сум го дал гласот.
Требало да го прочиташ постот, затоа што ќе сфатеше дека во ниту еден момент не сум очекувал дека сдс ќе ги подобри работите во државата, туку дека оние кои им помогнаа да дојдат на власт, ќе ги земат работите во свои раце и ќе ја средат државава (нормално, Заев само ќе ги реализираше нивните наредби). И вчера да беа изборите, пак ќе гласав за смена на претходната власт, затоа што тоа владеење остави НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА врз духот на народот во Македонија.
Мене многу повеќе ме боли што некои кои важат за десница, го убија духот на младиот човек во државава, отколку што некои од кои и сум очекувал вакви работи, направиле неколку промени на хартија со кои ја збришале историјата на народот кој одамна е клинички мртов.
Претходната власт е таа која не доведе во оваа безизлезна ситуација, да мораме да натртиме гол газ ко сакаме да просперираме. Македонија е во толку лоша ситуација, што влез во некои европски организации не звучи воопшто лошо, во поглед на стабилноста на државата и секако, она за многу млади гласаа на референдумот (бојкотирав бтв), а тоа е издејствување на полесен начин за одење во странство. Промената на името се знаеше дека е неизбежна. Ама, место патор дача да го повлечеше тој потег кога имавме многу поповолни услови, чекаа сдс да бидат тие кои ќе останат запаметени дека ја извршиле распродажбата која ја поддржуваат и двете партии.
Се' уште има простор да се подобрат некои работи од областа на економијата, веројатно допрва фокусот ќе оди во таа насока.
Двете партии пустош направија во државава, разликата е што вмро имаше таква медиумска покриеност, а веројатно и поглупаво гласачко тело, што се' уште нивните приврзаници како слеп за стап ги бранат по форумиве.
Јас искрено не гледам дека некој ги брани сегашните власти на форумов, за разликата од плејадата кретени што муда отекувавте за време на претходното владеење.
Затоа, смешно изгледа повикот за некој да се засрамел што гласот го дал за сдс, од луѓе што мајка им ќе ја дадеа во одбрана на претходната власт за време на нивното владеење, а уште имаат лице да се јават на темава, па уште и се горди дека го направиле правиот избор.
Алооо, на изборите на кои велите дека останатите сме згрешиле, вие гласот сте го дале за партија која матер им еба на Македонците во претходната декада, има ли подолно нешто од тоа?

Во глупата дискусија се вклучив дека на темава гледам момци што како паднати од марс се однесуваат. Демек растел криминалот, албанците добивале права и што ти ја знам, заборавајќи дека истото (и далеку полошо) се случуваше со претходната власт. Да не ви копам слики од патронот со околните мафиози од Грчец и слични места во кои полиција не смее ни да стапне.
Затвор за пола водство на ФА, затворање на ЦПБ, уништување на Комити и Чкембари, Скопско Кале за Комитите, Смилковско езеро и Диво Насеље, премногу патриотски моменти од владеењето на „Македонската десница“.

Караванот врви, децата на вашиот патрон си одат на одмор на кој даваат по 10000 евра од ден.
Скромно, за така скромни луѓе кои беа на браникот на татковината.
Прво, освен промената на уставното име и двојазичноста Македонија стана територија без суверенитет. Добро не велам дека тоа е грешка на гласачите, бидејќи тоа беше надворешен процес, ама не може некој да ме убедува дека гласал за подобро кога уште од 2015 година се знаеше дека го носат Заев насилно на власт, а кога тоа се случува знаеме дека не може нешто убаво да излезе.

Тој закон ќе донесе голем економски трошок којшто ќе падне на нас, а истиот ќе ја направи нашата држава дисфункционална.

Научи ја разликата помеѓу привремена референца и уставно име, па после кажувај за фиромското име.

Не знам каде живееш ти, но само лани во декември месец беа избркани повеќе од 1000 наставници. Значи не зборувам за луѓе напикани во државна администрација, туку за луѓе од просветата, луѓе со дипломи, со приправнички и државни испити. Ај сега кажи ми една држава која во еден момент избркала 1000 наставници, било која Џибути, Еритреа, Северна Кореја, само една.

Може нема секојдневни монолози ала Латас, ама затоа има една многу поперверзна пропаганда. Еве за пример ќе ја земам Топ Тема, ќе викнат четворица гости од кои само еден со спротиставено мислење. Тие тројца заедно со водителот систематизирано ќе го напаѓаат мислењето на тој еден којшто има спротивен став од тој којшто телевизијата треба да го брани, ќе го преќинуваат да не може да се доискаже, ќе го прават будала и на крајот на емисија ќе дојдат до заклучок дека немал аргументи. Многу поскриено и попрофесионално од тоа ела чичо Латас да ти каже нешто.

Со крајно дискриминаторскиот прогресивен данок економијата ќе оди во надолна линија. Се рекетираат способните претприемачи на сметка на џебот од политичарите, настрана тоа прогресивниот данок ќе предизвика напуштање на странските инвестиции од земјава или намалување на платите, бидејќи приватниците треба да ги анулираат штетите од прогресивниот данок, а тоа сигурно нема да биде од нивниот џеб, така да или ќе треба да бркаат луѓе од работа или да намалуваат плати.

Друга работа што ме нервира е реториката "Јас не гласав за Заев, јас гласав против ВМРО". Ако гласавте против Груевски (да не ме разбереш погрешно и јас го мразев Груевски), тогаш зошто не во 2014, и тогаш ни беше прекурчено од Груевски и тогаш алтернатива беше Заев, ама тогаш разликата беше во тоа што Заев беше никој, немаше странска поддршка, немаше шанси да дојде на власт. А со самото тоа немаше државни работни места, па луѓето ко попчина си го гласаа Груевски. Кога излегоа бомбите јасно беше дека нема ништо убаво да излезе од тоа, ама тогаш куртончињата имаа странска поддршка, сигурни беа, па затоа фрлаа бои, сите неистомисленици ги нарекуваа сендвичи, небањати и слично. Го гласаа Заев и си се ставија на државна цицка (не велам дека ти си на државна цицка). Каква штета направија заевци на државата со промената на уставното име, со двојазичноста, со искривената приказна за смилковско (каде се бе бомбите со вистината или испарија?), со Куманово (2019 година сме зарем се уште има луѓе коишто мислат дека Груевски ги нарачал за дефокус од бомбите :pos:) и многу други работи Никола Груевски го направија да изгледа ко Френклин Делано Рузвелт во споредба со Заев.

За крај, на изборите во 2014 гласав за Заев (против Груевски), а на изборите во 2016 го чкртнав ливчето затоа што знаев зошто го носат на власт, а луѓето коишто го гласале Заев во 2016 година, а не добиле државно работно место се најнаивните луѓе во државава, и немаат право да се исмеваат со никој.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.879
Поени од реакции
15.838
Ова ич не го оправдувам како што правеа ДМПНЕ така овие продолжија само заборави да спомнеш за старата власт непотизам еве пример за во Прилеп http://www.sdsmprilep.org.mk/2678-2/?fbclid=IwAR36R0SV8hB0_wt3X3OA7k6DjXsegYlte9cR25V9MvydNIDGB2A8u6gI7c0 замисли колку низ цела МК се Сега да не правиме Чори ко да имаме Амнезија сите ... Барам ко ќе бараат морални оставки да бараат од двете парти то важи и за ДУИ или некои се мечки во случаеви
ама дебилни примери
– Дајана Тренеска, шурна на Марјан Ристески, вработена во училиштето „Манчу
Матак“ во Кривогаштани
.

СДСМ се праат на удрени, не се споредува вработување во основно училиште со вработување на паразитски работни места со високи плати...
освен ттоа официално имаме дефицитарни струки како доктори, но и наставници во училиште, глупаво е тоа да се вбројува во непотизам...[DOUBLEPOST=1552953359][/DOUBLEPOST]Никола Буџак: Што се смени со „Северна Македонија”, еве во Германија ми вратија документи со образложение дека таква земја не постои

со преименувањето Зајко ќе го спречи одливот на докторите и другите стручни кадри....

меѓутоа ова е налку будалесто, ајде сега некој што дипломирал во ДДР и БРД да не му се признаваше дипломата по фузијата на државите???
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Ова ич не го оправдувам како што правеа ДМПНЕ така овие продолжија само заборави да спомнеш за старата власт непотизам еве пример за во Прилеп http://www.sdsmprilep.org.mk/2678-2/?fbclid=IwAR36R0SV8hB0_wt3X3OA7k6DjXsegYlte9cR25V9MvydNIDGB2A8u6gI7c0 замисли колку низ цела МК се Сега да не правиме Чори ко да имаме Амнезија сите ... Барам ко ќе бараат морални оставки да бараат од двете парти то важи и за ДУИ или некои се мечки во случаеви
Немам заборавено, само не гледам потреба од константно балансирање во критиките, ако критикувам за есдеес да морам и вмро да го споменам или обратно. Мислам дека до сега на сите треба да ни стане јасно дека штом се збори за едните по дифолт истото се пресликува и на другите. А морал во политика ти е исто како масло и вода, едноставно неспоиво. По овој основ ако се даваа оставки, тогаш до сега ќе требаше да останеме без 99,9% од јавната администрација.
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967
со Куманово (2019 година сме зарем се уште има луѓе коишто мислат дека Груевски ги нарачал за дефокус од бомбите :pos:)
Тој со кој дискутираш пред година дена глава сечеше дека Грујо го нарачал Диво Насеље за дефокус на бомбите. Истиот се кладеше дека 80% од младите би излегле на референдумот што се покажа, неточно на 30 септември. Исто така тврдеше дека проектот на СДС за граѓанско општество „едно за сите“ бил идеален во ситуацијата и дека работите значително би се подобриле, ако се тера таа приказна.

Едно запомни со тралалајки не се објаснува и дебатира... бидејќи него целта му е да минимизира, дефокусира и манипулира. Рецептот за нив е ала Васко Хефталица стил, им вадиш нивни гледања за иднината од минатото и анализираш колку испаднале во право и колку манипулираат сега кога повторно сакаат да замајуваат на форумот.

Еве провери и сам:

Јас глава сечам дека Куманово е една тешка режија која настана поради бомбите кои се пуштаа во јавност, а ништо чудно и Смилковско езеро да беше инспирирано од врвот.

...

Јас се кладам дека да има референдум, резултатите за промена на името ќе бидат поразителни. Се кладам дека 80% од младите би трампале промена на име за подобар живот.
Да е Македонија економски силна, па да не ги ебава соседите би разбрал, ама во ситуација ако ти стават екномско вето ќе цркнеш од глас, не име на држава, имињата на секој човек во државава ќе ги промениш.
Македонија не дошла преку ноќ во оваа состојба, туку минале години и години на индустриска и економска пропаст, поради алчноста на политичарите, а и на овдешниот народ.

...

Да напоменам дека стојам на став дека Македонците и Албанците не можат да функционираат заедно, затоа што сме премногу различни во моментов. Различен етникум, различна религија, различни интереси, едноставно не би функционирале во заедница. Проектот на СДСМ беше натпартиски и натетнички, проектот во кој граѓаните во државава би биле токму ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА. Ако се тера една таква приказна, работите би биле многу подобри.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
ама дебилни примери
– Дајана Тренеска, шурна на Марјан Ристески, вработена во училиштето „Манчу
Матак“ во Кривогаштани
.

СДСМ се праат на удрени, не се споредува вработување во основно училиште со вработување на паразитски работни места со високи плати...
освен ттоа официално имаме дефицитарни струки како доктори, но и наставници во училиште, глупаво е тоа да се вбројува во непотизам...

Ова е веќе релативизирање на одговорност. Непотизам си е непотизам и дефиницијата за истиот ги опфаќа сите подеднакво, без разлика дали се работи за чистач или директор. И да е дефицитарна струка вработувањето ќе си оди транспарентно и ќе се применува мерит системот, од кој што патем ни трага ни глас.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.815
Поени од реакции
17.616
Ne mi se veruva deka lugje za koj sekoj poteg na patorot bese maestralen prodavaat nekoja intelegencija i moralna superiornost na temata. Vsusnost ne ni gleam nekoj da ja brani vlasta tuka, ama pa zarem nekoj so zaokruzuvase protestanti na sliki ima doblest da kritikuva? Site iame krivica za toa kaj sme, ne zatoa sme glasale za vmro ili sdsm tuku zaso toa e reprezentativen primerok na populacijata koja zivee tuka.
 
Не знам дали алудираш на мене, ако да, тогаш најди ми барем еден пост во кој сум го бранел паторот, директно или индиректно, па уште секој негов потег ми бил маестрален :eek:. Затоа дека некој продавал морална супериорност тоа сигурно беа шарените. Јас знам дека имаше многу ликови кои го бранеа паторот и се бореа тој да остане на власт, ама проблемот беше тоа што тие го напаѓаа секој кој имаше различно мислење од нивното. Шарените беа самобендисани и нарцисоидни, многу од нив ја искористија кризата за да се закачат на државна цицка, а многу од нив извисија и сега се чувствуваат глупаво. Уште кога се појавија бомбите се знаеше дека Заев го носат на власт за да спорведат агенда странците. Тоа беше мојот став тогаш, и не гледам причина после се што видовме да отстапам од мојот став, напротив испадна дека сум во право.

Еве сега истиот циркус се префрла и во Србија. Да, Вучиќ е катастрофа (исто како и Груевски), но не е тешко да се претпостави кој стои зад циркузот и зошто сакаат да го тргнат од власт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom