Што е толку полошо што се случило во однос на минатите 10-тина години, па да треба да се превзема одговорност за даден глас?
Македонија не можеше да падне од тоа што беше во моментот кога вмро ја напушти власта.
Си ме читал на темава и знаеш какви ригорозни мерки сум предлагал за сите политичари во државава, за наредните конечно да се свестат. Кога претходната власт не падна насилно, тогаш за очекување беше дека ништо драстично нема да се смени во поглед на непотизмот, делење тендери, никакви права на работникот во државава итн.
Продажбата на името и законот за јазици е нешто за кое може посебно да дебатираме. Едниот закон е небитен, поради тоа што албанците секако се држава во држава и без да бидат мнозинство ја имаат власта, па таков популистички потег за добивање гласови е тотално неважен, а за промената на името вината е кај сите подеднакво.
Не боли толку промената на ФИРОМското име, колку што боли премолчувањето на блиската историја (за антиката, глупаво е да се повикуваме). Но, стојам на ставот дека такво нешто мораше да се случи, бидејќи бевме во мртва позиција без никаква опција за преговарање и сите имаме подеднаква вина, од народ до последниот политичар.
Што да се каже за останатите работи?
Нема помрднување од мртва точка на ниедно поле, ама ако сакаме во ЕУ (а, јасно е дека одиме на таков пат) и овие работи мора да се менуваат.
Пример, ретко кои беа избркани од работните места како што беше пракса на претходната влада.
Не гледам секојдневни монолози како оние на Латас од времето, луѓето се научија слободно да критикуваат, нешто што порано беше дискутабилно.
Полошо секако не е, но не е ниту многу подобро.
Има простор за промени по бурниот период, да видиме што ќе се случува.
Што кога не ти се напушта државата?
Тоа дефинитивно се случува во државата, младите бегаат и не помислуваат да се вратат, макар и да работат ко аргати цел живот. Не планирам да гласам на наредниве избори, затоа што не гледам опција која би ја поддржал. И во минатото имало такви избори, но тогаш гласот сум го давал на рандом помали партии кои во моментот ми ги освоиле симпатиите. Ниту една од нив не успеала да избори место во парламент. Од друга страна, ако не излезеш да гласаш, може магично да заврши твојот глас за некоја партија. Секогаш го кажувам примерот кога гласав за мала партија пред десетина години и на крајот имаа 0 гласови во моето гласачко место
Хаха, сигурно ќе се правдам пред луѓе кои не ги знам за тоа на кого сум го дал гласот.
Требало да го прочиташ постот, затоа што ќе сфатеше дека во ниту еден момент не сум очекувал дека сдс ќе ги подобри работите во државата, туку дека оние кои им помогнаа да дојдат на власт, ќе ги земат работите во свои раце и ќе ја средат државава (нормално, Заев само ќе ги реализираше нивните наредби). И вчера да беа изборите, пак ќе гласав за смена на претходната власт, затоа што тоа владеење остави НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА врз духот на народот во Македонија.
Мене многу повеќе ме боли што некои кои важат за десница, го убија духот на младиот човек во државава, отколку што некои од кои и сум очекувал вакви работи, направиле неколку промени на хартија со кои ја збришале историјата на народот кој одамна е клинички мртов.
Претходната власт е таа која не доведе во оваа безизлезна ситуација, да мораме да натртиме гол газ ко сакаме да просперираме. Македонија е во толку лоша ситуација, што влез во некои европски организации не звучи воопшто лошо, во поглед на стабилноста на државата и секако, она за многу млади гласаа на референдумот (бојкотирав бтв), а тоа е издејствување на полесен начин за одење во странство. Промената на името се знаеше дека е неизбежна. Ама, место патор дача да го повлечеше тој потег кога имавме многу поповолни услови, чекаа сдс да бидат тие кои ќе останат запаметени дека ја извршиле распродажбата која ја поддржуваат и двете партии.
Се' уште има простор да се подобрат некои работи од областа на економијата, веројатно допрва фокусот ќе оди во таа насока.
Двете партии пустош направија во државава, разликата е што вмро имаше таква медиумска покриеност, а веројатно и поглупаво гласачко тело, што се' уште нивните приврзаници како слеп за стап ги бранат по форумиве.
Јас искрено не гледам дека некој ги брани сегашните власти на форумов, за разликата од плејадата кретени што муда отекувавте за време на претходното владеење.
Затоа, смешно изгледа повикот за некој да се засрамел што гласот го дал за сдс, од луѓе што мајка им ќе ја дадеа во одбрана на претходната власт за време на нивното владеење, а уште имаат лице да се јават на темава, па уште и се горди дека го направиле правиот избор.
Алооо, на изборите на кои велите дека останатите сме згрешиле, вие гласот сте го дале за партија која матер им еба на Македонците во претходната декада, има ли подолно нешто од тоа?
Во глупата дискусија се вклучив дека на темава гледам момци што како паднати од марс се однесуваат. Демек растел криминалот, албанците добивале права и што ти ја знам, заборавајќи дека истото (и далеку полошо) се случуваше со претходната власт. Да не ви копам слики од патронот со околните мафиози од Грчец и слични места во кои полиција не смее ни да стапне.
Затвор за пола водство на ФА, затворање на ЦПБ, уништување на Комити и Чкембари, Скопско Кале за Комитите, Смилковско езеро и Диво Насеље, премногу патриотски моменти од владеењето на „Македонската десница“.
Караванот врви, децата на вашиот патрон си одат на одмор на кој даваат по 10000 евра од ден.
Скромно, за така скромни луѓе кои беа на браникот на татковината.