Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Едно опшесво за сите, директно од Зајази.
Мислиш од ганди на балканот
(Иако ганди ги мразел црнците, бил расист, а зајази ги мрази македонците, иако ганди сакал да спие помеѓу млади девојки, овој ќе ни донеси млади мигрантки)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.100
Поени од реакции
21.746
За да ги критикуваш оние кои гласале за Заев (факт е дека луѓето гласаа против вмро, а не за сдсм), прво треба да видиш каква политичка опција поддржуваш.
Општо, во темава има неколку папагали кои цело време истово го повторуваат. Вие сте повеќе за грев бе дечко, демек прекрасна беше претходната власт и не заслужи смена? Зарем пак требаше да гласаат(ме) за најголемите лопови некогаш? Народот имаше некаква надеж дека нешто ќе се смени со нова власт, но како и порано, не добивме ништо подобро. После ова и оние кои малку имаа надеж дека ќе се оправиме кренаа раце од државата и верувам дека на наредни избори ќе има најмала излезеност, а самиот одговор на младите дека само 8% би останале во државава, ни кажува каков пустош ќе остане овде во иднина. Веќе никаков национализам не пали кај младите, ниту кај нас, ниту кај албанците.
Не знам каде живееш, ама да го пратиш скопското подземје, добро ќе знаеше какви односи имаат со човекот кој беше бог и батина во претходната власт. Факт е дека и сдс и вмро се врзани со албанските мафиози и си имаат делби на бизниси. Вика Заев се сликал со сите нив, ти дечко да знаеш какви бизниси вртеа претходниците со нив, ќе ти биде срам да се логираш на форумов. Тие направени пари не се од поштено работење.
Ќе ти дадам типичен пример, вмро заедно со дуи си го поделија земјиштето во еден куп населби. Ние имавме парцела во населба која сега е етнички албанска. Твоите миленици со другарчињата од дуи, сите парцели ги префрлиле на име на некој шкон од некое село, што којзнае дали постои. Наводно нашите дедовци му го продале имотот во 70-тите, а да биде иронијата поголема, за дел од имотот Југославија ни дала станови, бидејќи со урбанистичкиот план испланирале згради во тој дел. Во катастар никој не сака ни да ти погледне документација, за на крај да ни потврдат дека али и сашко си поделиле парцели и целата документација исчезнала при селењето.
Ова е банална работа во споредба со сите работи кои ги направи партијата која беше најалбанска од сите македонски партии, патриотите од вмро.
Сдс им даде јазил, јака муда, овие го убија духот на сите македонски млади движења, почнувајќи од навивачките групи.

Смилковско езеро и Диво Насеље се дела на твојот миленик од претходната гарнитура, заедно со другарчето али. Судството нема да им суди, затоа што дуи владеат со нашиве мисири, ама господ ќе им врати на најмилите, се да им ебам.

Имаш секакво право да коментираш непромислени потези на оваа власт, очајно владеат досега, крадат колку и претходниците, единствено што народот се охрабри и има муда да критикува и притоа да помине неказнето. Во минатата власт, ќе не спакуваа како куфер (освен во последните години кога се знаеше дека паѓаат). Ама, да се исмеваш зошто луѓето гласале за Заев и да викаш дека порано било поарно, треба да се преиспиташ.
Napisa kilometarski post vo obid kao nesto da relavitiziras, ste imale najdobri nameri, nadez i neznam sto. Decko namesto da pisese post od tri strani mozese vo tri recenici da go srocis ama boli vistinata i realnosta a toa e deka ne si nesto posebno bistar, te prenesija zeden preku voda( aj da ne koristam ponavredlivi zborovi) i ispadna klasicen korisen idiot. I namesto da mu poglednes na vistinata vo oci a toa e ti se dopagjalo toa tebe ili ne deka si glup ko kur, ti zede kilometraski postovi da pisis kade ocajno probuvas da ja prefrlis vinata na site ili taka nesto, deka ti vo najmala raka nemas nikakva vina, drugite bile nebanjati a ti onaka bistar i pameten si imal samo najdobri nameri i deka ti ne si nisto kriv sto ete ne ispadnalo onaka kako ti si zamisluval.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Како тргнало работава, до 2021 изгледа е рокот на поделба на Македонија. :place:
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Добро е со тоа дека Никола Груевски победил на избори, досега едно милион пати го имаш тоа напишано, на секој втор пост ова го напоменуваш.
Демократија е ова ако може да се каже дека така сме барем на хартија, преговарање, капацитет за склучување коалиции, разликата во пратеници се направи во шестка изборна поради плус 100 гласа на дпмне. Така да, не е ова мнозински избор на пратеници со две партии каде што имаме разменување на власт-опозиција(влада во сенка) без коалиции, без помали партии, без секојдневно расправии со коалиционите партнери и постојано одржување на стаклени нозе на власт и предвремени избори секоја година.
Плус самата делба на принцип победник со победник за сите нас е катастрофа зошто имаме два блока, зошто мора во унитарна држава и баш за избори да ги делиме гласовите на македонски/албански? Со тоа фактички ние признаваме дека има два народи кај нас со принципот победник со победник. Како се определува трета партија по број на гласови да е победник, се знае, еден треба да е само победникот, оној кој ќе успее да формира влада и тоа е тоа.
Па пишуваш дека сите гласале за СДСМ, а тие изгубија на избори. Ти пишуваш за работи кои јас не ги спомнав. Едноставно, не гласале сите за СДСМ, туку помалку од ВМРО ДПМНЕ.[DOUBLEPOST=1552857416][/DOUBLEPOST]
Заборави да напишеш, прва држава во цел свет која губитникот форнира влада и е премиер.

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
Не е прва, никогаш тоа не сум го напишал. И СДСМ на Бранко во 1992 г. формираше влада, со 30 и нешто пратеници, помалку од Љубчо.[DOUBLEPOST=1552857679][/DOUBLEPOST]
Плус самата делба на принцип победник со победник за сите нас е катастрофа...
Може си мал па не знаеш, тоа го бараше ДУИ од Груевски, дури и автопатот го блокираа. И странскиот фактор, и СДСМ тогаш „апелираа“ да се прави таква влада.И Груевски го стори тоа во 2008.
Во секој случај, не ми беше мене тоа муабетот, сам го наметна.
 
Последно уредено:
A

Aexil Kong

Гостин
Па пишуваш дека сите гласале за СДСМ, а тие изгубија на избори. Ти пишуваш за работи кои јас не ги спомнав. Едноставно, не гласале сите за СДСМ, туку помалку од ВМРО ДПМНЕ.[DOUBLEPOST=1552857416][/DOUBLEPOST]
Не е прва, никогаш тоа не сум го напишал. И СДСМ на Бранко во 1992 г. формираше влада, со 30 и нешто пратеници, помалку од Љубчо.[DOUBLEPOST=1552857679][/DOUBLEPOST]
Може си мал па не знаеш, тоа го бараше ДУИ од Груевски, дури и автопатот го блокираа. И странскиот фактор, и СДСМ тогаш „апелираа“ да се прави таква влада.И Груевски го стори тоа во 2008.
Во секој случај, не ми беше мене тоа муабетот, сам го наметна.
Реално за очекување е ДУИ да побара од Груевски да бидат дел од власта и да лапат тендери и да заземат позиција во која после ќе бидат фаворити на следни избори пред другите албански партии, иако знам дека им одговара на партиите од албанскиот блок да има принцип победник со победник поради фактот што таму сите партии се казнувани на избори и сите ќе лапат од колачот од власта кога тогаш. Груевски со притисок од странскиот фактор и од ДУИ, со најслаба опозиција од 20 пратеници, е уценет и ставен под диктат од странство уште тогаш кога беше најпопуларен меѓу народот и кога му беа „одврзани рацете“ со државата да прави што сака. Што имам повеќе тука да додадам?

Плус, за првото цитирање, ти напоменав дека во пропорционален изборен систем со донтов модел на пресметување мандати каков што е нашиот не се гледа вкупниот број на освоени гласови на цела територија, туку на крајот од денот битни се мандатите и секоја изборна единица поединечно и на крај се сумираат бројот на пратеници. Самиот број на пратеници зависи од секоја поединечна изборна единица. Така да, може да имаме случај на територија на цела држава разликата измеѓу вмро и сдсм да е 18.000 гласови а бројот на пратеници да е исти 50-50, со што во некоја изборна единица можеш да добиеш пратеник повеќе за 50тина гласа (изборна единица 2 и изборна единица 6), а во друга изборна единица ќе издвоеш нерешено од 10-10 со пораз во гласови од 5.000 сепак нерешено во пратеници (изборна единица 4 на пример). Таа разлика од 5.000 гласови пропаѓа со самиот факт што не добиваш победа во изборната единица туку е нерешено. Кој е според тебе тогаш победник ако имаме нерешен резултат во пратеници од 50-50? Тогаш како ќе гледаш кој повеќе гласови освоил на цела територија кога на крајот од денот се сумираат бројот на пратеници и преточениот број мора да коалицира до 61 за да формира влада, во тој случај, кој е капацитет да договори до 61, тогаш мнозинството оди кон таа партија и добива влада.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.050
Поени од реакции
14.937
Денес во Кичево беше Пендароски...пиеше кафе на плоштадот со негови подржувачи, и од тоа што се виде без скривање е-
-после пиењето на кафе заедно со групата замина во северниот дел од градот, каде се турските и албанските кафани и ресторани.....надолу према македонските воошто не ни помина,
-од партиските подржувачи, очигледно беше дека на ,,пиењето на кафе,, отсуствуваше целото т.н. ,,интелектуално крило,, на СДСМ за Кичево: пред све мислам на големиот број на инжењери од РЕК Осломеј

како водич на групата му беше Ванчо Србакоски.....кој го знае знае што мислам
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Затоа ќе земе 250 000 македонски гласови макс.
 
K

kicodarker

Гостин
Не знам дали знаеш, но на последните собраниски избори победи Никола Груевски. Од пишувањево некој ќе заклучи дека власта се смени затоа што СДСМ победил. Не, други фактори беа во игра.
Добро, дали и се прекрстуваш кога ќе го спомнеш името Николово?
 
Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.967

Исто сценарио, исти сценаристи, слични улоги... тука демек бранител десничар Стојанче ќерамидата, во Србија некој фашистички партал Обрадовиќ.

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.967
Поени од реакции
84.426
Денес во Кичево беше Пендароски...пиеше кафе на плоштадот со негови подржувачи, и од тоа што се виде без скривање е-
-после пиењето на кафе заедно со групата замина во северниот дел од градот, каде се турските и албанските кафани и ресторани.....надолу према македонските воошто не ни помина,
-од партиските подржувачи, очигледно беше дека на ,,пиењето на кафе,, отсуствуваше целото т.н. ,,интелектуално крило,, на СДСМ за Кичево: пред све мислам на големиот број на инжењери од РЕК Осломеј

како водич на групата му беше Ванчо Србакоски.....кој го знае знае што мислам
Ај кажи ми еден пример зошто некој Македонец, па посебно од Западна Македонија би ги гласал СДС? И самите знаат дека кога ќе паднат од власт, дали било тоа утре или за 10 години, доаѓање на власт веќе ќе биде Амин за нив.
На последните парламентарни избори со албанските гласови + неутралните гласачи + целиот амбасадорски врв позади нив едвај стигнаа до 49 пратеници, замисли сега како им е кога странциве полека кренаа раце од нив, неутралните ги изгубија, а дел од албанското население ќе гласа за АА или БЕСА (Река во овој случај)

Консензуалниот претседател е една шминка за тоа како ѓоамити се сеуште јаки на терен, а и самите знаат дека ако излезеа со свој кандидат гарантирано ќе беа збришани уште во прв круг.[DOUBLEPOST=1552886239][/DOUBLEPOST]Илиевски: Заев е Ганди на Балканот, а Вучиќ нека оди на кафе кај Груевски во Будимпешта

Ганди од Муртино

:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Реално за очекување е ДУИ да побара од Груевски да бидат дел од власта и да лапат тендери и да заземат позиција во која после ќе бидат фаворити на следни избори пред другите албански партии, иако знам дека им одговара на партиите од албанскиот блок да има принцип победник со победник поради фактот што таму сите партии се казнувани на избори и сите ќе лапат од колачот од власта кога тогаш. Груевски со притисок од странскиот фактор и од ДУИ, со најслаба опозиција од 20 пратеници, е уценет и ставен под диктат од странство уште тогаш кога беше најпопуларен меѓу народот и кога му беа „одврзани рацете“ со државата да прави што сака. Што имам повеќе тука да додадам?

Плус, за првото цитирање, ти напоменав дека во пропорционален изборен систем со донтов модел на пресметување мандати каков што е нашиот не се гледа вкупниот број на освоени гласови на цела територија, туку на крајот од денот битни се мандатите и секоја изборна единица поединечно и на крај се сумираат бројот на пратеници. Самиот број на пратеници зависи од секоја поединечна изборна единица. Така да, може да имаме случај на територија на цела држава разликата измеѓу вмро и сдсм да е 18.000 гласови а бројот на пратеници да е исти 50-50, со што во некоја изборна единица можеш да добиеш пратеник повеќе за 50тина гласа (изборна единица 2 и изборна единица 6), а во друга изборна единица ќе издвоеш нерешено од 10-10 со пораз во гласови од 5.000 сепак нерешено во пратеници (изборна единица 4 на пример). Таа разлика од 5.000 гласови пропаѓа со самиот факт што не добиваш победа во изборната единица туку е нерешено. Кој е според тебе тогаш победник ако имаме нерешен резултат во пратеници од 50-50? Тогаш како ќе гледаш кој повеќе гласови освоил на цела територија кога на крајот од денот се сумираат бројот на пратеници и преточениот број мора да коалицира до 61 за да формира влада, во тој случај, кој е капацитет да договори до 61, тогаш мнозинството оди кон таа партија и добива влада.
Браво.. петка.
Не знам зошто си го пишувал ова. Влада се формира со над 50% гласови. Го знаеме тоа.
Јас само исправив една неточна нформација која многу често се кажува, не само овде, туку и на ФБ, и на ТВ, итн, итн...
Тоа е дека не гласаа сите за СДСМ, не доби СДСМ најмногу доверба на изборите, дека не се промени власта со волјата на народот, ниту дека со пенкало се промени истата...
Голите факти покажуваат дека и во број на освоени пратенички места, и во вкупен број на гласови... повеќе доверба доби ВМРО ДПМНЕ. Ништо друго не реков.
А кој и како ја промени главната владеачка партија знае секој кој има повеќе од IQ 33.[DOUBLEPOST=1552907842][/DOUBLEPOST]
Добро, дали и се прекрстуваш кога ќе го спомнеш името Николово?
Не. Јас ги прикажувам егзактните факти. Ако не се точни, поправи ме. Не трескај глупости.[DOUBLEPOST=1552908174][/DOUBLEPOST]
како водич на групата му беше Ванчо Србакоски.....кој го знае знае што мислам
Јас го знам..
Врвен интелектуалец. Не верувам дека знае колку е 5-8 (математички).
Не верувам дека знае кој е главен глад на Словачка.
Верувам дека знае се за Цеца, Јелена... итн
Дрматор во Кичево и кичевско кога е СДСМ на власт.[DOUBLEPOST=1552911502][/DOUBLEPOST]
Тврдењето на Заев дека со Србија управува националистичка власт го предизвика гневот на српскиот државен врв

А оваа изјава од небо падна? Или некој ја изјавил? Па сега да се правиме дека не постои?
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Муабетот беше што премногу ги величаш ВМРО-ДПМНЕ и сите нивни одлуки.
Малку ги коментирам нив, произволно ти е кажаново. А немам проблем да кажам свое мислење за било која партија. Ако нешто сум величел, секој може да даде свои аргументи зошто за нешто мисли дека не сум во право. Јас не бегам од дискусија, само да не е со навредување.
Јас само ги кажав фактите кои сериозно ја побиваат констатацијата, во случајов дека „сите гласале за СДСМ“, дека „народот им ја дал довербата“... итн. Постои партија на која повеќе и дале доверба и гласови, официјално. Ако го негираш тоа, џабе муабетот, негираш официјални податоци.
 
Член од
25 декември 2018
Мислења
541
Поени од реакции
559
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.589
Поени од реакции
69.868
Ако вие ги решавате изборите, ваша е и одговорноста за последиците. Не може ти да решаваш, а некој друг да е одговорен за тоа што си го одлучил. Значи Македонија денес е таму каде што е заради вас.

Тоа што сте се надевале дека некој странец ќе ги стави вашите интереси пред интересите на неговата држава не е проблем на тие што не го очекувале тоа.
Што е толку полошо што се случило во однос на минатите 10-тина години, па да треба да се превзема одговорност за даден глас?
Македонија не можеше да падне од тоа што беше во моментот кога вмро ја напушти власта.
Си ме читал на темава и знаеш какви ригорозни мерки сум предлагал за сите политичари во државава, за наредните конечно да се свестат. Кога претходната власт не падна насилно, тогаш за очекување беше дека ништо драстично нема да се смени во поглед на непотизмот, делење тендери, никакви права на работникот во државава итн.
Продажбата на името и законот за јазици е нешто за кое може посебно да дебатираме. Едниот закон е небитен, поради тоа што албанците секако се држава во држава и без да бидат мнозинство ја имаат власта, па таков популистички потег за добивање гласови е тотално неважен, а за промената на името вината е кај сите подеднакво. Не боли толку промената на ФИРОМското име, колку што боли премолчувањето на блиската историја (за антиката, глупаво е да се повикуваме). Но, стојам на ставот дека такво нешто мораше да се случи, бидејќи бевме во мртва позиција без никаква опција за преговарање и сите имаме подеднаква вина, од народ до последниот политичар.
Што да се каже за останатите работи?
Нема помрднување од мртва точка на ниедно поле, ама ако сакаме во ЕУ (а, јасно е дека одиме на таков пат) и овие работи мора да се менуваат. Пример, ретко кои беа избркани од работните места како што беше пракса на претходната влада. Не гледам секојдневни монолози како оние на Латас од времето, луѓето се научија слободно да критикуваат, нешто што порано беше дискутабилно.
Полошо секако не е, но не е ниту многу подобро. Има простор за промени по бурниот период, да видиме што ќе се случува.

Па и во таква околност, имам ( и ти имаш....) избор:
- не излегувам на гласање и/или,
- се пакувам и не се враќам во оваа вукојебина.
Што кога не ти се напушта државата? :D
Тоа дефинитивно се случува во државата, младите бегаат и не помислуваат да се вратат, макар и да работат ко аргати цел живот. Не планирам да гласам на наредниве избори, затоа што не гледам опција која би ја поддржал. И во минатото имало такви избори, но тогаш гласот сум го давал на рандом помали партии кои во моментот ми ги освоиле симпатиите. Ниту една од нив не успеала да избори место во парламент. Од друга страна, ако не излезеш да гласаш, може магично да заврши твојот глас за некоја партија. Секогаш го кажувам примерот кога гласав за мала партија пред десетина години и на крајот имаа 0 гласови во моето гласачко место :D

Napisa kilometarski post vo obid kao nesto da relavitiziras, ste imale najdobri nameri, nadez i neznam sto. Decko namesto da pisese post od tri strani mozese vo tri recenici da go srocis ama boli vistinata i realnosta a toa e deka ne si nesto posebno bistar, te prenesija zeden preku voda( aj da ne koristam ponavredlivi zborovi) i ispadna klasicen korisen idiot. I namesto da mu poglednes na vistinata vo oci a toa e ti se dopagjalo toa tebe ili ne deka si glup ko kur, ti zede kilometraski postovi da pisis kade ocajno probuvas da ja prefrlis vinata na site ili taka nesto, deka ti vo najmala raka nemas nikakva vina, drugite bile nebanjati a ti onaka bistar i pameten si imal samo najdobri nameri i deka ti ne si nisto kriv sto ete ne ispadnalo onaka kako ti si zamisluval.
Хаха, сигурно ќе се правдам пред луѓе кои не ги знам за тоа на кого сум го дал гласот.
Требало да го прочиташ постот, затоа што ќе сфатеше дека во ниту еден момент не сум очекувал дека сдс ќе ги подобри работите во државата, туку дека оние кои им помогнаа да дојдат на власт, ќе ги земат работите во свои раце и ќе ја средат државава (нормално, Заев само ќе ги реализираше нивните наредби). И вчера да беа изборите, пак ќе гласав за смена на претходната власт, затоа што тоа владеење остави НЕПОПРАВЛИВА ШТЕТА врз духот на народот во Македонија.
Мене многу повеќе ме боли што некои кои важат за десница, го убија духот на младиот човек во државава, отколку што некои од кои и сум очекувал вакви работи, направиле неколку промени на хартија со кои ја збришале историјата на народот кој одамна е клинички мртов.
Претходната власт е таа која не доведе во оваа безизлезна ситуација, да мораме да натртиме гол газ ко сакаме да просперираме. Македонија е во толку лоша ситуација, што влез во некои европски организации не звучи воопшто лошо, во поглед на стабилноста на државата и секако, она за многу млади гласаа на референдумот (бојкотирав бтв), а тоа е издејствување на полесен начин за одење во странство. Промената на името се знаеше дека е неизбежна. Ама, место патор дача да го повлечеше тој потег кога имавме многу поповолни услови, чекаа сдс да бидат тие кои ќе останат запаметени дека ја извршиле распродажбата која ја поддржуваат и двете партии.
Се' уште има простор да се подобрат некои работи од областа на економијата, веројатно допрва фокусот ќе оди во таа насока.
Двете партии пустош направија во државава, разликата е што вмро имаше таква медиумска покриеност, а веројатно и поглупаво гласачко тело, што се' уште нивните приврзаници како слеп за стап ги бранат по форумиве.
Јас искрено не гледам дека некој ги брани сегашните власти на форумов, за разликата од плејадата кретени што муда отекувавте за време на претходното владеење.
Затоа, смешно изгледа повикот за некој да се засрамел што гласот го дал за сдс, од луѓе што мајка им ќе ја дадеа во одбрана на претходната власт за време на нивното владеење, а уште имаат лице да се јават на темава, па уште и се горди дека го направиле правиот избор.
Алооо, на изборите на кои велите дека останатите сме згрешиле, вие гласот сте го дале за партија која матер им еба на Македонците во претходната декада, има ли подолно нешто од тоа?

Во глупата дискусија се вклучив дека на темава гледам момци што како паднати од марс се однесуваат. Демек растел криминалот, албанците добивале права и што ти ја знам, заборавајќи дека истото (и далеку полошо) се случуваше со претходната власт. Да не ви копам слики од патронот со околните мафиози од Грчец и слични места во кои полиција не смее ни да стапне.
Затвор за пола водство на ФА, затворање на ЦПБ, уништување на Комити и Чкембари, Скопско Кале за Комитите, Смилковско езеро и Диво Насеље, премногу патриотски моменти од владеењето на „Македонската десница“.

Караванот врви, децата на вашиот патрон си одат на одмор на кој даваат по 10000 евра од ден.
Скромно, за така скромни луѓе кои беа на браникот на татковината.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom