- Член од
- 8 мај 2013
- Мислења
- 11.876
- Поени од реакции
- 36.921
Нешто да ти кажам - Ханиф Курејши
Или - Или
Станува збор за животот на Џамал Карим, средовечен психоаналитичар кој живее во Лондон, разведен со еден син. Книгата има од се по нешто опфаќајќи период од 70тите години во Лондон, политика, ислам, расизам, хедонизам и слично. Ликовите исто ми се видоа доста интересни, почнувајќи од сестра му која е тетовирана и испирсана пакистанка со неколку деца од непознати јунаци и без влакна на јазикот како целосен антипод на резервираниот и тивок Џамал, неговиот пријател познат драматург кој е нов дечко на сестра му и обожаваат да одат на садо мазо забави, и неговата прва љубов Аџита со кого ќе се сретне повторно. Зад сите случувања имам впечаток дека пополека се одвива и помирување со неговата екс сопруга и поправање на неговиот брак. Книгата ми се виде интересна од аспект на ликови и дешавки, само некако е плитка во однос на приказна.
3,5/5
Ѓубре - Ирвин Велш
Или - Или
Книгата се врти околу детективот на Единбуршката полиција Брус Робертсон, кој е гад од човек. Ликот на Брус е олицетворение на сите негативни особини кои постојат, полн со омраза, расизам, сексизам, коруптивен, крадец, корисник на дрога, со други зборови анти херој. Капак на се од гадната храна што ја јаде цело време, човекот има закачено тенија која се провлекува низ книгата на интересен начин. Книгата го следи животот на инспекторот Брус Робертсон со наратив во прво лице и неговите дешавки со колегите, жени, неговата бивша сопруга и слично. Кон крајот на книгата на човекот ќе имплодира.
Книгата е забавна и напишана со различен речник од тој што сум навикнал да читам па ми требаше време да се прилагодам да читам пцовка во секој втор збор. Другите ликови исто така се со изразити персонални карактеристики и со различно разбирање во однос на однесувањето на Брус Робертсон. Иако е добра книга морам да признаам дека не ми е баш по мој вкус.
3,5/5
Ти не си странец тука - Адам Хаслет
Темплум
Книгата се состои од 9 кратки раскази (верзијата на Темплум има 6, од за мене нејасни причини не се преведени сите). Феноменален раскажувач е Хаслет, уште при првиот расказ “белешки до мојот биограф” ме дамлоса и не ми се веруваше дека може толку многу да ме погоди и да има толкава длабочина а сепак во толку малку страни доловена расказ од дваесетина страници.
Расказите сите се базирани на истиот принцип со главен лик кој се соочува со ментален или психолошки проблем и нивните односи со блиските и општеството како и нивните размислувања и како се носат со таквата состојба, нивниот однос со светот.
Одлични приказни, одлично раскажување. Единствено не ми е јасно зошто Темплум не ги обработил целосно и фалат три раскази.
5/5