Martinmkd
Roadie
- Член од
- 20 мај 2009
- Мислења
- 296
- Поени од реакции
- 412
Најмалку штетен начин на чистење касета е со слаб млаз жешка вода и детергент за садови. Од очигледни причини тоа не е и најпрактично.Дечки сигурно милион пати е објаснето поназад у темава али ај да се врти муабет па да ве прашам како ги чистите касетите и ланците по точаците, средство некое и начин. И после за подмачкуање шо употребуате?
Јас користам одмрснувач и четка за заби, и мијам со слаб млаз од ладна вода. Слабиот млаз е многу битен за да не ја пробие заштитата на лагерите - зошто ако ја пробие, и одмрснувачот ќе влезе таму и лоши работи ќе се случуваат.
Уште еден совет - чисти ги и предните запчаници, како и тркалцата на менувачот позади. Тие се најблиску до подлогата и најмногу нечистотија собираат. Чист ланец од таму се валка, а валкан ланец и цела касета ја валка.