- Член од
- 20 август 2018
- Мислења
- 170
- Поени од реакции
- 299
Освен ако тие мали проблеми не се од типот на коцкање, пијанчење, швалерисување, по кафани киснење, итн.., итн.. "Клоците" в г*з и лансирај ја кај бившиот - единствениот шо го сакала.Ко се зачленвав на форумот, не мислев дека некогаш ќе пишам за вакви проблеми ама ајде.
Во последфно време имамве мали проблеми со сопругата, но вчера поручекта имавме тешка караница и во момент на афект таа истури бес врз мене.
Како би постапиле во ситуација кога жената ќе ви кажи дека се каела шо некогаш се омажила за вас, се каела дека ми раѓала деца? Кога ќе ви кажи дека единствениот кој го сакала во животот е бившиот?И дека се каи шо не му се вратила кога ја барал, ама не се вратила дека ја повредил претходно. А јас едноставно сум бил најпогоден во моментет, на право место во право време. Буквално целата ситуација ја постави како таа да е жртва, а јас тиранин.
Мене толку ми требаше,збеснав и скршив една чаша. Кренавме огромна галама, комшиите ги вознемиривме. Најмногу ме боли шо постарата ќерка во моментот беше дома и слушна се, и го уништи денот. Јас еве уште не можам да се соземам.
Во моментот осеќам таков презир кон неа, единствено нешто кое ми е на ум е развод. 14 години брак се во прашање, ама јас сум спремен да се откажам од неа.По она шо ми го изнакажа, јас не знам дали сум способен да и простам. Немамо прозборено од вчера, таа е кај нејзините.
Некој совет да даде,како да постапам?
Која храброст ја имала така да те провоцира. Цц
Секоја чест за тебе шо си останал смирен и приземјен ако ова што го пишуваш е вистина.
Поздрав и секое добро.