Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Оставам два линка да прочитате, не знам колку и дали се вистинити, но од ова со автомобилот со 4 жмигавци и ова со органите мака ми дојде читајќи
https://www.facebook.com/filipkordanovski/posts/10217710383651887
https://www.facebook.com/filipkordanovski/posts/10217710934865667
Ова е статус од некој на fb:
"
И мене вчера еден албанец ми застана со сив голф 4ка (од страв не запамтив регистарски таблички) и почна да ми довикува „еј дечко!“. Збунет зошто ме вика, не знам од кај најдов храброст, ама го прашав „кажи, што е?“. А он ме гледаше право во очи, па во земја, па пак во очите, па пак во земја... аууу беше многу јазиво. И одеднаш ја извади раката од прозор и си реков леле сега пиштол ќе извади, па ко ќе се распука аууу ќе загинеме сите. А тој покажа со прстот кон земјата и ми рече: „Дечко, новчаникот ти паднал позади тебе.“
И кога се вртам, гледам аиии стварно. Го земав и џом да ме нема колку што ме држат нозеве. Ауу немате поима колку беше језиво. Значи ова Скопјево ич не е безбедно, стана ко некое гето во Њујорк. А полицијата нигде ја нема!!!"
КАЈ ТИ КАЖАЛ ЧОВЕКОТ ДЕКА ТИ ПАДНАЛ НОВЧАНИК ДУДУК ЕДЕН, КАЈ ЗАПУСТИЛ !
медиумска ФБ паника околу киднапирање на деца имаше пред 5-6 години во Хрватска, демек некое ЦРНО комбе се движело низ цела држава..Кога МВР не ги боли кур за ништо се крева паника и луѓето ќе почнат да веруваат на секакви работи.
Не само за исчезнувањава но и за се друго, ИСИС филмот не доби епилог, убиството во сред бел ден во Дебар маало го заборавија сите итн итн.
медиумска ФБ паника околу киднапирање на деца имаше пред 5-6 години во Хрватска, демек некое ЦРНО комбе се движело низ цела држава..
А оваа работа е за некој и Бизнис, .. но ФАКТ е дека постои на светско ниво киднапирање на деца, па кога влегуваш во Грција има таму во нивните канцеларии голем постер од Интерпол, со слики на исчезнати деца...
Како нема да е во депресија,после 28 години мизерија,уште овие со железниве опинци фалеа да го однесат обичниот човек на дното.Некои велат како толку луѓе да исчезнат, не е конициденција, точно не е конциденција, народот предогло живее во мизерија го тепа депресија.
Не викам дека сето ова не е коинциденција или е дело на типови со сив опел, но по сите работи што се случија и се случуваат години наназад народот изгуби верба во МВР и гледаат да снајдат како што можат. Не дека е рационално да веруваш во секој ФБ пост но кога тие што треба да те штитат никаде ги нема со години очекувано е да се крева паника и хистерија.
Имаше анкета на Еубарометар за доверба во институции пред година-две и резултатот беше Македонците имаат најмалку доверба во полиција на ниво на Европа (~30% имаат доверба само).