На 2 дена до Оскарите, изгледав се што е номинирано во 12 категории, а за овие 2 дена, теоретски можам да завршам само уште 2 категории, па затоа еве мала анализа, пред време:
1. Best Visual Effects:
Тука немаше некој филм кој понуди нешто револуционерно во поглед на ефектите, или барем истото не беше забележливо со голо око. Со
@Corvus зборевме на таа тема, некако како да фали Annihilation, кој во таа насока делуваше најоригинално, но не успее да го преживее вториот cut: успеа да стигне само во топ 20, а подоцна, не влезе во топ 10. Од номинираните: First Man ја следи традицијата на филмови ко Gravity, Interstellar, The Martian и сл. од последниве неколку години, но јас, искрено, не видов ништо запрепастувачко тука. Истото е и со Avenger: Infinity War кој барем мене, визуелно не ми беше ништо поразличен од било кој друг суперхеројски филм годинава. Solo: A Star Wars Story, пак, ја следи традицијата на Star Wars франшизата, но пак, бар за мене - ништо невидено. Christopher Robin е изненадувањето меѓу номинираните, никој не очекуваше дека ќе биде номиниран, но од сегашна перспектива, некако ми стана 2 фаворит, со оглед на тоа што визуелните ефекти се навистина значително поразлични од било кој друг од номинираните, и се во насока на оживеаните кукли кои навистина изгледаат реалистично. И за крај, мојот фаворит бр. 1 - Ready Player One. Филмот ми беше my guilty pleasure за 2018, и жалам што не го номинираа во повеќе категории. Токму затоа стискам палци да го земе Оскарот бар во оваа една.
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Avengers: Infinity War
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Ready Player One
2. Best Film Editing:
Тука ептен лаички: монтажата во Vice е во насока на сите оние сцени кои немаат никаква поврзаност со приказната, а со кои Меккеј си дава коментар, па така, тоа ми е последен фаворит. The Favourite имаше некои интересни моменти, на BlacKkKlansman и Green Book, искрено, и не се сеќавам премногу дека самата монтажа играше некаква улога во филмот. Но Bohemian Rhapsody, вака, од денешна перспектива некако ми се издвојува. Ете, помнам некои интересни моменти од We Will Rock You сцената, и Live Aid концерот на крајот, па така, да, тоа ми е број 1.
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Bohemian Rhapsody или Vice
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Bohemian Rhapsody[DOUBLEPOST=1550857239][/DOUBLEPOST]
3. Best Sound Mixing
Исто како погоре - не се разбирам од ова. Па и плус, разлика меѓу sound editing и sound mixing - оди па направи! Во First Man и Roma каква улога играше звукот, не знам. Black Panther ОК, сфаќам, но некако музичките два се издвојуваа. Плус, и двата ги гледав во кино, и морам да признаам, и во едниот и во другиот звукот беше одличен. Во едниот, A Star is Born, дури, заедно со камерата, беше и најдоброто во филмот.
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Bohemian Rhapsody или A Star is Born
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Bohemian Rhapsody
4. Best Sound Editing
Fuck, пак ли? Ова ко сфаќам како монтажа на звучни ефекти, Бог знае дали сум во право. Истите номинирани, само наместо A Star is Born, тука го имаме A Quiet Place, и некако кога ќе помислам, баш тој ми се издвојува од сите останати. Затоа:
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: First Man
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: A Quiet Place
5. Best Adapted Screenplay
Не сум запознаен со ниту еден изворен материјал, па затоа не можам да оценам како е адаптиран истиот во сценарио за филм, и така за мене се ова е оригинално. Како такво: A Star is Born ми е дефинитивно at the bottom. Сценариото ми беше една од нај-cringeworthy елементи во филмот, имаше моменти кои баш беа за facepalm. Многу предвидливо, клише, плус е римејк на римејкот од римејкот на римејкот... BlacKkKlansman беше ОК, ама ништо повеќе од тоа. Дури мислам дека сценариото беше една од најмалку важните моменти во филмот, зашто филмот не почиваше толку врз репликите (да, знам, сценарио не се само реплики), колку врз некои други елементи. Истото го мислам и за If Beale Street Could Talk, иако тука имаше некои за нијанса подобри реплики кои се однесуваа на правата на црнците и делуваа моќно (особено ако сте црнец). Филмот е супер, една убава, dreamy-like љубовна (црнечка) драма, но според мене филмот заслужи повеќе номинација за режија или кинематографија отколку за сценарио. Остануваме на последните 2. Can You Ever Forgive Me? е еден прекрасно напишан филм! И тоа е факт. Прекрасно напишани ликови, прекрасни дијалози, прекрасен tribute за авторката за која не бев чул пред филмов. Ова ми е фаворитот број 2. И изненадувачки, Џоел и Итан Коен, мене, МЕНЕ, на најголемиот не-љубител на нивното дело, ми се број 1. Да, The Ballad of Buster Scruggs го заслужува најмногу Оскарот тука, зашто сите вињети во овој вестерн-мозаик се прекрасни пазли со дијалози од кои не може да ти биде досадно (како што најчесто ми станува по првите 5 минути од било кој вестерн). Особено последниот краток филм, додека се возат во кочијата... Едноставно, уживав!
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: BlacKkKlansman
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: The Ballad of Buster Scruggs
6. Best Original Screenplay
Што беше најоригинално во годината која измина? Пак од последниот кон првиот: Vice - срање, шта речи. Немам дополнителен коментар. First Reformed - ОК филм, убав, но таму каде беше најсилен, во улогата на Итан Хоук, не успее да биде номиниран. Кај сценарио мислам дека нема што да бара. Roma - слично како и First Reformed. Убаво напишан, секоја чест за мултиталентираниот Куарон кому му остана уште да глуми за да биде one man show, но од 4-те категории каде е самиот тој номиниран, оваа најмалку ја заслужува. Е тука за првото место навистина се двоумев, но ќе играм вака. Green Book е феноменален. Сценариото е прекрасно, е дефинитиво crowd pleaser за 2018, но не е нешто до таа мера невидено како The Favourite каде авторите, заедно со режисерот Лантимос успеваат да ја инкорпорираат неговата налудничавост и мноштвото комични елементи во сетингот на еден историски биопик / костимирана драма, и создаваат ликови кои тешко можат да се заборават, и реплики и сцени кои се до таа мера оригинални што не можам да се сетам на ништо налик. Затоа го заслужуваат Оскарот.
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: The Favourite
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: The Favourite[DOUBLEPOST=1550859455][/DOUBLEPOST]
7. Best Supporting Actress
Ејми Адамс како сопругата на Дик Чејни ми беше најмалку впечатлива. Дури мислам дека не ја ни заслужи номинацијата. По неа и Марина де Тавира. Нејзе морав и да ја гуглам откако ја номинираа за да видам која беше. Но другите 3 беа одлични. Реџина Кинг како мајката од If Beale Street Could Talk - една убава, префинета глума, прекрасен говор на тело, особено во една сцена кога оди да ја бара силуваната во Гватемала или кај и да беше. Прекрасно, навистина. Но Оскарот го заслужуваат Рејчел Вајс и Ема Стоун за The Favourite. Дури и, ако може да им го поделат, или да им дадат и на двете, одлично би било!
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Реџина Кинг за If Beale Street Could Talk
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Ема Стоун или Рејчел Вајс за The Favourite
8. Best Supporting Actor
Сем Роквел во Vice како Џорџ Буш - не. Сем Елиот како брат му на Бредли Купер - исто така, не. Роквел, ОК, може го доловил Буш за што повиновни се шминките, и пластиката на лицето отколку тој самиот, но Елиот во што беше толку добар за да заслужи номинација, јас, еве, не знам. Исто како и во претходнодната категорија, останатите тројца - извонредни. Би ги подредил по овој редослед - Adam Driver во BlacKkKlansman, како најслаб од тројцата, па Ричард Е. Грант во Can You Ever Forgive Me? - ФЕНОМЕНАЛЕН, и на крај, оној за кој сите се согласуваме, не ни треба да се дискутира. Махершала Али. Ова е најсигурна категорија од сите!
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Махершала Али за Green Book
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Махершала Али за Green Book
9. Best Actress
Јалица Апарисио - мислам дека не припаѓа во ова друштво. Да, реално беше се, ама не беше ни малку WOW, далеку е зад се што било номинирано во оваа категорија, не само годинава, туку и во последнава деценија, можеби. Лејди Гага - пфффффффф, зар вреди да се коментира? Овде само фацата на Леонардо ди Каприо кога и дадоа Златен глобус за AHS пред некоја година треба да се стави:
Мелиса Мекарти како Ли Израел во Can You Ever Forgive Me? - несвојствено за ваков филм, но убаво одглумено, заслужена номинација, но не и Оскар. И последните 2, растурија. Која и да земе Оскар, нема да ми биде криво. Глен Клоуз во The Wife, најсвежа ми е, утрово го гледав филмот. Една прекрасна глума, прекрасен говој на тело, секоја воздишка е на место, секоја гримаса, секое движење. Навистина перфектно одглуми. Но не можам да не ја ставам кралицата Ана, т.е. Оливија Колман во The Favourite на врвот. Едноставно уште се насмевнувам кога ќе ми текне на некои сцени со неа. Фантастична!
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Глен Клоуз за The Wife
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Оливија Колман за The Favourite
10. Best Actor
Тука само Бредли Купер не припаѓа во ова друштво. Останатите четворица си ја заслужија номинацијата. Вилем Дефо како Винсент ван Гог во At Eternity's Gate, ко да го воскреснал. Стварно, толку личи на него што мислам дека е патник низ врмето дојден од минатото кого Ван Гог го насликал на она што ние го знаеме како негов автопортрет. За глумата да не зборам, Дефо е ѕверка! Виго Мортенсен во Green Book - каков лик! Искрено, било кој од овие четворица да земе Оскар, нема да ми е криво. Кристијан Бејл - браво за трансформацијата. До непрепознатливост! Но дефинитивно најимпресивен е Рами Малек во Bohemian Rhapsody. Го има скинато секое движење, секоја гримаса, секој тик на Меркјури. Буквално го копи-пејстираше, и затоа најмногу го заслужува Оскарот.
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Рами Малек за Bohemian Rhapsody
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Рами Малек за Bohemian Rhapsody
11. Best Director
Оваа категорија ми беше најизненадувачка. Јас би играл сосема поинаку, и од овие номинирани би оставил само двајца. Адам Меккеј, човече, јас не знам што толку го фураат човеков. Еден Џулијан Шнабел за At Eternity's Gate кого никој не го ни спомна како кандидат заслужува повеќе да биде номиниран од ова претенциозно ѓубре кое упорно прави неинспиративни претенциони ѓубриња. Спајк Ли за BlacKkKlansman искрено, исто, не требаше да биде номиниран. Подобро пак да го нооминираа сега веќе оскаровецот Бери Џенкинс за If Beale Street Could Talk. Павел Павликовски за Cold War, ОК, заслужено, но сепак можеа и од него да изберат подобро. Единствено последните двајца, навистина нема да ми биде криво кој и да го земе Оскарот, Алфонсо Куарон за Roma или Јоргос Лантимос за The Favourite. Ама ете, само затоа што Куарон веќе има еден, дајте му го овој на Лантимос.
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Алфонсо Куарон за Roma
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Јоргос Лантимос за The Favourite[DOUBLEPOST=1550859838][/DOUBLEPOST]
12. BEST PICTURE
Зборував многу, низ темиве, а и овде, за сите номинирани. Тука само ќе ги оценам уште еднаш:
Vice - 5/10
A Star is Born - 5/10
Black Panther - 6/10
...
Roma - 7/10
BlacKkKlansman - 8/10
...
The Favourite - 9/10
Bohemian Rhapsody - 10/10
Green Book - 10/10
ЌЕ ЗЕМЕ ОСКАР: Roma
САКАМ ДА ЗЕМЕ ОСКАР: Green Book