Црквата е мафија или навистина религиозна организација?

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
947
Верувам на некој начин, и поштувам религии но мразам свештени лица.

Кој фактор се па тие? Учат 4 години факултет и сеа претставници на бога и да им бакнувам рака? Ма даааааааааааааааај, 300 денари за чатење за слава, кога може тоа самиот домаќин да си го направи.

Пари за она пари за ова земаат, после имаат убави коли и секоја удовица ја бркаат.

Најголеми гилиптери и фраери се поповите.

Одсекогаш биле. Не се мафијаши сега но порано били:) Кога палеле “вештерки“ и невини луѓе.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Црквта е Црква, а мафијата е мафија. Просто и едноставно. Кај нив нема ама баш НИШТО заедничко.
 
Член од
29 ноември 2007
Мислења
1.149
Поени од реакции
38
Ги почитувам сите религии и одам во црква понекогаш.Но поповите неможам да ги смислам.Не да е мафија и тоа невидена.Можеби некој ќе се навреди но јас се извинувам али така сум воспитана да не верувам во поповите.Има триста работи кои се прават во црквата а за тоа народот незнае.А поповите тоа успешно го кријат.Отсекогаш се знаело дека поповите се најмоќни и најбогати.
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Ја почитувам верата, но не и тие кои ја проповедаат, мислам дека сепак се профитери, ретки се оние свештени лица кои не ја вршат својата дејност за плус профит.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Sto ke kazete na temava misam deka zasluzuva da i se posveti vnimanie. Vo knigite kodot na Da Vinci i angeli i demoni mnogu ubavo e kazano se za crkvata. Ne se znae kolku toni druga se prosvercuvani niz podzemnite hodnici na vatikan.
Cekam vasi mislenja
Кога бев во Ватикан и Рома чув многу извртени работи кои се случуваат во него...Дека многу калуѓерки во швајцарските сметки имаат илјадници евра, дека секој новинар прошверцуван во просториите на Папата не излегува жив и тоа дирекно од устата на туристичкиот водич, кој беше Хрват....
Сите тие работи уште ми се мотаат низ главава, и нерасчистени, меѓутоа никако не сметам дека црквата е мафија...
Свето место чиј углед го гнасат некои незаслужни луѓе
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Црквата, ако не е мафија, е во тесни врски со мафијата!

Служат како перални на нелегално заработени пари, никаде не плаќаат данок, а и тоа што си шверцуваат дрога и деца за внатрешни органи да не правиме муабет!

Тоа демек е религиозна организација и “Божји храм на земјата“ е само маска под која се одвиваат овие нелегални работи!
 
Немој да претеруваш!
Исто како да си го гнасиш домот и куќата!
Зар не мислиш дека луѓето треба да се сменат а не храмовите, црквите и сите светилишта каде си се крстил?!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Незамисливо е да се биде верник а истовремено да се плука по свештенството, да се оди во храмот Божји (црквата) само на нечии крштевки и венчавки, да се мешаат Ватикан и Источната православна Црква, да е прилепува Инквизицијата на православната Црква, да се кажува дека Црквата била исто што и мафијата и сето тоа да се кажува онака, „од ракав„, без ниту елементарно познавање на работите во Црквата и околу неа. Што не оди-не оди!
 
marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Црквата(те) денес е една од најголемите светски организации..
Како таква таа располага со огромни средства...премоќна е се слагам...којзнае како уште делува освен религиозно...сведоци сме што правела во минатото и што прави денес...самиот факт што денес не постои една црква туку ..незнам ни јас колку е доказ дека сето тоа произлегло од нечиј личен интерес...
Таа е магнет за луѓе кои во тоа нашле финаскиско офајдување и многу од црквите денес оддамна ја изгубиле основната идеја за нивната мисија на оваа земја, и преминале во друштва со ограничена одговорност...со ценовник за услугите...уште да воведат и "happy hour"..за празници..
Од друга страна поседуваат огромни имоти, луксусзни автомобили ..банкарски сметки..се мешаат во политиката,на сопствениот народ и на другите (по можност)..сведоци сме на сепоголем број скандали и сето тоа ја поматува сликата за она што црквата треба да претставува...не е ни чудо што има толку многу луѓе кои не и веруваат...
Но сепак тоа не е причина да се откажеме од Бога..оваа црква е земјена...не треба многу за да се препознае вистинска здрава црква...недостатокот на историската преспектива, изопаченото толкување на Писомото, желбата за поделба, свртување на погледот од главните на споредните работи и повторувањето на грешките од минатото...ако човек ги порепознае овие работи сето друго е лесно оти останува само вистината...наспроти лагата...
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Како прво, јас сум атеист и ме заболе за сите религии, не само за христијанството!

Како второ, не е гнасење на куќата и домот, затоа што кај мене дома не живеат попови, туку обични смртници, како и секаде!

И трето, ДА (иако за мене неважно) треба да се сменат луѓето кои владеат со тнр. Храмови Божји!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Православното учење посочува дека секој кој се одредил да биде верник, треба да „работи„ на своето самопорпавање а не да се впушта во ловење на туѓите грешки и гревови, особено не на грешките од свештенството. Штом некој свештеник е дел од Црквата, тоа така е по Божјата промисла, иако свештеникот може и да не е на ниво од својот свештенички повик. Честа појава е токму поеднинците кои се надвор од Црквата, т.е. кои не се нејзини членови и а многу често не се ни крстени, да бидат склони кон посочување на свештенството како единствена причина за нивниот негативен став кон Црквата.
 
Далеку од тоа дека свештенството е тоа што треба да се окриви...црквата се луѓето собрани во Божјо име..тога што го носат во срцето тоа и го оставаат во црвата..свештениците се тие што треба га ги изведат на вистински пат..но факт е дека многу од нив се пасат себе си...и тука нема ништо спорно...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Повелете. посочете што има заедничко православната Црква со било која негативна појава или процес во општеството, а притоа да не се фаќате за исклучоци кои поеднинци од светенството тоа го прават?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Црквта во овој, материјален свет не е збирка од безгрешни ангели. Па целото вероучение токму ТОА го нагласува! Христос дојде зараби болните а не заради здравите (во душата)!
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
Православното учење посочува дека секој кој се одредил да биде верник, треба да „работи„ на своето самопорпавање а не да се впушта во ловење на туѓите грешки и гревови, особено не на грешките од свештенството. Штом некој свештеник е дел од Црквата, тоа така е по Божјата промисла, иако свештеникот може и да не е на ниво од својот свештенички повик. Честа појава е токму поеднинците кои се надвор од Црквата, т.е. кои не се нејзини членови и а многу често не се ни крстени, да бидат склони кон посочување на свештенството како единствена причина за нивниот негативен став кон Црквата.

И според тебе што треба да прават верниците???
Само да си седат дома и да чекаат да дојде судниот ден???
Зошто да не се споредуваат со свештените лица (кои патем демек се најблиску до бога)???

И ако мислеше на мене, крстен сум, ама тоа е грешка на моите родители, јас сум бил многу мал, не сум знаел што ми прават!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom