Освен во гореспоменатите книги, црквата се спомнува и во Библијата, колку за потсетување. А за да пресудиш дали е „убаво„ кажано, треба да имаш некаков критериум. А критериум со 2 ипол прочитани книги, не се гради.
 
 
Во вашата црква неделните богослужби не се нарекуваат миси.
 
 
 
Еве што пишува Библијата за црквата:
- Таа е воспоставена од Бог
 
„...ако се забавам, да знаеш како треба да се однесува секој што му припаѓа на Божјото семејство, а тоа е црквата на Живиот Бог, столбот и темелот на вистината.„ (1. Тимотеј 3:15)
- Христос е глава на Црквата
 
„Бог 'се стави под власт на Христос и Го постави за Господар над 'се, во полза на Црквата.„ (Ефес 1:22)
- Црквата е наречена „Тело Христово„
 
„Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело - изградба на Црквата, духовното Христово тело.„ (Ефес 4:12)
„Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа.„ (Евреите 2:11)
„Христос наредил некои луѓе да бидат апостоли, други да бидат пророци; некои да бидат евангелизатори, а други духовни пастири и учители. 
Тие треба да ги обучат Божјите луѓе за извршување на Неговото дело - изградба на Црквата, духовното Христово тело, 'се додека сите заедно не постигнеме единство во верата и во познавањето на Божјиот Син, со што ќе станеме целосно зрели според возвишените стандарди што ги постави Христос.„ (Ефес 4:11-13)