Одлично ако имаш хрватско државјанство, во таков случај отвори си трансакциска сметка во хрватска банка, на пример во ОТП Банка, односно поранешна Сплитска Банка, која беше во сопственост на француската Сосиете Женерал, а од декември 2018 па наваму е` во сопственост на унгарската ОТП Банка, за која се очекува да ја купи и македонската Охридска Банка, која исто така е` - засега - во сопственост на Сосиете Женерал.
Извади си Visa Electron дебитна картичка или MasterCard дебитна картичка, регистрирај се на хрватскиот PayPal, внеси ја и верификувај ја Visa Electron или MasterCard дебитната картичка која ќе ти ја издадат од банката, а парите ќе можеш да ги подигнуваш во Македонија на било кој банкомат, но најверојатно на банкоматите од Охридска Банка каматите за подигнување ќе бидат најниски.