ИТ фирми и пракси во Скопје

Uchiha Sasuke

Sharingan User
Член од
21 март 2013
Мислења
3.618
Поени од реакции
7.379
Финтата е шо иам пробано онлајн и ќе се заозбилам неколку недели и толку после мрза ме фаќа и ај денес ај утре(и знајме како завршва то),сеуште сум студент ама факсо срање ми е нема ни пракса ни ништо,а вака ко ќе ги дам парите ќе се туркам да учам и да посветвам време за да не одат јабана,се знам себеси доволно исто како во теретана,ко ќе иам платено одам а ко ќе неам као демек дома ќе вежбам и ај денес ај утре пак истото xD
Иначе фала за инфото ама од април почнуваат тука не сум во можност тогаш, барам нешто накај септември октомври ако има
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.255
Поени од реакции
2.241

6-7 месеци траат академиите, моментално има во тек што ќе завршат до јули, така да од август-септември ќе има нови групи. Можеш да ги исконтактираш.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.977
Поени од реакции
11.828
Финтата е шо иам пробано онлајн и ќе се заозбилам неколку недели и толку после мрза ме фаќа и ај денес ај утре(и знајме како завршва то),сеуште сум студент ама факсо срање ми е нема ни пракса ни ништо,а вака ко ќе ги дам парите ќе се туркам да учам и да посветвам време за да не одат јабана,се знам себеси доволно исто како во теретана,ко ќе иам платено одам а ко ќе неам као демек дома ќе вежбам и ај денес ај утре пак истото xD

Иначе фала за инфото ама од април почнуваат тука не сум во можност тогаш, барам нешто накај септември октомври ако има
'Факсо' бесплатен ти е?
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
Дали може некој да сподели искуство со Академијата за програмирање во Seavus, дали е тоно тоа дека ако наводно се покажеш има шанси за вработување кај нив ?

Општо за академијата дали има некој задоволен или џабе фрлени пари ?

Доколку некој знае и ИТ фирми кои се лиценцирани за продажба на ЕРП системот Pantheon, во Скопје, исто фала на препораката :)
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
3
Поени од реакции
1
Дали може некој да сподели искуство со Академијата за програмирање во Seavus, дали е тоно тоа дека ако наводно се покажеш има шанси за вработување кај нив ?
Точно е, имаат неколку луѓе вработено, ама за почетна плата немам информации
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.021
Поени од реакции
1.282
Дали може некој да сподели искуство со Академијата за програмирање во Seavus, дали е тоно тоа дека ако наводно се покажеш има шанси за вработување кај нив ?

Општо за академијата дали има некој задоволен или џабе фрлени пари ?

Доколку некој знае и ИТ фирми кои се лиценцирани за продажба на ЕРП системот Pantheon, во Скопје, исто фала на препораката :)
Вип го нуди Pantheon ако прашуваш како услуга што го нудат.
 
Член од
5 мај 2014
Мислења
87
Поени од реакции
30
Вип го нуди Pantheon ако прашуваш како услуга што го нудат.
конкретно ме итересираше фирма која е лиценцирана да го продава ЕРП системов, да нуди обуки и консултатски услуги како што се Datalab они се овластени во Македонија за Pantheon.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
11
Поени од реакции
3
Здраво на сите,

Се извинувам доколку постот не припаѓа тука но со оглед на тоа дека таргет група ми се ИТ професионалци, решив да постирам тука:

Би сакала да ве замолам доколку би можеле да одвоите 5 минути од вашето време и да го пополните анкетниот прашалник наменет за магистерска теза. Целта на прашалникот е да се отријат кои се специфичните практики на управување со човечките ресурси и на кои начини функционираат во домашните наспрема странските ИТ компании во Република Македонија. Анкетата е наменета само за ВРАБОТЕНИ лица: ИТ професионалци, ИТ проект менаџери и HR менаџери.

Линкот ќе го најдете тука:
https://kwiksurveys.com/s/lhJHTV8q

Анкетен прашалник за влијанието на специфичните практики на управување со човечките ресурси и на кои начини функционираат истите во домашните наспрема странските ИТ компании во Република Македонија.

Ви се заблагодарувам за одвоеното време за одговарање на овој прашалник. Целта на прашалникот е да се испитаат и откријат специфичните практики на управување со човечките ресурси во домашните наспрема странските ИТ компании во Република Македонија.

Вашите одговори ќе бидат анонимни, обработени и искористени за истражување како дел од магистерски труд.

Однапред Ви благодарам за соработката.

Поздрав и секое добро!
 
Член од
4 август 2012
Мислења
158
Поени од реакции
57
Дали може некој да сподели искуство со Академијата за програмирање во Seavus, дали е тоно тоа дека ако наводно се покажеш има шанси за вработување кај нив ?

Општо за академијата дали има некој задоволен или џабе фрлени пари ?

Доколку некој знае и ИТ фирми кои се лиценцирани за продажба на ЕРП системот Pantheon, во Скопје, исто фала на препораката :)
Имаш шанси за вработување кај нив после академија доколку си нивен човек, т.е однапред некој да те има препорачано. Бар тие што јас ги знам сите се така вработени. Имаше дечки што доста ги биваше, а ги викнаа на интервју само за мачкање очи, па сега некои од нив се или невработени или пак работат во други фирми.

И уште нешто:
- Не е точно тоа дека 80% од завршените во Сивус се вработуваат. Се вработија едвај 15% од претходна генерација, за сега. Од наредната ќе се вработат уште помалку затоа што ги има во уште поголем број. А притоа рачунај ја и конкурецијата, 1000 студенти на финки плус останатите академии. Не ти обезбедуваат пракса после завршувањето, не ги интересираш воопшто освен ако имаш заостанато со плаќање на некоја рата, па да те побараат.
- Не е точно дека ИТ секторот е во дефицит, бар не последниве 2-3 години. Доказ за тоа се повеќето кругови на интервјуа, тестирања и селекции на кандидати (за факинг пракса, а камоли за др), за разлика од порано кога програмерите ги вработуваа на жими мајка без разлика на нивниот степен на знаење, па потоа фирмите ги обучуваа.
- Не ја земај во предвид фарсата од анкета т.н. „Мапирање на ИТ секторот во Македонија“.
- Државата со пропаганда им направи куп кадар на фирмите кои за секоја позиција добиваат по минимум 50 апликации и можат да ги вртат кандидатите/вработените како сакаат.
- Државава генерално нема никаков капацитет и функционалност за/во ништо.

Поискрен одговор нема да добиеш. Поздрав и среќно.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.139
Поени од реакции
1.078
IT секторот е во дефицит кога станува збор за квалитетен кадар. Реално тоа е нормално за било која струка, но потребата од квалитетен кадар во IT секторот станува се поголема. Тоа се должи на фактот што фирмите стануваат се посериозни, почнуваат да фаќаат саглам проекти и да развиваат сопствени продукти.

Така да, мојот совет до сите "новопечени" програмери е следниов:
За прва работа, изберете ја онаа која ќе ви овозможи најголем напредок на професионален план, а не онаа која е најлесна/има најголема плата/фирмата дава јаки бенефиции.
Изберете фирма која ќе ви даде шанса да бидете "развивачи на софтвер" а не обични nine-to-five кодери. Пробајте да го разберете целиот процес на развој на софтвер, од дефинирање на барања па се до испорака. Нормално, никој не го очекува тоа од junior developer, но тоа нека биде нешто кон кое ќе се стремите.

Со еден збор, барајте фирма која ќе ви даде шанса да имате импакт врз софтверот кој го развивате.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.248
Поени од реакции
3.173

Фалат сениори, џуниори има вишок веќе неколку години. Па јас порано кога барав пракса, на интервјуата ми даваа да решавам од SQL (а во фирмата се користи ОRМ), алгоритми, се на лист, па до чуда теории и интервјуираат едно 20 кандидати минимум. Значи имало најмалку уште 20 CV-a. Исто на второ интервју прашања дали знаеш докер, авс и одредени специфични технологии што они ги користат.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.612
Поени од реакции
18.058

Не се секирај, бараат добро упатени (аналитични) џуниори кои нема да им бараат високи плати и ќе ги шетаат од проект на проект без можност за приговор.

Во однос на SQL от не ти ја разбирам забелешката, имаш performance bottleneck со база и треба да ги излисташ сите квериња и времето кое им е потребно за да се извршат а orm от не ти нуди тоа или сакаш да напишеш поперформантни квериња или со orm от не можеш да го земеш тоа што ти треба од база, што ќе праиш?
 
Па тоа беше мојот муабет, се обидувам да кажам како се станува сениор. Не се станува сениор со одење во фирма каде што ќе играш пинг понг 3 саати во денот, 1 саат ќе пиеш кафе и 1 саат ќе бидеш на пауза.

Што се однесува на интервјуата за пракса, сеуште се прашуваат прашања за SQL и жално е тоа колку малку луѓето во МК знаат бази. И тука не зборам само за практиканти и junior-и, туку и за "seniors" со 5+ години искуство во "backend development". Тоа нормално се должи на фактот што 99% од проектите што се работат во МК не се database intensive и немаат потреба "advanced database functionalities". Интересно е и тоа што во МК има фирми кои работат "enterprise" проекти по code first принципот :D

Малце офтопик, кога веќе стана збор за ORMs, ова е моето омилено прашање за интервју :D
 
Моабетот ми е бараат кандидат кој точно ќе се поклопи со тек-стекот на фирмата, да биде способен да работи одма, да го плаќаат колку за храна и превоз. Сепак кога станува збор за пракса, премногу е барање, а и кога работам сега гуглам, битно е да знаеш што е можно да се направи и да знаеш да најдеш решение, а не на лист да знаеш да напишеш. Пракса економистиве на пример иде у банка и само прашува, а тука интервјуа обемни, ригорозни, 3 пати интервју ко лид програмер да бараат. И во гугл пример ти праат интервјуа решаваш задачи за пракса ама платен си многу подобро одколку да работиш нормална работа. Што има вишок работна сила, има и не треба да се лажат идни програмери дека одма се доаѓа до работа, зашто не е така.

Па тоа беше мојот муабет, се обидувам да кажам како се станува сениор. Не се станува сениор со одење во фирма каде што ќе играш пинг понг 3 саати во денот, 1 саат ќе пиеш кафе и 1 саат ќе бидеш на пауза.

Што се однесува на интервјуата за пракса, сеуште се прашуваат прашања за SQL и жално е тоа колку малку луѓето во МК знаат бази. И тука не зборам само за практиканти и junior-и, туку и за "seniors" со 5+ години искуство во "backend development". Тоа нормално се должи на фактот што 99% од проектите што се работат во МК не се database intensive и немаат потреба "advanced database functionalities". Интересно е и тоа што во МК има фирми кои работат "enterprise" проекти по code first принципот :D

Малце офтопик, кога веќе стана збор за ORMs, ова е моето омилено прашање за интервју :D
Се согласуваме за се, ама сега се бараат практиканти и џуниори со знаење на мид-левел програмери, а лажат деца лесно е одма се наоѓа работа дрн-дрн. Како да бараш практикант економист и да очекуваш да знае да води монетарна политика на држава. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom