Дали може некој да сподели искуство со
Академијата за програмирање во Seavus, дали е тоно тоа дека ако наводно се покажеш има шанси за вработување кај нив ?
Општо за академијата дали има некој задоволен или џабе фрлени пари ?
Доколку некој знае и
ИТ фирми кои се лиценцирани за
продажба на ЕРП системот Pantheon, во Скопје, исто фала на препораката
Имаш шанси за вработување кај нив после академија доколку си нивен човек, т.е однапред некој да те има препорачано. Бар тие што јас ги знам сите се така вработени. Имаше дечки што доста ги биваше, а ги викнаа на интервју само за мачкање очи, па сега некои од нив се или невработени или пак работат во други фирми.
И уште нешто:
- Не е точно тоа дека 80% од завршените во Сивус се вработуваат. Се вработија едвај 15% од претходна генерација, за сега. Од наредната ќе се вработат уште помалку затоа што ги има во уште поголем број. А притоа рачунај ја и конкурецијата, 1000 студенти на финки плус останатите академии. Не ти обезбедуваат пракса после завршувањето, не ги интересираш воопшто освен ако имаш заостанато со плаќање на некоја рата, па да те побараат.
- Не е точно дека ИТ секторот е во дефицит, бар не последниве 2-3 години. Доказ за тоа се повеќето кругови на интервјуа, тестирања и селекции на кандидати (за факинг пракса, а камоли за др), за разлика од порано кога програмерите ги вработуваа на жими мајка без разлика на нивниот степен на знаење, па потоа фирмите ги обучуваа.
- Не ја земај во предвид фарсата од анкета т.н. „Мапирање на ИТ секторот во Македонија“.
- Државата со пропаганда им направи куп кадар на фирмите кои за секоја позиција добиваат по минимум 50 апликации и можат да ги вртат кандидатите/вработените како сакаат.
- Државава генерално нема никаков капацитет и функционалност за/во ништо.
Поискрен одговор нема да добиеш. Поздрав и среќно.