@loophole, кој прв почнал не знам. Знам дека казна од 100 000 евра за доцнење на играч кој никогаш нити доцнел ни забушавал, и згора на капитен, нема блага врска со реалноста. Таа казна е Ванда Нара казна, доцнењето е само изговор. Кога ќе казниш така жестоко играч кој те носел на грб, што мислиш, како тоа ќе делува на играчот? Тој си ја преќуте казната и продолжи да игра и да тренира. Сега ми е одземена лента пред утакмица, откако вчера имаше фото-сесија со глобтротерите. Ваљда чекаа да помине сесијата за да не се мачи Ханда да се насмее. Овие се акти на понижување млад играч и покажување мускули и ќе завршат само со еден епилог - заминување од клубот. Дури и цена нема да можат да постигнат. Не знам што толку сите се запаливте за тоа што изјавувала Ванда, се додека човекот играше и тренираше. Не ме убедувајте дека казните не биле за преговорите, казните се само заради преговорите затоа што не им ги прифаќа условите. Штом го повикале за Рапид значи нема проблем од друга природа, тоа е тоа.
Еве јас ќе го бранам Мауро. Некој мора.
Па најбитно е кој прв почнал, ако бараш кај кој лежи одговорноста за ситуацијата. Ако викаш дека одговорноста е кај менаџментот, би требало тие да го предизвикале овој ланец на настани, што не е случај.
Неприфаќањето на условите за нов договор што Икарди ги бара, не се причина да се почнува со прљави игри од неговиот агент. Не може тоа да е иницијална каписла за ситуацијава. Во спротивно, нема поента да се нарекуваат преговори. Не е навреда или понижување ако не ги прифатиш барањата на другата страна од старт. Тоа е поентата на преговарањето.
Инаку, се ќе се сведе на прифаќање на се што Икарди бара, или нов tamper tantrum на Ванда во медиумите, со кој се посерува на цел клуб.
Мислиш дека тоа е одржлива стратегија за клубот? Еве, нека му текне утре на Перишич дека сака нов договор и нека искочи неговиот агент и нека каже дека Интер го труеле со храната. Па менаџментот на Интер нека прифати се што бара, за да не биде одговорен за последиците.
Во бизнисот, ако еднаш дозволиш да те заебат, сите понатаму ќе пробаат да те заебат. Така да, ако Ванда сака прљава игра, ќе добие прљава игра за возврат. Нема љутиш тука. Клубот не функционира од љубов, кинезите не инвестираат од љубов, менаџерите нема да бидат оставени на таа позиција од љубов. Секој си ја игра својата игра. Како и да вртиш, Икарди и жена му си ја предизвикаа оваа ситуација со својата непрофесионалност и практично сами ги повлекоа потезите на клубот.
Без разлика на заслугите на Икарди. Типот има работа и за таа работа е платен. Нема што да очекува дополнителни привилигии. И тоа се однесува и на казната. Ако вистина закаснил, нека биде казнет, зошто е тоа трагично. И нормално дека без приговор ќе продолжи да игра и да тренира, зошто да треба аплауз за тоа да добие. Тоа му е работа, за тоа е надоместен со милиони евра секоја година.
Интер има голем долг кон Икарди, меѓутоа и клубот има вратено за тоа. Го направија капитен на 22-23 години, му ја зголемија платата во секунда кога побара минатиот пат, го бранеа во непотребните конфликти што ги предизвика со навивачите, цела игра ја градат околу него. Ова е практично првпат да не му ги исполнуваат желбите. Плус, што и во оваа ситуација неколку пати се обидуваа да ја спуштат топката и покрај упорноста на Ванда да дава се попровокативни изјави.
И не се согласувам дека е покажување на мускули и принудување на Икарди да ги прифати условите на Интер. Преговорите траат повеќе од една година, ова не се случи самоиницијативно на почеток на преговори. Зошто би чекале толку време пред да почнат со тактики на принуда, баш кога имаат полоша позиција во преговорите. И тоа, баш коинцидира со моментот кога типката реши да игра игри преку медиуми. Нема врска, ова е реакција на глупостите на Ванда. Практично секој разумен менаџмент би бил принуден да реагира вака. Во спротивно, ќе ја поминат истата ситуација со секој агент на секој играч во тимот.