Кој заминува со жена,девојка и дели трошоци за стан и транспорт,во тој случај и со минимална плата на Запад може да се живее ок.
Но ако отидеш сам,прво што ќе те изеде (се ова зависи од човекот,но како некој кој 7 години живее ван зборам за себе и за стотиците примери на луѓе од Македонија и Балкан што сум ги видел тука низ годините) е:
1.Сам си,тотално и сеопшто,во Македонија цел живот си градел и запознавал,сега доаѓаш и почнуваш од нула,сите тие човечки или просторни познанства кои цел живот си ги градел што со умисла што случајно и спонтано,тука не постојат,почнуваш од нула,рачунај ко вчера да си се родил.
2.Тотално друг свет и поредок,друг мајндест,до тој степен што нешта што пример ти се смешни на тебе и ги кажуваш ко заебанција,на кои луѓе од Македонија ќе сезгазат од смеење,овој од запад ќе те гледа како муле,не те разбира што си сакал да кажеш,значи буквално неможеш да споиш ништо подлабок муабет од како си,што правиш,еј времево ама е добро и тој стил или некои општи клише заебанции и муабети...
3.Ти си граѓанин од трет можеби и четврти ред,на многу места разни агенции за недвижности,рентање на коли,работно место...ќе забележиш дека еден однос има кон тебе а друг кон тие што се домашни...
4.Недостаток на живост,работното време на многу места почнува од 6 часот наутро,огромен дел од продавници и слично работат до 6 попладне,остатокот 8 навечер.
Истотака не е како во Македонија законски да има 8 часовно траење на работен ден,има места каде се работи по 10 и 12 саати,така да денот почнува рано и завршува рано,8 саат сите спијат,на едно место каде што живеев имаше убав поглед кон целиот станбен комплекс,се сеќавам кога во 10 саат навечер броев во колку стана свети светло,од стотина,светло имаше во три,вклучувајќи го и мојот.
Во населените места преовладува некаква дури страшна смиреност и тишина,на моменти мислиш дека ни врапче неможеш да слушнеш да пее.
Навечер пред да падне длабока ноќ,уличното осветлување во многу населени места се гаси...значи самите власти не очекуваат некој да се шлае после 12 саат,ни по грешка.
Споредено со ова,во Скопје во Вторник во 10 и 45 навечер,сите станови светат,музика од кафана преку улица ечи,коли,пешаци,кафичи препуни...
Луѓето го креираат системот,па всушност самите луѓе се такви,не се социјализираат често и долго,а за време на работни денови и воопшто.
Во Скопје секое паркче пред зграда има еден куп клупи за седење,тука имаш паркови ко третина Скопје големи со неколку клупи-пластичен пример што се однесува на социјален живот и џаболебарење.
5.Не е како Скопје,ти текнало у 2 саат навечер ти се јаде бурек,идеш пешки јадеш бурек,немаш млеко у фрижидер,пред зграда имаш продавница,се симнуваш купуваш млеко...него овде за скоро се треба да палиш кола и возиш 10,15,25,30 минути до најблискиот голем супермаркет...и унапред да планираш,да купуваш храна за цела недела.
Значи во еден збор монотоно но динамично,глава неможеш да кренеш од тој круг работа-транспорт-домашни потреби.
5.Јавен превоз изгор скап,поисплатливо кола да имаш,а ако не сте двајца за кола да делите трошок,си го јадел.
6.Живееш под кирија,за разлика од Македонија каде сите имаат некаков имот,тука си под кирија,си останал без работа или не работиш-неможеш кров над глава да имаш.
Ова се мал дел од мал милион нешта,ги издвоив овие како најударните уште на старт промени што ќе те здрмаат,пак викам,зависи од човекот,на некои луѓе дел од ова и ќе им одговара,ќе се пронајдат.
Ме потсети постов на две случки што уште ми се смешни...
1. Живеев во мал град и нормално барам работа ама пошто имав небарана струка нормално одеше тешко. Еден ден гледам оглас за работа точно у моја струка, огласов веќе стои два месеца значи немаат кандидати и си викам топ, сега ќе бидне работа.
Влегувам се претставувам дека идам за огласот, гледа газдата дека сум странец и ми вика ама нас ни треба женско

2. На друго работно место на газдата нешто не му работеше принтерот (заедно работевме у канцеларија) се врти накај мене и вика да не знаеш зашто не ми работи принтерот? Јас на смеење му викам поим немам да не фатил нешто негативна енергија па престанал да работи. Чоеков се врти и мртов озбилен вика јас секако не сум му пренел ништо. Јас ваков

Ако налеташ на вистински луѓе и имаш барана струка знае да е супер во обратен случај ако не ти се поклопат коцките знае да биде бајаги мачно додека се снајдеш и стекнеш искуство како системот функционира
