Бегство од Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување

Во која европска држава е најдобро да се емигрира?

  • Германија

    Гласови: 72 26,9%
  • Шведска

    Гласови: 48 17,9%
  • Италија

    Гласови: 11 4,1%
  • Франција

    Гласови: 6 2,2%
  • Малта

    Гласови: 8 3,0%
  • Обединетото Кралство

    Гласови: 23 8,6%
  • Ирска

    Гласови: 15 5,6%
  • Белгија

    Гласови: 5 1,9%
  • Холандија

    Гласови: 24 9,0%
  • Данска

    Гласови: 15 5,6%
  • Австрија

    Гласови: 15 5,6%
  • Словенија

    Гласови: 15 5,6%
  • Полска

    Гласови: 11 4,1%

  • Вкупно гласачи
    268
Баш го ценам трудот кој си го изложил со пресметки и факти, доста трудољубиво од твоја страна, но ете ќе се фатам за една работа: велиш пар со примања 40 000, може да купи стан на 30 години, двеста евра рата. Не сум сигурен како пресмета дека може да живее остатокот од месецот со 18 000 денари, зборам за храна и сметки само, не ти ги ни рачунам кафињата и шетањата што си ги пишал. Сигурен си дека дома ти ја водиш економијата а не жена ти?
 
И плус не пресметал дека со 40.000 е невозможно четиричлено семејство да оди на летување и зимување.
Уствари може, ама летување Охрид, Преспа...и зимување тоа би било Крушево.
Горе доле пресметките ти се ок, храната генерално исто добиваат тие во Македонија и тие во странство, ама ако штедиш во Македонија може да ти останат 100 евра, онака хазардско штедење. А ако штедиш во друга држава од тие наведените, ќе ти останат 300 евра. Е сега, за една година штедење во странство ти ќе имаш супер летување и зимување, а во Македонија, како што спомнав...Охрид/Преспа и Крушево.


ЕДИТ- Сега забележав дека си спомнал и киното како дел од трошковите.
Епа јас тука во Малта плаќам 6 евра за еден што ако не се лажам е иста цена како и во Македонија. Пуканки и остали тракатанци се со иста цена како во Македонија. Ај сега тука израчунај ја разликата.
Плус ќе додадам дека цената на автомобилите е горе доле иста, така да во Германија со 4000 евра ќе ти се потребни два до три месеци да купиш кола, додека во Македонија и со плата од 700-800 евра ќе ти се потребни скоро година. Ете тука се тие разлики што го прават животот полесен на Запад.
 
Последно уредено:
Грубо набрзинка, еве ги моите пресметки за Германија: почетна плата од 1600-1800 зависно кој град, јас би сакал Хамбург таму би ми било 1800 евра почетна плата, првите три месеци ми е бесплатно сместување после тоа треба со цимер да ми најдат соба, просечна кирија колку што истражував Хамбург 500 - 800 евра зависно од квадратура, нека се 600 евра, тоа од човек е 300 евра за кирија, нека се и 300 евра за храна под претпоставка дека и надвор ќе јадам и нема да можам секој ден да готвам, 80 евра месечна карта за низ градот. Тоа се 680, еве ќе заокружиме 700 евра, ова ми се основни трошоци за кои тука ми оди една плата цела, таму ќе ми останат 1100 евра. Тоа е периодот дур си ја повлечам жена ми и детето, нека се 6 месеци до една година максимум. Од тие 1100 евра еве да тргнеме и 500 евра за други работи, што нема да биде случај зашто реално трошам најмногу пари на видеоигри и облека а тоа не се купува секој месец и сум доста штедлив во однос на пари, пак ќе ми останат 600 евра. Во Македонија не можам 600 денари да заштедам. Кога ќе дојде жена ми пак ќе бидат други математиките и пак во секаква пресметка во најлош случај ќе ми останат 500 евра на крај, а мислам дека ќе се 1000 но ајде. Плус зборувам исклучиво за почетна плата. Тука со 45 50 илјади месечно не излегувам на крај, за второ дете не помислувам а сакам 3. Ете, тоа е мојата математика, можда грешам негде ок, плус повисок квалитет на живот услуги добра и немаш канцероген воздух. Затоа секој со свој ум нека пресметува, не може тука со две просечни плати и таму со две горе доле просечни плати исто да биде во никој случај. Од вакви причини истражувајте многу и не се потпирајте на туѓи мислења зашто сите имаат различни намери и капацитети на проценка.[DOUBLEPOST=1550066029][/DOUBLEPOST]
И плус не пресметал дека со 40.000 е невозможно четиричлено семејство да оди на летување и зимување.
Уствари може, ама летување Охрид, Преспа...и зимување тоа би било Крушево.
Горе доле пресметките ти се ок, храната генерално исто добиваат тие во Македонија и тие во странство, ама ако штедиш во Македонија може да ти останат 100 евра, онака хазардско штедење. А ако штедиш во друга држава од тие наведените, ќе ти останат 300 евра. Е сега, за една година штедење во странство ти ќе имаш супер летување и зимување, а во Македонија, како што спомнав...Охрид/Преспа и Крушево.


ЕДИТ- Сега забележав дека си спомнал и киното како дел од трошковите.
Епа јас тука во Малта плаќам 6 евра за еден што ако не се лажам е иста цена како и во Македонија. Пуканки и остали тракатанци се со иста цена како во Македонија. Ај сега тука израчунај ја разликата.
Плус ќе додадам дека цената на автомобилите е горе доле иста, така да во Германија со 4000 евра ќе ти се потребни два до три месеци да купиш кола, додека во Македонија и со плата од 700-800 евра ќе ти се потребни скоро година. Ете тука се тие разлики што го прават животот полесен на Запад.
Одмор нема гајле, бабето дедото мама и тато ќе уплатат за пиперки и патлиџани на грчка плажа и така ко паразит до гроб.
 
Грубо набрзинка, еве ги моите пресметки за Германија: почетна плата од 1600-1800 зависно кој град, јас би сакал Хамбург таму би ми било 1800 евра почетна плата, првите три месеци ми е бесплатно сместување после тоа треба со цимер да ми најдат соба, просечна кирија колку што истражував Хамбург 500 - 800 евра зависно од квадратура, нека се 600 евра, тоа од човек е 300 евра за кирија, нека се и 300 евра за храна под претпоставка дека и надвор ќе јадам и нема да можам секој ден да готвам, 80 евра месечна карта за низ градот. Тоа се 680, еве ќе заокружиме 700 евра, ова ми се основни трошоци за кои тука ми оди една плата цела, таму ќе ми останат 1100 евра. Тоа е периодот дур си ја повлечам жена ми и детето, нека се 6 месеци до една година максимум. Од тие 1100 евра еве да тргнеме и 500 евра за други работи, што нема да биде случај зашто реално трошам најмногу пари на видеоигри и облека а тоа не се купува секој месец и сум доста штедлив во однос на пари, пак ќе ми останат 600 евра. Во Македонија не можам 600 денари да заштедам. Кога ќе дојде жена ми пак ќе бидат други математиките и пак во секаква пресметка во најлош случај ќе ми останат 500 евра на крај, а мислам дека ќе се 1000 но ајде. Плус зборувам исклучиво за почетна плата. Тука со 45 50 илјади месечно не излегувам на крај, за второ дете не помислувам а сакам 3. Ете, тоа е мојата математика, можда грешам негде ок, плус повисок квалитет на живот услуги добра и немаш канцероген воздух. Затоа секој со свој ум нека пресметува, не може тука со две просечни плати и таму со две горе доле просечни плати исто да биде во никој случај. Од вакви причини истражувајте многу и не се потпирајте на туѓи мислења зашто сите имаат различни намери и капацитети на проценка.

Е тоа ти е сликата, 2 просечни плати во Македонија не се споредуваат со две просечни плати во Германија.
Не дека е мед и млеко, кој би сакал да си замине од дома ? Никој.
Ама па мирот и сигурноста што ја имам, неможат со пари да се купат.
 
Е тоа ти е сликата, 2 просечни плати во Македонија не се споредуваат со две просечни плати во Германија.
Не дека е мед и млеко, кој би сакал да си замине од дома ? Никој.
Ама па мирот и сигурноста што ја имам, неможат со пари да се купат.
Не се споредуваат, дури се мислев да споредам македонска просечна и германска минимална, пак ќе е подобро таму. Во која смисла ми кажуваш дека не тече мед и млеко и за каква сигурност пишуваш? Мед и млеко не тече нигде, мене скоро сите на моите планови баш тоа прво ми го кажаа, а работам од 18 години, така да не ни очекувам нешто да ми биде медосано и лесно. Ниту пак чувствам овде било каква сигурност.
 
Не се споредуваат, дури се мислев да споредам македонска просечна и германска минимална, пак ќе е подобро таму. Во која смисла ми кажуваш дека не тече мед и млеко и за каква сигурност пишуваш? Мед и млеко не тече нигде, мене скоро сите на моите планови баш тоа прво ми го кажаа, а работам од 18 години, така да не ни очекувам нешто да ми биде медосано и лесно. Ниту пак чувствам овде било каква сигурност.

Сигурност дека не смее никој да дојде и да ми каже од утре не доаѓај на работа
 
Абе да е така лошо како што прикажуваат некои овде немаше гастарбајтерите да изградат куќишта и вие сте нашле им објаснувате
Како некој ќе се убедува себеси дека му е ок во тунгузијава ако не преку тебе, разубедувајќи те? Затоа сам со своја глава па и грешка да е, твоја ќе е, лично твое искуство. И за се така во животот.
 
Лесно е кога пресметките се прават од Македонија. Кога ќе дојдеш тука е сосема друго, ама пак е далеку подобро од кај нас. Јас сум во Англија скоро година и пол (студентска виза, македонски пасош), дури си студент можеш да работиш пола работно време, за одмори цело работно време. Работам во грижа за корисници во фирма за струја (кол центар) за време на одмори цело работно време.
9 и пол фунти од час, тоа тие 1500 фунти месечно, од тоа ќе ти одбијат данок, осигурување, па ке ти дојде околу 1300 (некогаш работев преку времено за 1400 - 1500 да ми дојде), прекувремена работа е 15 од час (значи се плаќа трудот)
550 фунти кирија, 150 - 200 фунти храна , уште 300 за излегување ова она, облека. Некокаш повеќе некогаш помалку, можам да заштедам од 200 до 500 фунти за месец зависно.

Така.
 
Како некој ќе се убедува себеси дека му е ок во тунгузијава ако не преку тебе, разубедувајќи те? Затоа сам со своја глава па и грешка да е, твоја ќе е, лично твое искуство. И за се така во животот.

Нормално, не џабе скоро секој млад кого го знам сака да бега од вукојебинава од држава...
 
Ухх ги исчитав сите страни на темава, и гледам сите истото го зборувате ама секој во своја верзија. Еве 7ма година како истражувам за иселување (фалимијарно, жена и 2 деца). И никако да најдам соодветна држава за нашите потреби. Еве што сватив од истражувања за Канада, Германија, Австралија, Шведска, UK, и по малку скандинавците, се разбира сите во споредба со МК. Све е релевантно и за секого различно (затоа и има препирки помеѓу луѓево на форумов).

Едно е сигурно, платите се секаде ИСТИ, буквално во споредба со МК. Пример... жена ми е мед.сестра, тоа е просек плата од 350-400еу во МК во државно здравство а во приватни во Ск земаат и по 30-35.000 ден. Во Германија и другите од Еу за истата работа земаат околу 1600-1800еу нето. Е сега, ако споредиме што може во Германија да се купи со таа плата и што со оваа плата овде е слично скоро исто со разлика од 5-10%. Но мора да се споредат производи и услуги што се животни трошоци, во смисла, храна, облека, амортизација на дом ШТО Е МНОГУ скапо насекаде, сервис и одржување на возило, социјален живот- театар, кино, ресторант, кафе надвор, игротека за мали деца пример... и уште мнооогу други работи што го чинат животот нормален. И на крај ќе видите дека БУКВАЛНО истите работи се добиваат со таа плата во Германија и оваа плата во Македонија. За споредбата да ви биде точна и јасна МОРАТЕ да се држите принципиелно, значи, за храна одите на сајт или читате по форуми кој производ колку кошта и споредувате со МК, пример 1кгр јаболка минатото зимо во Лајпциг бев на гости беа 2.3еу, додека во МК се од 20 до 40ден. и ако го гледаме примерот со јаболка во МК ќе купам 733кгр, а во Германија 739кгр. (ова само како пример), сервис на возило е мнооогу поскапо во ЕУ него МК. и така натаму. Едно е различно, обртот на пари е поголем во Еу, т.е. работиш со повеќе нули инаку е исто, истите добра ќе ги купиш и овде и таму со платата од било кој сектор. Доктор специјалист овде во МК зема околу 60.000 до 100.000 ден плата, затоа што основица им е мала но пример 6000ден е излегување на терен, 4500ден им е трета смена и така натаму, и кога тој ќе земе 70.000ден ќе купи исто како специјалистот во Германија со 3500 еу плата. Мене што ме интригира за иселување не се парите, затоа што се исти. ТУКУ, квалитетот на тоа што го купуваш и добиваш за услугите, од здравство што е многу важно, образование кое е релевантно каде е подобро дали во МК или во Герм, условите за тоа каде ги трошиш парите- пример во мојот град во МК нема кино и нема затворен базен а во ЕУ го има тоа насекаде и би уживал во тој дел. Не дека МК нема да се управи, верувам дека ќе се среди за 2-3 год после овој притисок од ЕУ и УСА, верувам затоа што буквално живееме со нивни пари и МОРАМЕ да се унапредиме, но јас сум веќе 41 и немам многу време за чекање да се управи. Овде не ми е лошо финансиски, работам сопствен бизнис од мојата 18год и доста сум ок без политички определби и помош од некого, мал но добар бизнис, така да не знам колку вреди од овде да си одам со моите домашни примања од 100.000 ден од прилика пример во Германија за 3500-4000 еу, сепак мислам дека овде со 100.000 повеќе можам него во ЕУ со 4000еу.

Да не се лажеме за МК, факти:
Млад брачен пар со вкупни примања од 40.000ден (2 плати по 20.000ден се работа во било која од новиве фабрики со 3смени)..
МОЖЕ ДА КУПИ... стан од 70квадрата (45.000еу) на 30год исплата (рата околу 200еу) - истото што го прават во Германија, УСА, Австралија и било каде.
Може да купи НОВА КОЛА
Може да оди на летовање и зимовање секоја год.
Може да оди на 4-5дена преку годината на шетање што кошта околу 300-400еу за двајца
Може да оди секој 2-3 ден на кафе
Може да оди на кино 2-4 пати месечно
Може да не штеди за дома за да го наполни фрижидерот
Може СЕ од ова... НО НЕ да купи во исто време и нова кола и нов стан.. па луѓе никој во светот не го може тоа со фабричка плата, ни во Германија ни никаде никој не купува 2 коли на старо, нов стан и сето ова да го прави.
ВО Мк, кафаните се полни, кафичите се полни, продолжен викенд кога е ЦЕЛА МК Е НА ГРЧКА ГРАНИЦА.
Банско е полно 2 месеца од македонци што зимоваат, скијаат јадат и пијат по кафани.
WIZZAIR кој знае колку летови продава по европскиве дестинации за шетање.
И ние Македонците се жалиме немаме пари, епа немаме кога сакаме се одеднаш. Мобилни од по 500еу, по 2-3 коли у фамилија (зато последно верме нема ни паркинзи, гужви по улиците итн), за 200 метра со кола се оди наместо пешки, ни било загадено ЕПА НИ БИЛО. Фушерајските продавници за облека затворија, сите се облекуваат во БРЕНД продавници, пример попуст во спортМ кога има како леб без пари да даваат, а кога има попуст во обичен бутик човек не влегува.
Но, кога одиме во Еу, како живееме, како во МК? ... и се фалиме олку плата зимаме, е да, ама работа-дома-работа-дома, и еднаш месечно ПЕШКИ ќе прошетаме таму у центарот ќе се изнасликаме и ќе јадеме Мекдоналд сендвичи по 2еу и тие ќе ги сликаме
:).
Едно сватив, во МК финансиски не е лошо. Не чини здравство, партнерни уредувања на градовите (сепак мене ми значи каде шетам и што гледам), чистота (што е од нас народот), образованието е релевантно затоа што е добро но ние како родители на учениците го уништуваме (многу не сакаат кога нивното дете ќе е искарано зш било немирно).
Друг факт што ми смета е што македонецот бега кога треба да се решава нешто. Не ми се свиѓа ова и ајде ќе се селам, на пример американецот не се сели, туку пробува да го решава тоа, се грижи, протестира или почнува да работи на проблемот и слично. Ние гледаме многу Facebook/интернет и ајде ќе се селиме :). Ваљда затоа уште се немам решено за иселување. Ова не го напишав да се контрирам со некого, туку да споделам мои видување зошто "немаме", и зошто не ни се допаѓа овде, дали се лажеме или не дека таму некаде е поубаво. Позз до сите

Уште да трошат нивни пари ќе биде супер, проблем е што тука и на 30-40 години се врзани за мама и тате како да се малолетни, проблем е што тие постарите генерации одат облечени како питачи за детето да се курчи со телефон од 800 евра, да се вози со кола и да дреми во кафичите.

Ако имаш ок работа и своја недвижност тука, можеби и со малку пониска плата ќе бидеш колку толку мирен во поглед на финансии, квалитет на живот ќе имаш срање, нервози секој ден со политика и тоа е тоа.

Секаде почетокот те тежок, дали во мкд ако дојдеш од провинција во метрополата или во странство првите години има да се окозиш ако не ти помогне некој. Е сега тоа малтретирање дали ќе го минуваш во мкд или надвор не гледам многу да ти смени, ако не за тебе, барем за потомството ќе обезбедиш колку толку постабилно општество.
 
Во Република Северна Македонија ќе има подобра иднина за сите млади.
На оваа територија ќе има живот само за овие што ги пикаат како слепи по администрација да нишаат плата и земаат плата (особено на места како ЕЛЕМ, МЕПСО, РЕК, АЕК, Влада...) и можеби ако си припадник на некое малцинство, како тргнало за малцинствата без разлика кој е на власт има гарантирани вработувања.
Нервози со политика и непотизам ќе има додека постоиме како народ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom