Најпрво,кога би се одлучил да заминам би заминал со жена ми.Одма е друга ситуација со две плати може и стан некаде до 700-800 € да се најде скромен.Второ,за тие 70к да ги заработам сум 24/7 достапен на клиентите.Ако нешто ми се допаѓа во земјите од западниот свет е дисциплината,и тоа би било најголемата причина поради која би се одлучил да се преселам.Тетин ми,Италијанец роден таму остана на 60 години без работа во Италија и сега мора да работи по 10 саати како аргат брза пратка да разнесува за 900€ се додека не се пензионира.Бев на гости кај тетка ми у Болоња,влага од врата човеков преморен по незнам си колку километри вози на ден,прво гаси телефонот,седнува да вечера,гледа телевизија и си легнува.Јас баце кога ке влезам дома исто така утепан,преморен тек тогаш почнува телефонот да звони и звони,и ако не морам да одам некаде каде што ке ме повикаат,составувам листа со обврски за утрешниот ден се до 23 часот.Значи по враќањето од работа почнуваат нови и нови обврски.Ако неможам да го издржам тоа темпо и се откажам ми преостанува у Кам маркет да редам роба по рафтови за 14к Цело време зборите за плати,стандард а не е се во тоа,има и некои други битни моменти кои никој не ги зема предвид.На моменти си велам налет и пари и се само спокојство да си најдам ама неможе.Значи како најголема предност на тие што заминале ја сметам дисциплината,доаѓаш од работа и за тој ден толку.Бесценето.Кога јас би заминал гледајќи како таму живеат,сум сигурен дека ке се одморам,а не да се уморам
Кој заминува со жена,девојка и дели трошоци за стан и транспорт,во тој случај и со минимална плата на Запад може да се живее ок.
Но ако отидеш сам,прво што ќе те изеде (се ова зависи од човекот,но како некој кој 7 години живее ван зборам за себе и за стотиците примери на луѓе од Македонија и Балкан што сум ги видел тука низ годините) е:
1.Сам си,тотално и сеопшто,во Македонија цел живот си градел и запознавал,сега доаѓаш и почнуваш од нула,сите тие човечки или просторни познанства кои цел живот си ги градел што со умисла што случајно и спонтано,тука не постојат,почнуваш од нула,рачунај ко вчера да си се родил.
2.Тотално друг свет и поредок,друг мајндест,до тој степен што нешта што пример ти се смешни на тебе и ги кажуваш ко заебанција,на кои луѓе од Македонија ќе сезгазат од смеење,овој од запад ќе те гледа како муле,не те разбира што си сакал да кажеш,значи буквално неможеш да споиш ништо подлабок муабет од како си,што правиш,еј времево ама е добро и тој стил или некои општи клише заебанции и муабети...
3.Ти си граѓанин од трет можеби и четврти ред,на многу места разни агенции за недвижности,рентање на коли,работно место...ќе забележиш дека еден однос има кон тебе а друг кон тие што се домашни...
4.Недостаток на живост,работното време на многу места почнува од 6 часот наутро,огромен дел од продавници и слично работат до 6 попладне,остатокот 8 навечер.
Истотака не е како во Македонија законски да има 8 часовно траење на работен ден,има места каде се работи по 10 и 12 саати,така да денот почнува рано и завршува рано,8 саат сите спијат,на едно место каде што живеев имаше убав поглед кон целиот станбен комплекс,се сеќавам кога во 10 саат навечер броев во колку стана свети светло,од стотина,светло имаше во три,вклучувајќи го и мојот.
Во населените места преовладува некаква дури страшна смиреност и тишина,на моменти мислиш дека ни врапче неможеш да слушнеш да пее.
Навечер пред да падне длабока ноќ,уличното осветлување во многу населени места се гаси...значи самите власти не очекуваат некој да се шлае после 12 саат,ни по грешка.
Споредено со ова,во Скопје во Вторник во 10 и 45 навечер,сите станови светат,музика од кафана преку улица ечи,коли,пешаци,кафичи препуни...
Луѓето го креираат системот,па всушност самите луѓе се такви,не се социјализираат често и долго,а за време на работни денови и воопшто.
Во Скопје секое паркче пред зграда има еден куп клупи за седење,тука имаш паркови ко третина Скопје големи со неколку клупи-пластичен пример што се однесува на социјален живот и џаболебарење.
5.Не е како Скопје,ти текнало у 2 саат навечер ти се јаде бурек,идеш пешки јадеш бурек,немаш млеко у фрижидер,пред зграда имаш продавница,се симнуваш купуваш млеко...него овде за скоро се треба да палиш кола и возиш 10,15,25,30 минути до најблискиот голем супермаркет...и унапред да планираш,да купуваш храна за цела недела.
Значи во еден збор монотоно но динамично,глава неможеш да кренеш од тој круг работа-транспорт-домашни потреби.
5.Јавен превоз изгор скап,поисплатливо кола да имаш,а ако не сте двајца за кола да делите трошок,си го јадел.
6.Живееш под кирија,за разлика од Македонија каде сите имаат некаков имот,тука си под кирија,си останал без работа или не работиш-неможеш кров над глава да имаш.
Ова се мал дел од мал милион нешта,ги издвоив овие како најударните уште на старт промени што ќе те здрмаат,пак викам,зависи од човекот,на некои луѓе дел од ова и ќе им одговара,ќе се пронајдат.