и пак се враќаме на почеток на муабетот, насилна асимилација. Ти ги доставив пописите во Албанија од 45та наваму.
Јас негирам бугарско малцинство врз основ на блгарски произход заради добивање пасош со кој ќе може да се извлечкаат од сиромаштијата, точно...затоа што тие не се бугари. Бугарија ги асимилирала и во минатото (пред WW2) и сега Македонските граѓани во и вон Македонија.
https://ako.mk/асимилираните-македонци-во-албанија/
Реално се работи за 4-6000 Македонци, картите кои вие ги дистрибуирате го покажуваат тоа. Како и во дел од Косово.
Бугарија ја уценува Албанија и добива од Европскиот Парламент согласност за "бугарско малцинство", кое Ќе постои исклучиво врз основ на уценети изјави
Македонците демантираат, во Албанија нема Бугари
Остри реакции по последната изјава на лидерот на бугарската ВМРО, кој побарал поактивна улога на бугарските државни институции во врска со Бугарите во Албанија. Македонците тврдат дека Бугари во Албанија немало и нема.
Ова не е првпат Бугарија да бара Бугари таму каде што ги нема, вели Васил Стерјовски, потпретседател на македонската партија и дипломиран историчар. „Бугарско малцинство во Албанија не постои. Тоа се само обиди на Бугарија, Македонците во Албанија да ги побугарчи и да ги претстави како Бугари. Нема Бугари во Албанија, кои се преселиле од Бугарија во Албанија за време на некоја војна, туку тука имаме автохтоно македонско население, коешто живее во Гора, Голо Брдо и Мала Преспа, и кое по својот јазик, култура, фолклор и обичаи не го врзува ништо со Бугарија, туку напротив ова население има ист јазик, фолклор и обичаи со Македонците од другата страна на границата, кои се наоѓаат во Ресен, Дебар и т.н.,“ вели Стерјовски.
Изјава и од Бушати
https://sitel.com.mk/albanskiot-parlament-popushti-pred-bugarskite-zakani-i-go-prizna-bugarskoto-malcinstvo-vo-zemjata
Претходно, шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати рече дека поседувањето бугарски пасош не е доказ дека во Албанија има Бугари, како што нема ниту италијанско малцинство, иако голем дел од популацијата има италијански пасош.
Сите што имаат дојдено овде од тие места (а има доаѓано бааги народ) збори чисто македонски. Така да не знам зашто пропагираш нешто кое е рамно на ненаучна фантастика.
Додуша, има бугари. Во бугарската амбасада во Тирана