Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Дали надлежните во Ерусалим каде наводно се спушта ,,благодетниот оган" би прифатиле независна и неутрална истрага на предметите, околината, просториите и луѓето, пред тој настан, за време на истиот и после него? Истрага во која би се проверило дали има присуство на хемикалии, запалливи средства и слично.
 
Дали благодатниот оган од Ерусалим прв пат пристигнува во Македонија?

Среќни празници.

Веројатно да, за прв пат, а воедно и како доказ за оние кои не веруваат дека Духот Свет навистина се спушта на гробот Христов во Ерусалим, на Велика Сабота. За верните од МПЦ-ОА тоа ќе биде чест.

Еве го овогодинешниот оган:

https://www.youtube.com/watch?v=36jLEOTCfHg
 
Да прашам нели кога ќе умрел човек првиот ден свеќа не се палело. Што ако запалиш?
 
Да прашам нели кога ќе умрел човек првиот ден свеќа не се палело. Што ако запалиш?
Душата не е замината и може да си мисли дека е роденденска па да ја дувне да ве исплаши.
 
Да прашам нели кога ќе умрел човек првиот ден свеќа не се палело. Што ако запалиш?

Не ми е познато дека постои Црковна забрана за палење свеќа на првиот ден од нечие упокојување (кој знае нека ме поправи...), но не гледам штета ако свеќата биде запалена, затоа што душата од упокоениот навистина е се‘ уште во овој Свет во првите 3 денови од смртта, па пошто не го знаеме степеност од праведност кој душата го постигнала а која (душа) ќе треба да се појави пред Бога, на душата секако и‘ се корисни нашите добри дела во нејзина корист па дури и палењето свеќа, придружено со наша желба за нејзино спасение...
 
Да прашам нели кога ќе умрел човек првиот ден свеќа не се палело. Што ако запалиш?
Не ми е познато дали забранила, но воопшто не е важно што црквата забранува или не забранува туку важно е што пишува во библијата, дали таа забранува или не е важно.
 
И, што пишува во Библијата по предметново прашање?...
 
И, што пишува во Библијата по предметново прашање?...
Во билијата конкретно за тоа ништо не пишува, но пишува дека суеверија и слични глупости се во споротивност со библијата и се погрешни, никој не смее да наметнива свои паравила, а такви во православната и католичката црква ги има многу.
Слични работи правеле фарисеите, тие со се за занимавале со вакви слични глупости само не со суштината на релеигијата.
И во ооптшто да не запалиш свеќа не е проблем, прави си ти самиот како што мислиш дека е ОК, јас не почитувам ниедно црковно правило, битна ми е само библијата.
 
Хмммм...Велиш, не пишува ништо?

И сега, со кој памет се повикуваш на Библијата, кога истата вели „ништо„? По твојава логика, испаѓа дека побитно е (не)пишувањето ништо отколку одредбите од Црквата, кои се јасни и неменливи и се “нешто“?...

Батали фарисеите, оти нив не ги споменав.
 
Да земам да ти нацртам?

Имајќи во предвид дека ем се повикуваш на Библијата ем велиш дека Библијата кажува ништо, сигурен сум дека истото ќе се случи и со твоето цртање, што значи-ништо.

Туку, за секој случај, обиди се па можи ќе ти успеи...
 
Дали некој може да ми најде еден податок за Методи Гогов првиот епископ во независна Македонија?
Дали некој знае колку деца биле колку браќа и сестри имал?
 
Зошто за православната црква се вели дека е онаа правилната?
 
Зошто за православната црква се вели дека е онаа правилната?

Затоа што постои уште од Педесетница (50 денови по Христово воскресение), кога Бог Светиот Дух ја основа Црквата, и затоа што го чува Христовото и Апостолското учење неизменето, пренесувано од една на друга генерација луѓе во Црквата.

Другите, кои велат дека се „црква„, имаат свои основачи, кои се обични смртници и имаат учења кои се изменети низ текот ов времето.
 
Не прави идол или слика на она што е горе на небото и она што е долу на земјата..

Ме интересира кое е значењето на оваа втора заповед??

Дали тоа значи дека во црквите - манастирите воопшто не треба да има ниту една икона, фреска и никој лик од светите апостоли и Исус да не се прикажува???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom