Зборувате со самите - себеси!?

  • Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Порано секогаш си "дискутирав" со себеси за секакви случки во моето секојдневие.... онака ке се занесев и си зборував.... понекогаш и на глас..... сум видел и некои луѓе онака по улица како си "муабетат" со себе :icon_lol:

Какви сте вие?.... Се карате себеси?.... Си ги кажувате маките или плановите?.... Што мислите за тие што тоа го прават ? (доколку вие не сте од тој "тип")..... Ке си речете што мака видел човеков па самиот со себе си зборува или ке го сватите тоа како нешто нормално?
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Аууууу .. колку само често ми се дешава тоа .. колку пати сум се фатила гласно да размислувам по улица :icon_redf ама најчесто такви работи ми се дешаваат пред огледало .. секогаш си се карам сама со себе кога сум пред огледало ... друга честа работа е со компјутерот да си зборувам :bip:
 

Топка

Генерал
Член од
21 април 2006
Мислења
1.220
Поени од реакции
2
Секогаш си зборувам сам со себе си. Размислувам за моите постапки, размислувам како би постапил во одредени ситуации, мислам на постапките на другите... буквално за се размислувам.
 

Eko1

Форум Џедај
Член од
20 мај 2005
Мислења
1.579
Поени од реакции
29
Да не има забуни..... знам дека сите размислуваме..... туку дали муабетиме со себеси.... онака испаѓа диалог а уствари по секоја логика е ништо освен монолог :icon_lol:
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Сега не толку порано ептен. Као копиљ имав 4 другарчиња со кои зборев, после тоа си отидоа, али кога имам потреба си зборам со себе си немам гајле. Некад и се караме ама врти сучи пак сме заедно.
Дефинитивно да...и дефинитивно продуктивно е да му ебам мамата иако стално ја победувам, ваљда.
Што?
Кој ти да победиш.
Ај бе глеј си работа.
Ја педер.....
Е сега си готов......
 
Член од
26 април 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
45
ja isto pred ogledalo si praam muabet so sebesi,ne deka sum narcis ama mozam da vidam so kogo zboram:) a komjuterot najcesto go oteruvam u pm i se karame so nego,po ulica retko mi se slucuva osven ako ne zaborav nesto ili slicno pa se karam samata sebesi:)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Чат пат си правиме муабет јас и јас. Повеке е во стилот гласно размислување, ама и муабет паѓа. Ретко, ама се случува.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Никогаш на глас, но во себе многу јасно ... а да, повеќето време се карам, ама што има врска ... и тоа е мубает де:)
 

BusHav

Е ајде де.....можеш и така
Член од
5 декември 2005
Мислења
4.343
Поени од реакции
81
На глас никогаш не ми се испуштило,така може уствари да си размислувам на глас,ама муабет да си правам не!
Уствари и ретко ми се случило воопшто да си правам муабет сам со себе!
 

Avril Lavigne

Sk8Girl
Член од
21 мај 2005
Мислења
2
Поени од реакции
0
Понекогаш по малку си позборувам самата со себе.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Не да зборувам.Растурам.Многу често ми се случува да се преслушувам себеси, и тоа во автобус.Па после викам оф леле кој резил сум бил.Што рекле ти што ми слушнале/виделе.
имам читано дека најчесто луѓето со висока интелигенција зборуваат самите со себе.Затоа што го пронаоѓаат другиот во себе и така воспоставуваат контакт со својата личност.
 

Night Watch

Сонот на еден корен
Член од
9 мај 2006
Мислења
31
Поени од реакции
0
Секогаш се караме јас и јас....
Зошто не го направив тоа, зашто не го напраив она...
итн итн итн итн итн
Размислувам гласно, си зборувам и со компјутерот (кога нема со кого) и си правам планови...
 

Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Да, зборувам сама со себе кога сум дома, а претежно сум сама дома. Така да ако имам некои планови си ги кажувам на глас и си се преиспитувам како ќе ги остварам. Или кои обврски ги имам во текот на денот. Исто така ако ми светне некоја креативна идеа размислувам на глас како да ја реализирам.
 

Fir_Maked

Koj ne me saka negov problem!!!
Член од
17 ноември 2005
Мислења
481
Поени од реакции
0
Si zboruvam sam ama vo sebe, i najdobar drugar sum sam so sebe :)
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
на глас само пцујам сама со себе :) коа имам потреба некој да испцујам али сама си седам ќе фатам да си пцујам ако никој не ме слуша...али само така у одредени ситуации кога сум многу изнервирана. инаку никад не си зборам сама со себе, т.е. не размислувам на глас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom