Наиголан што е дрво, дрво е ама Лаутаро не требаше воопшто да шутира пенал. Таков притисок не се прави врз 20 годишен играч кој ти влага во игра во последните 10 минути од натпреварите.Си потпиша шут карта наркоманов. Ова Лаутарово толку умислено копиле ми е, толку исхајпан играч, тотално себичен, самобендисан и арогантен, не го можам. Пенал да промашиш, зицер на петерец да промашиш... Па што кур повеќе сакаш.
Небитно е се, испаднавме што испаднавме. Лошо е што нема никаков жар ни план за напад. 120 минути нафрлања кон шеснаесетник, никаква игра без топка, никој не се ослободува да прими топка. Каде се акции по средина, двојни додавања и пас во празно? Само нафрлаат кон Икарди а овој сирот по двајца го чуваат на секоја утакмица.
Икарди е единствен што ја заслужува платата. Треба еден здрав ремонт да се прави пошто оваа екипа е презаситена од успесите и немаат веќе мотивација.
