Работава е во тоа што во овој случај не се работи за отпишување на долгови кои доколку не се отпишат ке бидат наплатени од граѓаните. Во овој случај се работи за ,,ненаплатливи,, побарувања и од овој отпис во ќар ке биде само ЕВН затоа што тој отпис државата ке им го плати во целост или делумно. Циго или било кој друг кој бил утужен во 2004 и до 2019 не се нашло начин да се наплати од него, нема никаков ќар од отписот, тој секако нема да плати ниту има начин да се наплати од него по присилен пат (извршување). Кај извршителите има илјадници такви предмети кои во 2012 се пренесени од судовите и од кои до денес се наплатило се што можело да се наплати а тоа што е останато ненаплатено е празна слама, нема начин да се наплати макар стоеле тие предмети и уште 100 години. Тоа е голема сума на пари кои сега во целост или делумно ЕВН ке си ги земе од државата а владата ке се фали дека ете направила отпис на долговите и ги спасила граѓаните. Пишав и погоре, ваквиот потег на владата најверојатно е поради политички прритисок од ЕВН т.е државата од каде е ЕВН или се работи за еден убав дил според кој државата ке му плати на ЕВН140 мил за да ги отпише тие мртви побарувања а ЕВН од тие пари ке донира нешто на сметки во банки таму некаде на некој остров на крајот на светот.... Во овој случај на тој што му се отпишува долгот тоа му е битно колку и ланскиот снег, и да отпишат и да не отпишат нема начин од него да земат пари.