Знам дека е стар пост на кој одговарам ама сакам да појаснам дека намерно не ги пуштаат сите песни одеднаш или да го избрзаат сето тоа одма секоја година албум со неиздадени песни. Ако го направеа тоа наеднаш да пуштат се што имал неиздадено ќе нема после што да објавуваат ново. Истото се прави и со Мајкл Џексон и ред други светски познати и не толку познати изведувачи. Скоро секој изведувач на планетава земја има работи кој не ги има издадено стојат во некој фолдер во компјутерот, или се најчесто недовршени или затоа што сметале со тимот кој работи дека не е моментот да се дел од некој албум.Зошто да не? Што е толку чудно? Тој беше пејач кој навистина имаше одлични песни и како и секој пејач има свои песни кои дремат дома во некоја фиока кои не се испеани. Што се однесува до спотовите препоставувам тие биле снимани предходно но намерно тогаш не се објавени кога почина бидејќи намерно оставаат некое време да помине за тие истите спотови да ги објават подоцна. Друга работа јас лично дома во мојот флеш чувам видео снимки кои ги имам направено кои не сакам да ги објавам на јутјуб. исто така и текстови кои едноставно не е време да се објават, а не пак Тоше Проески.
Истиот на А1 го даваа и ништо посебно не е документарецов и сите во тој документарец горе доле го зборат истото што со години за него се зборува во емисии и интервјуа.
Мислам дека идеата на документарецот не била да е нешто посебно, туку да направеле подолг прилог за Тоше тогашната екипа на а1 и Жаре. Со интервјуа на тие што го познавале и да се споделат јавно што мислат за него или некоја случка плус, не е некој типичен документарец како филм да го гледаме. Иначе подржувам и јас се што е за одбележување на ликот и делото на Тоше и сите настани направени во негова чест.Истиот на А1 го даваа и ништо посебно не е документарецов и сите во тој документарец горе доле го зборат истото што со години за него се зборува во емисии и интервјуа.
Мое мислење и предлог е да се направи фестивал кој ќе биде во чест на Тоше во Крушево, каде ќе се пеат новокомпонирани песни, парите од продадени карти и гласање за победник да оди хуманитарно. Тоше треба да биде потик за да се работи повеќе на македонската музика и музичка естрада.