Целта е едноставна; власта, по примерот од оние кои ја поставија, има намера да донесе (и носи!) законска регулатива, со која власта сака да постигне максимална контрола врз секој поединец, по било кој основ, вклучувајќи ја и контролата врз неговата работа и неговите приходи. Плус, на власта (тековна...) допрва ќе и‘ требаат зголемени приходи во државното ќесе, за потребите од влезот во НАТО, со што жалосна Северна Македонија ќе биде принудена да купува непотребно оружје, кое, по правило, ќе мора да биде американско.