Не гледам причина што толку се форсира тоа со комбинирање услуги. Таа глупост Вип и Телеком ја воведоа откако го исфрлија One од пазаров за да се добие колку толку попуст на нереалните цени кои ги нудат доколку сакаш поединечно да ги користиш. Телекабел си се сосема во ред со цените моментално. Оптика за 600 МКД никој не ти нуди моментално на пазаров со колку толку сосема задоволителни 20/20 Mbps за обичен корисник.
Е*аните Телеком уште нудат пакети со 8/1 Mbps и 50 GB лимит за 900 МКД во 2019 година. Телекабел (па и Неотел) веќе нудат повеќе од солидни брзини 40/40 и 50/50 соодветно, со тоа што Телекабел нема никаков лимит, а Неотел мислам 5 TB има што веќе е прифатливо, а Телеком уште се на 1 TB. Телеком заради системите нивни уште не нудат статична ИП за оптик корисниците односно мора да те префрлат на профил за АДСЛ корисник па да имаш 12/1 брзина, и така нормално ќе си прифатиш дека на секои 12 часа ќе ти снемува нет на пола минута-минута
Покрај тоа, оние кои се поупатени во оваа работа добро знаат дека Телекабел има сосема солиден сообраќај кон надвор во однос на пинг и слични ствари па дури во некои области подобри се и од МКТ на ова поле.
Истото е за Неотел кои последно време растураат со приклучување на корисници за оптички Интернет. Поради оправдани причини си беа фер, нема да бидат во можност да испорачаат 1/1 Gbps па го тргнаа пакетот. Гарантираното 500/500 Mbps ќе го испорачуваа но немаа максимумот да можат да го достават, не сакаа проблеми да си прават за тоа и капа доле за оваа одлука. Верувам после одредени надградби кои треба да ги направат ќе го вратат овој пакет, но едни од ретките кои си остануваат професионална фирма која си ја работат работата како што треба.
За Вип не сакам да отворам тема за интернетот. Свесни си се добро доколку остават вака што може да ги снајде. Како прво имаат најглупава политика за фер користење од само факинг 500/750 ГБ. Потоа оние кои се поупатени знаат кои се дубари ги прават со ИП адресите со НАТ-ирањето каде што пола маало го ставаат на една јавна ИП адреса па после сите прашуваат зошто Google им бара Captcha за пополнување за пристапување до нивниот сервис. Потоа пакетите, ќе почнам со 100/5 кој го рекламираат. Законски мора да испорачаат 50/2.5, но за жал со аплоудот едвај може и ова да го достигнат. Ги зголемија брзините од 15/1 пред неколку години, мрежата остана иста освен за пофалба беше паметната одлука да се исклучи аналогната и да се зголеми фрекфенциониот опсег за аплоуд сообраќајот, но само на ова останаа што не е доволно.
Ова ви е реалната слика (според мене) за моменталната состојба на македонскиот телекомуникациски пазар па на вас останува да донесете заклучок за повеќе работи.
Точно, Телекабел немаат добро објаснето за пакетите на сајтот, точно е дека сеуште нема систем за проверка на остварен сообраќај, но сето ова ќе се среди, цени за роаминг и што се не ќе се дознаат, системот ќе биде изработен бидејќи е во полза на Телекабел се ова да го направи. За поздравување е обидот туку сега со ваквата состојба на државата и состојбата на телекомуникацискиот пазар да се направи здрава конкуренција која ќе донесе промени и нормални цени на пазарот. Неможе се од преку вечер да сјае за Телекабел. Истото било и кога Космофон влегуваше на пазарот и кога Вип влезе со нивната мрежа.
Добредојдени се сите да коментирате само ве замолувам со оправдани коментари и без навреди. Добредојдени се и оние кои повеќе знаат и се поупатени во работава да објаснат некои работи што како и зошто.