Оваа со фискалните е одлична вест за мајка ми, она од секаде и за денарче што се вика зима фискална сметка, само проблем е што ќе ги сонува тие 30к денари,
денеска се што купила е од Б поточно 5%, само ќесата е од 18%, и заработила цели 2-3 денари со тоа што ја зачувала фискалната сметка,
малку се шалев со неа и викам дека ќе има враќање на ДДВ собирај сметки, она ми вика па што не го укинат зашо да собирам сметки,
и викам, ама мамо само 15% од тие 18%, и ми вика е многу ќе врнале.
На 1000-ка од 7,5 до 27 денари му доаѓа, ако претпоставиме дека работничко просечно семејство има помали приходи од 30к, ама ајде ќе ставиме 360к годишно, просечно му доаѓа 2700-9720 денари, имајќи во предвид дека поголемиот дел ќе оди за храна (која е 5%), просечно семејство ќе “ќари“ 3-4к ден. додека некој “богаташ“ со 90к плата ќе може да заработи 8-29к,
како беше оноа со зголемување на даноците ќе ги вратиме парите кај богатите, зошто сега не стават прагови, пример
до 10к 100% враќање
до 30к 70% враќање
до 90к 30% враќање
до 200к 20% враќање
над 500к да нема враќање.