Се дур има ликови кои отворено ќе ти кажат "мене гајле ми е за државата, битно од партија ме вработија ми го средија животот" ќе ни се случуваат вакви и многу полоши работи. За мене многу болно беше тоа што беше дозволено да зависиме од албанска партија и од нивните два члена дали да ни се сменело името. Се дур тука плачете и кукате, а на наредни избори повторно би гласале за Дпмне или Сдсм, го заслужуваме ова. Не треба да имаш муда да тепаш пратеници, ниту да си два на два да се ставаш на цајкани, ниту да протестираш и да фрлаат солзавци во тебе, се што треба да направиш да земеш пенкало во рака и да заокружиш трета опција или пак да го прешкрташ ливчето, така ќе ја покажеш твојата моќ. Да се жалиме тука, а пак да гласаме за едните или другите е крајно лицемерно, доволно страдавме од нив.