Да, покрај сувото и суровото да гори.
Моја претпоставка е дека крупниот капитал во земјава води потекло од крадени државни добра, во најголем процент.
Институциите на системов никад нема да си ја завршат таа работа, а треба. Ама нема. Нема никој никад да одговара за најголемиот грабеж во државава ("приватизацијата"). Нема никој да одговара ни за другте грабежи.
Затоа треба да ги репнат богатите уште повеќе.
Во светот е слично праведно направена распределбата на добрата.
Нема никој никогаш да одговара, бидејќи транзициските олигарси и слични бабароги кои се богателе од крадени државни добра, се секогаш во спрега со власта. А власта е таа која ги контролира институциите на системот.
Доколку власта намерно ги остава неказнети транзициските олигарси, тогаш логично е дека дури и да се воведе такво неправедно оданочување, тие повторно ќе поминат неказнето и ќе најдат начин да го избегнат легалниот рекет и неправедното оданочување. Се разбира, потпомогнати од власта.
Од тоа "репнување на богатите", репнати и дискриминирани ќе бидат само тие кои чесно и поштено си го заработиле богатството. Нивните пари ќе завршат како тендери за транзициските олигарси. Ќе гори само суровото.
Тогаш имаме ситуација во која богатството, наместо во 1% од населението, ќе биде во рацете на 0,001% од населението - политичарите и нивните пајташи од приватен сектор. Тогаш со него ќе менаџира транзициската курва Шеќеринска, меѓу народот позната како скубаната кокошка од СДСМ. И слични на неа.
Е сега, ако имаш доверба во такви ликови како Шеќеринска и ебиветеркото од Муртино, тогаш океј, нема потреба од понатамошна дискусија.