Ајде мал коментар и за нашава група. Не е онолку силна како А, но од друга страна е можеби најтешка за минување во втората фаза.
-
Јапонија - репрезентација која работи максимално сериозно во пресрет на ОИ во Токио но сепак да не се залажуваме, репрезентација која е со релативно скромни можности. Малку и претеравме со возвишување по пристојните партии во пријателски натпревари против репрезентации кои не се подготвуваат за СП и настапуваат во комбинирани состави. Пристојни настапи против новиот состав на Полска без ниту една од нивните ѕвезди (леле колку се паднати овие аууу), преполовена Чешка, Швајцарија без Шмид, не се тоа до толку добри резултати колку што навидум изгледа. Ќе бијат битка со Бахреин за пласман во топ 20.
-
Бахреин - Не е наивна селекција и е екипа која знаела во минатото да му прави проблеми на посериозни репрезентации, реално е и појака од Јапонија, но не е ни екипа од која треба нашите да се плашат. Реално ќе се борат со Јапонија за 5то место во групата и за очекување да завршат околку 20тото место. Не верувам дека има ризик да бидат последни на СП, поквалитетна екипа се од екипи како Ангола, Чиле, Саудиска Арабија, Кореа и сл. Не треба да се потценат никако, сигурно се поопасни од Јапонија.
-
Исланд - Секогаш опасни, но во последните години без позначаен резултат. Мислам дека почнаа да се средуваат и тргнуваат во една нагорна линија, но исовремено тоа доаѓа со едно сериозно подмладување кое го прават на ова првенство а гледам ретко кој го коментира низ нашиве медиуми. Главниот фокус е на легендата Сигурдсон, но реалноста е дека на лево крило се најдобро покриени исланѓаните и воопшто нема да го осетат неговото отсуство. Многу поголем проблем/новина се отпаѓањата од списокот на 2та бекови стартери Карасон (кој не наполни со голови од 9 метри пред 2 години ако добро се сеќавам) и Смарасон од Алборг. Плус од пред некоје време веќе ги нема Атласон и Халмгримсон. Длабочината во екипата е сериозно пореметена, практично и немаат замени з првата 7ка, а многу голем влог е ставен врз плеќите на нискиот Магнусон на десен бек и Арнарсон на пикер играчи слична возраст како Талески и Кузмановски. Се ова не значи дека треба да се потценат - далеку од тоа, исланѓаните може да победат и далеку посилни репрезентации од нашата, ама не се ни баук напротив се во слична позиција како нас.
-
Хрватска - Можеби најнепредвидлива селекција во групата. Логиката на Лино ќе биде негова класика - целосен фокус на одбраната и напад ориентиран на индивуалните можности и интелигенција на бековите, како и се разбира неговиот понов додаток 7-6. Тоа и не е така лоша тактика за овој состав, кој практично се што има од повисоко ниво на квалитет се средни бекови. Доста чкрипат на лев и десен бек, имаат проблеми и на пикер и на голман. Нема да ме чуди нивната форма да варира од натпревар во натпревар многу. Не се воопшто сигурни против Исланд и Македонија, но не се ни за потценување против Шпанија.
-
Шпанија - Освојувач на титулата на последното големо натпреварување, но според мене една од најпреценетите екипи на првенството. Не е спорен нивниот квалитет, но би рекол само во одбрана (каде Морос, Гвардиола, Кањељас + Перез Де Варгас и Коралес на голот и натаму го формираат еден од најдобрите ако не и најдобар бедем на првенството). Во напад далеку е оваа екипа од останатите фаворити за медал и со правилен пристап и добар ден мислам дека се победливи. Во 2019та сеуште главно оружј во нападот да ти се Кањељас, Ентрериос и Сармиенто, според мене е знак за потенцијален проблем. Доста ќе зависат од Алекс Душебаев иако не го обожаваат премногу во репрезентација бидејќи игра само во еден правец.
Како и да е џабе се прават математики, гарант нема да излезе групата како што се предвидувањата. Ќе има изненадувања овде и ќе треба да се оди на победа на сите натпревари.
За Македонија малку покасно
[DOUBLEPOST=1547149393][/DOUBLEPOST]Што да се каже за нашите за ова СП. Прво бев доста песимист, ама како зедов да го читам песимизмот од сите страни + состојбите во противничките екипи, некако на крај испаднав оптимист
Од 18те веројатно ќе отпаднат Даскаловски и Лазаревски. Серафимов, Танкоски и Чурлевски во составот но мислам дека ќе бидат надвор од стандардната ротација (заедно со 2риот голман Митревски кој секако ќе влегува само ако не му оди на Ристовски - дај боже порано да почне да реагира Раул, Митревски последните 2-3 години доста добро брани секогаш кога ќе добие шанса).
Останатите 12 би требало да го понесат товарот.
- На лево крило Манасков со 60 минутна минутажа.
- На десно крило Георгиевски кога Кире е блиску до клупата да се менува, Поповски кога е десната страна на подалечната дијагонала по што Поповски би играл на 2ка во одбрана. Генерално ќе делат минутажа.
- На пикер горе долу очекувам да делат минутажа Стоилов и Пешевски, Стоилов веројатно ќе игра повеќе со Ф.Лазаров, Пешевски со Кузмановски. Тука битно е да се напомене деке веројатно ќе гледаме многу 7-6 што значи и двајцата пикери ќе бидат во игра. И не е така луда стратегија оваа на ова првенство со оглед дека на пикер сме можеби и најјаки офанзивно во споредба со другите екипи.
- Талески / Кузмановски / Лазаров стартна постава, Ф.Лазаров ќе се ротира на лев и среден и тука ќе се подели минутажата во напад
- Во одбрана В.Маркоски стандардна замена за Кире или Пешевски. Во одредени ситуации мислам и Крстевски ќе влегува кога ќе се прават 2 замени и веројатно ќе брани н 2ка или 5ка
- Од тактичка страна освен малку побрза игра при 6-6, и доста 7-6 не очекувам нешто драстично ново. Можеби малку помала зависност од десниот бек. Мислам дека играта овојпат не е толку насочена за да се завршува преку шут на Кире, ама ајде да видиме, за тоа ќе треба похрабро да одиграат Талески и Кузмановски.
- Во одбрана мислам дека по долго време покрај стандардната 6-0, ќе имаме и плитка 5-1 одбрана, одбраната која беше типична за Вардар на Раул и за која мислам имаме играчи, повремено и 5+1 со истурен понизок играч напред. Која кога ќе се користи веројатно ќе зависи од противникот и моментот на натпреварот (полувремето, замените и сл.)
Оптимист сум дека ќе одиграат генерално добро нашите. Што ќе значи тоа од аспект на пласман во втора фаза и конечен пласман не знам. Групата е тешка, комплицирана. Не е крај на светот и да не поминат, но нема да биде ни чудо ако поминат со пренесени бодови.
Останува од утре да навиваме, и да се надеваме на најдоброто!