Правна помош и совети

baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
@baramrabota1

Господине,
Пак се враќаме назад, ако добро го прочиташ и протолкуваш мојот пост ќе добиеш одговор на повеќето од твоите прашања.
Ќе пробам редоследно да ти одговорам или да ги дополнам веќе дадените одговори на некои твои прашања:
1.Тоа дека доверителот/тужителот го повлекол предлогот за издавање платниот налог во 2015 година не значи дека се откажал од тужбеното барање.
Тој може да се повика повторно на истото тужбено барање, односно во случајот да поднесе предлог за издавање на нотарски платен налог се додека не му застарат фактурите.
Значи во 2015 година кога прв пат стигнал до тебе предлогот од судот, по моја претпоставка тие ( тужителите, Дајнерс ), констатирале дека испратиле против тебе два предлози за издавање на платен налог.
Едниот го повлекуваат, а другиот го оставаат на натамошно одлучување пред судот.
Што се случило со тој предлог по кој сега решава Апелација? И зошто не ти бил доставен? Ви објаснив која е најчестата причина заради која на многу луѓе како тебе им се случи ваква работа.
Неажурноста на судовите, огромниот хаос со папирологијата при предавањето на списите на релација СУД- НОТАРИ- ИЗВРШИТЕЛИ доведе до ова ниво на кое е денес правосудството.

2. Околу поднесениот предлог за извршување.
Значи ова е друга работа и различна од предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог.
Сега тој предлог за извршување се нарекува барање за извршување.
Порано до Основен Суд се поднесуваше предлог за извршување. со тоа што во прилог кон тој предлог се ставаше правосилна исправа, Пресуда, Решение за платен налог.
Па судот ставаше печат за извршност на тој предлог и истиот имаше својство на извршна исправа, па потоа истиот се спроведуваше преку извршно одделение на судот на натамошна присилна наплата од должникот.
Во твојот случај, со оглед дека кога доверителот го поднел предлогот во времето кога не беа стапени во сила измените во Законот за извршување доверителот поднел предлог за извршување.

3. Околу полномошното,
Ти објасни е еден член во некој претходен пост, ќе пробам и јас.
Значи, во тоа време, кога се работеше за некој доверител/тужител кој во судот имал повеќе предмети каде води постапки, а во случајот со платните налози како кај тебе доверители кои имаа повеќе предмети како банките, телефонските оператори, ЕВН, Водовод итн, истите кога поднесуваа предлози за издавање на решенија до судот депонираа едно УНИВЕРЗАЛНО ПОЛНОМОШНО во кое беше наведено дека ТОЈ И ТОЈ АДВОКАТ, ИЛИ ТОА АДВОКАТСКО ДРУШТВО има овластување да поднесе предлози за издавање на решенија за платни налози, па од тие причини не си го видел полномошното кога си правел увид во списите на предметот.
Така фунционираше судската пракса порано, за жал, сега со новите измени на ЗПП од 2011 година мора да има во секој предмет уредно заверено полномошно со потпис и печат од адвокат

4. Околу тоа дека си го пропуштил рокот за жалба.
Ти одговорив и претходно, сега само ќе дополнам,
Без разлика на тоа што си го откажал полномошното дадено на адвокатот, си морал да инсистираш да ти биде даден препис од пресудата за да вложиш жалба.
Не си одам од писарница и готово, само со писмено барање не се брка работа во писарница, ниту во државна институција. ДОКАЖАНО....Сепак за Македонија правиме муабет.
Пак ќе ти кажам, усно си требало да инсистираш да ти биде даден примерок од пресудата, ова ти го кажувам од искуство, затоа што секој ден имам работа со судска писарница, и знам во детали како оди во пракса ова, доколку си инсистирал и да си бил упорен ќе си добиел препис од пресудата,
Разбирам да си трето лице, ама на директен учесник, странка во постапка некој да не и даде препис од пресуда на нејзино инсистирање и на фактот што го откажала полномошното дадено на претходниот адвокат е нејасно.
Фактот што си знаел дека има пресуда против тебе, и си бил свесен за рокот кој ти е даден да изјавиш жалба и пред се што не си ангажирал друг адвокат во рокот да поднесе жалба во твое име е твоја вина.
И очекувај на тие аргументи да се базира и одлуката на Апелација, по твојата жалба за укинување на клаузулата за прависилност и извршност. ( дај боже да грешам и да досудат во твоја полза ).

Поздрав, ти посакувам да успееш во постапката.
Прво да Ви се заблагодарам за ОПШИРНОТО објаснување.
Во глобала се согласувам со Вас, но ова последното во кое Велите дека сум знаел за пресудата и дека сум знаел за роковите,,,,,,, Вистина е дека знаев дека има пресуда. Се обратив до повеќе адвокати и сите ми рекоа дека треба да имаат пресуда за да можат врз основа на што да се повикаат во ЖАЛБЕНИТЕ НАВОДИ . А за она со писменото обраќање за препис на пресуда..... Вистина дека живеееме во Македонијаи , ама таквата упорност од типот : НЕ СИОДАМ ДОДЕКА НЕ МИ ДАДЕШ ПРЕСУДА или слично...не држи место. Кога јас во судот би постапил така арогантно..само би навлекол на себе уште некоја тужба за насилно однесување или богзнае за уште што не ?!?!
Адвокатот ( без разлика што не сакам не можам да го замислам ) сепак , навремено со писмен ДОПИС ( ПОДНЕСОК ) уште на првиот ден од рокот за жалба го известил судот дека го откажува полномошното и дека пресудата ја враќа во судот со цел да ми се врати ( достави ) - овој поднесок фигурира во предметот ( при мојот увид во предмет ).

Гледам не Ви се верува дека судијата не сакала да ми даде препис на пресуда ?!?!? Зошто тогаш , судијата не ми одговори на моето барање за препис на пресуда ( без разлика на исходот на тој одговор ) , притоа занемарувајки го Уставот на РМ како највисок законодавен акт во РМ т.е член 24 кој гласи : Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор. Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.
Затоа овој предмет е на разгледување во Судски Совет на РМ а наскоро и во СТРАЗБУР.. Не сум оптимист затоа што знам кој стои пред мене : ГОЛЕМИОТ ДАЈНЕРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ. Во крајна линија ке ја тужам РМ затоа што толку години го "КРИЕЛА ПРЕДМЕТОТ" ИЛИ ПАК И БИЛ ИЗГУБЕН ВО СУДСКИТЕ АРХИВИ - мене лично не ме интересира.Судот , доверителот , имале милион начини во текот на овие 13/14 години барем еднаш да ме известат или да донесат пресуда против мене, Тие не ни покренале судска постапка , а сега треба да плакам камати за нивните грешки и пропусти.
Пријателе , 2002 г тужев ЈП каде што работев,,,,, сите велеа дека немам шанси, ама имав некоја интиуција дека ке успеам и успеав , бев упорен и успеав, Само една дигресија : 6 години водев доказна постапка за отказно решение ( не сум се јавил 3 дена на работа ).......

Се ке излезе на виделина ,,, некој ке одговара дебело пред законот
 
Член од
4 декември 2018
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали имам право да ја наследам семејната пензија од мажот ми која сега ја користи мојата ќерка,кога ќе наполнам 50 години старост.Бидејќи на денот на смртта на мојот сопруг немав ни 40 години. Ако некој знае да ми одговори, благодарам.
 
Член од
6 декември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Имам едно прашање што ме држи од спиење со месеци и ми треба одговор ако некој знае.

Ме имат фатено алфи со многу мало парче екстаза за самоупотреба прв пат што одлучив да пробам. Имам идено во полициска станица и во НТШ дадов записник и ме пуштиа без да ме сликат. Моето прашање е дали на некој му се случило истото и дали има некој ризик за казна или затвор? или дали ке дојде некоја покана за суд после неколку години? ми стои врз глава и немозам да функсионирам од што незнам што ке се случи.

Ви благодарам однапред за одговори.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Имам едно прашање што ме држи од спиење со месеци и ми треба одговор ако некој знае.

Ме имат фатено алфи со многу мало парче екстаза за самоупотреба прв пат што одлучив да пробам. Имам идено во полициска станица и во НТШ дадов записник и ме пуштиа без да ме сликат. Моето прашање е дали на некој му се случило истото и дали има некој ризик за казна или затвор? или дали ке дојде некоја покана за суд после неколку години? ми стои врз глава и немозам да функсионирам од што незнам што ке се случи.

Ви благодарам однапред за одговори.
Од пракса слични случаи не ги процесуираат бидејќи количината е мала, евентуално може прекршочна казна да платиш и тоа е тоа, ич да не му се секираш тоа затвори идење нема теорија.
 
Член од
8 декември 2018
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ме интересира дали ќе има проблем доколку поведам судски спор со особа која е државјанин на МК а не живее тука (има лк и адреса на живеење во МК). Се работи за навреда во пишана форма (писмо) која е пратена на друга особа а се однесува на мене
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
253
Поени од реакции
60
Родители живеат во заедница со семејство на мажот. Родителите сакаат да купат стан за синот но притоа неговата сопруга да нема никакво право на станот доколку се разведат. Децата се малолетни.
Каков договор да направат со продавачот?
Купопродажен договор продавач - родители па потоа договор за поклон родители - син или 2. директно купопродажен договор продавач- син со изјава дека они го купиле станот. Како да се избегнат дупли трошоци а да се реши сопственоста на ваков начин?
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Не можам никаде да најдам закон каде што пишува колку е дозволено застанување на авто - такси превозник на улица. Порано беше 15мин. Сега како што сум слушнал е 3мин. Меѓутоа некои викаат дека не се, смее да се застанува. Ако нелне е запознаен или го има законот нека пише.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Дали неактивна фирма во ЦР (дооел) може да презема одредени правни дејства? Пример поднесување документи во општина, дали има важност ако потпише воопшто документ, склучување договори со таква фирма и слично
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Може ли да се бара извршување на договор за заем, потпишан и заверен на нотар?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Може ли да се бара извршување на договор за заем, потпишан и заверен на нотар?
Да, ако има вметнато во договорот клаузула ( член во договорот ), дека ако не се придржува едната страна кон своите обврски таквиот договор да има својство на извршна исправа.
Доколку нема ќе треба сето тоа да се докажува преку суд, со тужба.[DOUBLEPOST=1545720653][/DOUBLEPOST]
Родители живеат во заедница со семејство на мажот. Родителите сакаат да купат стан за синот но притоа неговата сопруга да нема никакво право на станот доколку се разведат. Децата се малолетни.
Каков договор да направат со продавачот?
Купопродажен договор продавач - родители па потоа договор за поклон родители - син или 2. директно купопродажен договор продавач- син со изјава дека они го купиле станот. Како да се избегнат дупли трошоци а да се реши сопственоста на ваков начин?
Купопродажен договор- родители- продавач.
Па потоа договор за дар со синот, договор во кој ќе биде вметнат член дека дарувачите се запознати со фактот дека синот е во брак со својата сопруга, но нивна желба и волја е станот кој го даруваат да биде во исклучива сопственост на нивниот син, односно да не се смета како заеднички имот, односно имот стекнат во брак.
 
Последно уредено:
Член од
6 август 2008
Мислења
46
Поени од реакции
21
Za eden drugar e postov Ima kuka koja e divogradba i istata e opfatena so zakonot za legalizacija znaci se e napraveno i elaborat i e pominato od opstinata , ima dadeno presmetki za naplata samo ne e naplateno , e sega znaeme deka zakonot za legalizacija vazi do 31.12.2018 dali dokolku ne se plati do taa data ke treba posle toa nova postapka novi presmetki ili ke si ostane samo da se naplati ?
 

baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Ne ste dobro informirani, jas sum advokat pa od prva raka znam, a i ne bi vi preporacala sami da si podgotvuvate predlog...[DOUBLEPOST=1510520041][/DOUBLEPOST]Po

Po sluzbena dolznost sudot go raspredeluva predmetot do notarot...
Vo kontekst na temava da Ve prasam nesto ???

Ima li opredelen rok za postapuvanje koga sudot ke go dodeli predmetot kaj NOTAR ??
Konkretno -- Vo mojot slu;aj se raboti za platen nalog , sudot - predmetot go dal kaj notar vo 2011g a mene notarkata NPN mi go dostavuva vo 2018.g .
Sudot od 2003/4god predmetot go cuva vo sudskite arhivi pa vo 2011 god go sproveduva do notar , ovoj pak uste 7 god go cuva kaj sebe i ja sega treba da plakam kamati izvrsiteli i slicno. KADE E OVDE PRAVDATA???? Mislam ova e nepravda ???
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
227
Поени од реакции
135
Првото, општината нуди некоја парцела си плаќаш депозит и одиш на аукција за таа парцела што ја сакаш, ако имаш среќа да нема многу што ќе платат ја зимаш ефтино, значи имаш А, Б, В, Г зависи што е планирано за градба и почетната цена е од 61 па над 1100 за квадрат.

Второто ти е првенствено наменето за газдите да си ги купат двориштата околу нивните фирми, значи некој што успеал да купи шупа, фирма или било што за безпари, сега му се нуди да си ги купи и илјадниците метри квадратни одоколу за само 3 евра од квадрат,
нормално немаше да биде замачкување на очи ако нема трошки и за обичните смртници.

Така за обичниот човек има опција да си го купи сопствениот двор за 1 евро, кога се правела урбанизацијата парцелите се прилагодувале за куќа, зграда и сл. и на сите сопственици им било ставано корисничко право, на поранешниот сопственик му давале една, две парцели, а останатите ги делеле/продавале преку државните фирми, ама тоа корисничко право си останало,
така сега ако некој таков сопственик неможе да докаже дека имотот го наследил/купил од некој прадедо, т.е. не може да докаже дека имотот е на некој што бил запишан при првото попишување на имот по војната, сега ќе си го плати имотот за 1 евриче.
Dali na ovoj nacin moze da se otkupi del od potkrovje ?
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Dali na ovoj nacin moze da se otkupi del od potkrovje ?
На овој начин се приватизира градежно земјиште (ако е корисник), односно се купува градежно земјиште (од општината, целото такво земјиште е отстапено на општините).
За објекти знам дека општината продава ако е во нејзина сопственост, и го продава по некоја реална пазарана цена.

Претпоставувам поткровјето е во сопственост на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор и немам поим како и што продаваат и под какви услови.
 

Que

Член од
10 април 2013
Мислења
78
Поени од реакции
56
Kako stran drzavljanin so kola registrirana i osigurana vo druga zemja moram da viknem policija ako mi se sluci nesrekja.
Sega susnav da moras da platis na policija da izleze. Dali e to isitna i koliko to kosta?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom