@baramrabota1
Господине,
Пак се враќаме назад, ако добро го прочиташ и протолкуваш мојот пост ќе добиеш одговор на повеќето од твоите прашања.
Ќе пробам редоследно да ти одговорам или да ги дополнам веќе дадените одговори на некои твои прашања:
1.Тоа дека доверителот/тужителот го повлекол предлогот за издавање платниот налог во 2015 година не значи дека се откажал од тужбеното барање.
Тој може да се повика повторно на истото тужбено барање, односно во случајот да поднесе предлог за издавање на нотарски платен налог се додека не му застарат фактурите.
Значи во 2015 година кога прв пат стигнал до тебе предлогот од судот, по моја претпоставка тие ( тужителите, Дајнерс ), констатирале дека испратиле против тебе два предлози за издавање на платен налог.
Едниот го повлекуваат, а другиот го оставаат на натамошно одлучување пред судот.
Што се случило со тој предлог по кој сега решава Апелација? И зошто не ти бил доставен? Ви објаснив која е најчестата причина заради која на многу луѓе како тебе им се случи ваква работа.
Неажурноста на судовите, огромниот хаос со папирологијата при предавањето на списите на релација СУД- НОТАРИ- ИЗВРШИТЕЛИ доведе до ова ниво на кое е денес правосудството.
2. Околу поднесениот предлог за извршување.
Значи ова е друга работа и различна од предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог.
Сега тој предлог за извршување се нарекува барање за извршување.
Порано до Основен Суд се поднесуваше предлог за извршување. со тоа што во прилог кон тој предлог се ставаше правосилна исправа, Пресуда, Решение за платен налог.
Па судот ставаше печат за извршност на тој предлог и истиот имаше својство на извршна исправа, па потоа истиот се спроведуваше преку извршно одделение на судот на натамошна присилна наплата од должникот.
Во твојот случај, со оглед дека кога доверителот го поднел предлогот во времето кога не беа стапени во сила измените во Законот за извршување доверителот поднел предлог за извршување.
3. Околу полномошното,
Ти објасни е еден член во некој претходен пост, ќе пробам и јас.
Значи, во тоа време, кога се работеше за некој доверител/тужител кој во судот имал повеќе предмети каде води постапки, а во случајот со платните налози како кај тебе доверители кои имаа повеќе предмети како банките, телефонските оператори, ЕВН, Водовод итн, истите кога поднесуваа предлози за издавање на решенија до судот депонираа едно УНИВЕРЗАЛНО ПОЛНОМОШНО во кое беше наведено дека ТОЈ И ТОЈ АДВОКАТ, ИЛИ ТОА АДВОКАТСКО ДРУШТВО има овластување да поднесе предлози за издавање на решенија за платни налози, па од тие причини не си го видел полномошното кога си правел увид во списите на предметот.
Така фунционираше судската пракса порано, за жал, сега со новите измени на ЗПП од 2011 година мора да има во секој предмет уредно заверено полномошно со потпис и печат од адвокат
4. Околу тоа дека си го пропуштил рокот за жалба.
Ти одговорив и претходно, сега само ќе дополнам,
Без разлика на тоа што си го откажал полномошното дадено на адвокатот, си морал да инсистираш да ти биде даден препис од пресудата за да вложиш жалба.
Не си одам од писарница и готово, само со писмено барање не се брка работа во писарница, ниту во државна институција. ДОКАЖАНО....Сепак за Македонија правиме муабет.
Пак ќе ти кажам, усно си требало да инсистираш да ти биде даден примерок од пресудата, ова ти го кажувам од искуство, затоа што секој ден имам работа со судска писарница, и знам во детали како оди во пракса ова, доколку си инсистирал и да си бил упорен ќе си добиел препис од пресудата,
Разбирам да си трето лице, ама на директен учесник, странка во постапка некој да не и даде препис од пресуда на нејзино инсистирање и на фактот што го откажала полномошното дадено на претходниот адвокат е нејасно.
Фактот што си знаел дека има пресуда против тебе, и си бил свесен за рокот кој ти е даден да изјавиш жалба и пред се што не си ангажирал друг адвокат во рокот да поднесе жалба во твое име е твоја вина.
И очекувај на тие аргументи да се базира и одлуката на Апелација, по твојата жалба за укинување на клаузулата за прависилност и извршност. ( дај боже да грешам и да досудат во твоја полза ).
Поздрав, ти посакувам да успееш во постапката.