Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Добар трејлер.(и немора да значи дека филмот ќе биде добар)
Еј Роберт патисон толку неславно успеа да се пробие во филмските води,да сега кога вреди да се глеа минатото му квари просек.Стварно ми е мило малиот умее.Друга работа на една актерка и течеше крв од носот си викам ако е малава од Телма,ќе ми прерасне ова у некој чуден дркаџиски фетиш да ја глеам како и тече крв од носот,одма се уклучувам у акција барам,нема благе везе ова се вика Миа готх,се водат под мишка заедно со Шијата,од друга страна ова малава од Сител Еili harboe нема допирна точка со HIGH LIFE крај на приказната.Од друга страна па Миа се појавува у A Cure for Wellness,а пошо и Телмата и Лекот се одлични филмови,а и имаат иста инди жичка може тука сум ги помешал брзините со актереркиве шо знам.Инаку за тие шо не го глеале A Cure for Wellness веднаш,и за тие шо не го глеале Шутел веднаш палете си торентчињата.Башка у филмчево се јавуе и Juliette Binoche па ако сте фанови на ова француска дама ете ви причина плус да го

Инаку норвежанкава си гази (y)

  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Roma, пробав да оправдам оценката што ја има, не можев. Онаа нарацијата го направи и така досадниот филм, уште подосаден.

Bad times at the El Royale, бар беше интересен и ме занимаше како ќе заврши. Не дека е нешто невидено, непредвидливо и остало, али бар Хемсфорт денсаше на Дип прпл во раскопчана кошула, со лоша фризура и педо мустаќи, последното занемарливо.
 
Roma, пробав да оправдам оценката што ја има, не можев. Онаа нарацијата го направи и така досадниот филм, уште подосаден.
Филмот е ко некоја лирска песна. И самиот Куарон вели - тоа е љубовно писмо кон мојата дадилка, жена која го изгледала и која се уште работи за неговото семејство. Филмот е како некој сон во кој се монтирани исечоци од сеќавањата од детството на Куарон. Има прекрасни моменти филмот, не смеат да се занемарат, ама искрено, да, по толку фалење и јас очекував нешто малку повеќе. Само мене ми беше далеку од досаден.
 
Досаден, во смисла, не ми влијаеше никако. Освен таа една сцена, која секој ќе го дирне, знаеш на која мислам веројатно, другото ми беше онака, сосема рандом. Пак е над просек филм, само не за таа оценка што ја има.
 
Ама сепак, ќе навивам за него за Оскар, а не за тоа ѓубрето на Гага и Купер.
 
Ауч, поголемо разочарување од Fantastic Beasts: The Crimes of Grindewald одамна сум немал. Ми беше срам што на ...And Where to Find Them сум му дал шестка, зашто во споредба со ова е masterpiece. Приказната не знае кај води, кај тера, поента никаква, ликовите ко да не ни требаа... Ко шпанска серија во Хари Потер-world да гледав. Ужас!
 
Браво Златко
werh.png
upload_2018-12-23_21-37-2.png
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Ме разочара Everybody Knows, не дека филмот е лош ама очекував повеќе од таква приказна. Искрено фамата околу режисерот Ашгар Фаради не ми е баш јасна со оглед на тоа дека ова е трет филм што го гледам од него и постојано го имам истото чувство на рамнодушност.

п.с не ми е гледан A Separation
 
Ауч, поголемо разочарување од Fantastic Beasts: The Crimes of Grindewald одамна сум немал. Ми беше срам што на ...And Where to Find Them сум му дал шестка, зашто во споредба со ова е masterpiece. Приказната не знае кај води, кај тера, поента никаква, ликовите ко да не ни требаа... Ко шпанска серија во Хари Потер-world да гледав. Ужас!
Првиот дел беше невиден хаос, уште јасно се сеќавам дека пиев аналгин после филмот, глата ми чадеше од тие звучни ефекти и магии овде магии онде.
 
Хуморов во новиот Џони Инглиш исфорсиран ептен, нешто како стендапот на Жаре во еден на еден.

Чудно е како препознаваш исфорсиран хумор на филм а не ти текнува да намалиш со форсирањето на твојот на форумов.
 
Mid90s е ептен feelgood филмче проткаено со голема доза на носталгија за времето кога се имаше дружба, се денгубеше на маало, се возеа скејтови, се слушаше музика (рокери вс рапери), закачки, караници и смеа, многу смеа...
Секој од нас кој растел во тоа време ќе успее донекаде да се пронајде во ликот на Стиви и дешавките што му се случуваат ќе му бидат како дежа ву, како временска капсула од детството.
Во последно време ептен ми се свиѓа што се враќа некако тој 90s vibe. Треба повеќе овакви филмови. Добро е, за првенче, Џона.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom