M
Macedon1um
Гостин
Деновиве актуелни беа протестите во Тетово против кладилниците и казината, каде што оние што протестираат (подржани пред се од верските лидери) побараа поголема контрола при отварањето и работата на кладилниците и казината како и промени во законот за игри на среќа
Накратко барањата им беа
- Објектите за игри на среќа да бидат 3км надвор од населено место
- 5% од профитот на овие објекти да одат за лечење на зависниците од овие игри на среќа
Свесни сме дека се повеќе луѓе пробувајки да избегаат од сиромаштијата посегнуваат по вакви начини за „брза заработка“ па така само во последната година приходот на кладилниците се зголемил за 20% или скоро 200 милиони евра приходи на годишно ниво. Чисто статистички трите најголеми кладилници имаа нешто помал приход од двата најголеми ланци маркети во Македонија што е лудост, но од друга страна евентуална забрани и рестрикции какви што се воведоа во Албанија би било ограничување на слободата на граѓаните и секако би го намалил бројот на вработувања кои ги носи оваа гранка која секако не е за „потценување“.
Баш ме интересира што мислат обичните луѓе, без разлика дали посетуваат вакви објекти или не.

... апарати треба да има само во казината , таму се збира тешка багра и нека се ебат како сакаат. А спортска обложувалница е спортска , поврзано со спорт, каков спорт е чукање на апарат.... јесда коцка е коцка.. ама не е исто.
. Имаш преку лето албанци дојдени од Швицарска, полни ко брод... и сега место да земат да прошетаат низ земјава чим веќе дошле, тие 24/7 дремат во кладилниците, зјапаат во телевизорите, и лупаат пари.