Сатанизмот е едно од најнедефинираните учења. Од блекери во Норвешка што палат цркви до спиритуални сатанисти што сакаат да ебнат нешто со помош на њу ејџ глупости.
Не постои некаква официјална доктрина според која се водат сатанистите како што е Библијата или Куранот. Можеби „Црната Библија“, но таму нема ништо страшно (освен по некоја вуду магија на смртта со бизарни прокси-кукли).
Во моментов, по некој залутан будала или група од 5-6 будали што прават пиздарии, се далеку од некоја организирана религија која е опасна. Ставање на исламот и сатанизамот во ист кош е повеќе од претерано. Лавејанците не се поголеми сатанисти од некои блекери што убиваат животни во име на Сатаната бидејќи Сатаната не постои.
Мене ми е пострашно тоа што повеќето од вас што се расправаат овде се луѓе во заблуда што не може да се помират со фактот дека демони, ангели, магии, самовили и слично, се приказни за мали деца. Смешно личи бидејќи еден што верува во едни измислици, се расправа со друг што верува во други измислици и се караат чии измислици се поопасни за светот.
Верувам дека ова е најразумната позиција според мојата атеистичка перспектива која е најточна (Во мојата соба имам постери од Докинс и Сем Херис):
Бидејќи Сатаната не постои, ако некој прави срања во име на Сатаната, треба да биде осуден соодветно на тежината на злосторот. Ако некој не прави срања во име на Сатаната, нема зошто да биде осуден. Секој може да му препише секакви атрибути на Луцифер и зависно од атрибутите што му ги препишува, Луцифер може да биде концепт во име на кој се прават добри работи или да е концепт во име на кој се прават глупости.