Добро, ти влегуваш јунговски во целиот муабет. Според ова што го кажуваш, ти си против личностите кои пробуваат да му наметнат идеолошка лепенка на митосот и не сакаш сатанизмот да се сумира во некоја идеолошка рамка бидејќи таква не постои иако некои самодекларирани сатанисти веруваат дека постои (аутистични интровертни блек-металци).
Митолошките ликови може да станат „теолошки ликови“ ако определена група луѓе одлучи да им даде онтолошка тежина. Тие ја сведуваат митологијата на теологија. И во нивната слика за сатанизмот, на која тие имаат право според тебе, сатанизмот треба да се практикува теолошки и со идеолошка основа. Во такви ситуации, најморално е истите да бидат осудени бидејќи се штетни за околината, не?
Во тој случај, не може да тврдиш дека тие имаат право на свое толкување бидејќи нивното толкување повредува луѓе. Поради тоа, не секој има право на свое толкување ако толкувањето може да доведе до неморални постапки.
Дали од ова следува дека само сликите за сатанизмот кои не се опасни се морално оправдани? Ако нема „слика“ која е морално пооправдана од друга слика, тогаш нема зошто сликата на блекерите која вклучува идеологија да биде помалку валидна од другите. А ако има, тогаш си го побиваш овој дел:
Јунговото релативизирање на симболиката, а со тоа и вистината, не' носи до релативизирање на етиката (не може да избегаш од тоа). Како го решаваш тој проблем?