- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.986
- Поени од реакции
- 37.268
Годинава 2 дена порано од вообичаениот 30 ноември, еве ја темата за Оскарите за 2018 година. Особена чест и задоволство ми е што по седми пат ќе ја отворам токму јас темата за најважната награда во светот на филмот, наградата на Американската филмска академија (во продолжение AMPAS или Академијата). Официјално, како и секоја година во последниве 10, оскаровската сезона започна кон средината на ноември (годинава на 18.11) кога беа доделени првите златни статуетки, на т.н. Governors Awards, за животно дело и специјални заслуги кон филмската уметност. Добитници на првите Оскари за оваа сезона се: актерката Сисели Тајсон, композиторот Лало Шифрин и издавачот Марвин Леви. Меморијалната награда Ирвинг Талберг ја добија филмскиот продуцент Кетлин Кенеди и режисерот Френк Маршал. Продолжуваат со презентирањето на кратките листи на филмови кои ја продолжуваат трката до номинација во некои категории како странски филм, краток анимиран, документарец, визуелни ефекти, музика, песна и сл., подоцна, на 22 јануари 2019 ќе бидат објавени номинациите во сите категории, за на 24 февруари 2019, во Dolby Theatre, во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија, да бидат доделени златните човечиња наречени Оскар за најуспешните во тие категории. Годинава продуценти на шоуто се нови: Donna Gigliotti и Glenn Weiss, а водителот се уште не е познат.
За да не останат Оскарите без скандали (пред две години ја имавме грешката со погрешно презентираниот освојувач на главниот Оскар - La La Land, лани скандалот со обвинувањата за сексуално вознемирување кое стави крај на нечии кариери), годинава, на 8 август, на Академијата и падна на ум да воведе нова категорија - „Најдобар популарен филм“, и среќа, останаа живи. Но при тоа беа искритикувани од секое живо суштество на земјава кое ја слушнало таа небулозна одлука, па затоа, решија да станат попаметни од што се и да ја повлечат категоријата, до моментот кога ќе се створеле услови за неа (се надевам никогаш).
Но да се вратиме ние на нашава тема. Зошто сме толку рано тука? Сме го збореле ова, вратете се назад во претходните теми:
2012
2013
2014
2015
2016
2017
Стандардно, до објавувањето на номинациите пишувајте ги тука вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум. И секако, по доделувањето на Оскарите, петтите по ред Kajgana Movie Awards!
Еве ги годинешните фаворити во некои од главните категории:
_________________________________________________________________
ФИЛМ (ранг-листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг. со кликање на името или постерот, одите до IMDB страницата за филмот)
1. A STAR IS BORN - Bradley Cooper (8.2)
2. ROMA - Alfonso Cuarón (8.6)
3. THE FAVOURITE - Yorgos Lanthimos (8.2)
4. IF BEALE STREET COULD TALK - Barry Jenkins (6.8)
5. BLACKKKLANSMAN - Spike Lee (7.6)
6. GREEN BOOK - Peter Farrelly (8.2)
7. BLACK PANTHER - Ryan Coogler (7.4)
8. FIRST MAN - Damien Chazelle (7.7)
9. CAN YOU EVER FORGIVE ME? - Marielle Heller (7.6)
10. VICE - Adam McKay (N/A)
11. WIDOWS - Steve McQueen (7.5)
12. MARY POPPINS RETURNS - Rob Marshall (N/A)
13. MARY QUEEN OF SCOTS - Josie Rourke (7.0)
14. ON THE BASIS OF SEX - Mimi Leder (5.5)
15. BOY ERASED - Joel Edgerton (7.2)
16. CRAZY RICH ASIANS - Jon M. Chu (7.2)
17. AT ETERNITY'S GATE - Julian Schnabel (6.8)
18. A QUIET PLACE - John Krasinski (7.6)
19. BOHEMIAN RHAPSODY - Bryan Singer (8.4)
20. COLD WAR - Pawel Pawlikowski (7.8)
До крајот на листата за оваа година има уште многу филмови, но нивните шанси се речиси еднакви на 0 - ако можам, ќе ја продолжам листата подоцна.
Исто така, ќе направам слични листи и за останатите позначајни категории.
И пак, copy-pasted од лани: ве молам немојте повторно со муабетот „рано е за темава“ - наместо одговор, видете ги мислењата од минатите години, сто пати имаме дискутирано на таа тема.
Let the Oscar season begin!

Годинава го видоизменив малку начинот на бодување на филмовите, со што на листата имам нешто поголем број на филмови. Но не би ве замарал со непотребни податоци. Сајтовите се горе-долу, истите со години: Indiewire, Awards Watch, Awards Circuit, The Playlist, GoldDerby, Collider...За тие кои не знаат како функционира мојот систем: ги земам во предвид предвидувањата на 5 сајта кои се ориентирани кон филмот, и преку систем на бодување на филмовите од нивните предвидувања, добивам ранг листа на филмовите кои веројатно најдобро ќе поминат на доделувањето на Оскарите, и ја презентирам тука. Иако голем дел од овие филмови сѐ уште немале ни премиера по кино салите во Америка (поточно, во Лос Анџелес), овие предвидувања се прават на основ на нивните проекции и прием од публиката на филмските фестивали и секако, по скринерите доставени до членовите на Академијата и новинарите (иако сѐ уште е рано за кулминацијата на сезоната на скринерите, кои обично се најбројни пред Нова година)
Стандардно, до објавувањето на номинациите пишувајте ги тука вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум. И секако, по доделувањето на Оскарите, петтите по ред Kajgana Movie Awards!
Еве ги годинешните фаворити во некои од главните категории:
_________________________________________________________________
ФИЛМ (ранг-листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг. со кликање на името или постерот, одите до IMDB страницата за филмот)
1. A STAR IS BORN - Bradley Cooper (8.2)
2. ROMA - Alfonso Cuarón (8.6)
3. THE FAVOURITE - Yorgos Lanthimos (8.2)
4. IF BEALE STREET COULD TALK - Barry Jenkins (6.8)
5. BLACKKKLANSMAN - Spike Lee (7.6)
6. GREEN BOOK - Peter Farrelly (8.2)
7. BLACK PANTHER - Ryan Coogler (7.4)
8. FIRST MAN - Damien Chazelle (7.7)
9. CAN YOU EVER FORGIVE ME? - Marielle Heller (7.6)
10. VICE - Adam McKay (N/A)
11. WIDOWS - Steve McQueen (7.5)
12. MARY POPPINS RETURNS - Rob Marshall (N/A)
13. MARY QUEEN OF SCOTS - Josie Rourke (7.0)
14. ON THE BASIS OF SEX - Mimi Leder (5.5)
15. BOY ERASED - Joel Edgerton (7.2)
16. CRAZY RICH ASIANS - Jon M. Chu (7.2)
17. AT ETERNITY'S GATE - Julian Schnabel (6.8)
18. A QUIET PLACE - John Krasinski (7.6)
19. BOHEMIAN RHAPSODY - Bryan Singer (8.4)
20. COLD WAR - Pawel Pawlikowski (7.8)
До крајот на листата за оваа година има уште многу филмови, но нивните шанси се речиси еднакви на 0 - ако можам, ќе ја продолжам листата подоцна.
Исто така, ќе направам слични листи и за останатите позначајни категории.
И пак, copy-pasted од лани: ве молам немојте повторно со муабетот „рано е за темава“ - наместо одговор, видете ги мислењата од минатите години, сто пати имаме дискутирано на таа тема.
Let the Oscar season begin!
Последно уредено: