Добро сега малце се нашалив одма креваш паника. Војо, не те кудам што сакаш да си иноватор, те поддржувам во тоа што си нашол хоби и уживаш. Твојата генерација се турка во вторник за бесплатно возење со градски, наутро ѕвони во утрински емисии да и кажи на водителката колку била убава и дека ја испустија државата политичарите, кратко кажано скоро 80 % се де-жа-ву луѓето. Ти си се насочил кон хоби, не само со перпетум мобилето т.е неподвижното тркало, смисли принцип на филтер за вода што ти беше признат еве и јас ти симнувам капа на тоа што си се потрудил нешто да придонесиш за подобро утре и себеизградување. Е сега тоа што ти си тврдоглав покрај се со перпетум мобилето не ти е никаков проблем и 23.000 евра да фрлиш но најпросто ти кажувам - ако е можеш мала макета да ја направиш што ќе функционира џабе фрлаш пари по синџири и глупости затоа што пак на истиот принцип ќе биди - рачно ќе ја вртиш.Затоа во претходните клипови ти постирав машинчиња што многу повеќе кругови вртат од твоето ајронмен тркало, и коштале помалку пари. Иноваторството вистина бара желба труд посветеност но не се потребни толку пари за макета. Моментално главна тема е загадувањето на воздухот кај што главен проблем е греењето на дрва. Смисли некој принцип за филтер на оџаците да се намалат емисиите на штетни гасови,верувам поголем успех ќе имаш.