Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
E513C724-7908-4CDE-8229-1316288EBC9F.jpeg 1ED82866-5DFF-4FB6-AC9A-32F3686AF763.jpeg

По колку книги имате моментално дома што сте ги купиле ама чекаат на ред за читање?
 
Дали некој ги има овие два дела од серијалот Самрак? Поточно Самрак и Зазорување ми се потребни, со акцент ставен во потрагата на Самрак, може и трајна размена или откупување. Ви благодарам
 
Attachments

  • samrak.jpg
    samrak.jpg
    12,2 KB · Прегледи: 8
Ми треба хитно Хари Потер и пламениот пехар (тоа е четвртиот дел) дали ја продава некој или знаете каде би можел да ја најдам на македонски јазик.
Исто така и Господар на прстените- трите дела.
 
Матица ќе има попуст од 15ти овој месец, Господар на прстените комплет ти е 600 ден. За другата веќе ти одговорив, само пдф (на српски или на англиски, на македонски ја нема)
 
Благодарам за одговорот.Не сум од СК ако можеш да ми објасниш каде е Матица. Мислев веќе не се во печат Господар на прстените, планирам во СК да одам во вторник можно ли е да ги најдам тогаш,не мора со попуст.
 
Последно уредено од модератор:
Благодарам за одговорот.Не сум од СК ако можеш да ми објасниш каде е Матица. Мислев веќе не се во печат Господар на прстените, планирам во СК да одам во вторник можно ли е да ги најдам тогаш,не мора со попуст.
Lord of the Rings се на АЕА, таа издавачка куќа веќе не постои, но Матица ги продаваат нивните книги. Матица се наоѓа на бул. Климент Охридски, 23. Имаат книжарница и близу бикот на улица Македонија.
 
Благодарам за одговорот.Не сум од СК ако можеш да ми објасниш каде е Матица. Мислев веќе не се во печат Господар на прстените, планирам во СК да одам во вторник можно ли е да ги најдам тогаш,не мора со попуст.
Прашај на фб страната дали сеуште имаат копии, иако јас лани во декември видов неколку комплета, прашај за секој случај. Ќе имаат саем (т.е. попусти) и во Охрид и во Кавадарци, колку што разбрав, но за повеќе информации на нивната фб страна, со оглед на тоа дека на нивната веб страна не можат да се порачуваат книги. :)
 
Здраво

Првпат пишувам на овој подфорум и мислам дека е најсоодветно место за моето прашање. Доколку грешам ве молам поправете ме.

Купив две книги од Донато Каризи Човекот од лавиринтот и Господар на сенките. Скам трилери и ми го препорачаа овој автор. Ме интересира дали овие книги се продолжение на некоја претходна книга и се поврзани една со друга. Прашањето ми е дали морам да имам прочитано претходна книга за да можам ги сфатам подобро и да ужива, во овие две книги. Или не е потребно да има некаков редослед во книгите издадени од него, па не е проблем да читам некоја што е поново издадена?
 
И двете се трети делови од серијали. Човекот од лавиринтот е од серијалот со Мила Васкез, а господарот на сенките од серијалот за Маркус. Нема никаков проблем да ги читаш без првите два дела, секоја книга е посебна целаина, но има развој на ликовите и односите меѓу нив. Ако после нив се вратиш на постарите, може веќе да знаеш некои работи што треба да те изненадат.
 
Сакам да ја купам Ана Каренина. Е сега има ново издание од истата на Арс Ламина за 800 денари и најдов едно на старо од продавачите на кеј за 400 денари четири книги, издание од 1971 не ми текнува издавачка куќа, мислам дека Атлас се викаше.

Муабетот ми е дали е подобро ново издание или старо, во однос на изработка на превод. Фонтот на буквите на овие од ѕвезди на светската книжевност воопшто не ми се свиѓа и во тој дел повеќе ми е фаворит друго старо издание.
 
Кој е преведувачот на новото издание?
 
Zdravo hitno mi treba vtorata kniga od Zarko laLaušev koj ja ima neka mi pisi ili kaj ja ima da ja kupam zasto segde barav niz Skopj ja nema
 
Back
На врв Bottom