Па не буткам ѕид со глава ја бе бро.

Лани беше звер,изгази за сите пари.Годинава е мувла и ја докажа тезата дека е one-season wonder и Лотито страшно ги преценува своите играчи.
А дека сум се паничел дека ќе идел у милан,можда ако сум алудирал на страшното ффп кое испадна дека само за интер и рома важи.
Абе не можеш да судиш по само една сезона, или 2, се глеа потенцијалот кој го поседува играчот, види го погба колку е паднат во јунајтед, а како играше во Јувентус на пример, и тоа погба веќе со години игра далеку од она ниво кое му набилда толкава цена.
Не го зимаш во предвид фактот дека игра во Лацио, тим со многу слаб буџет, кој скоро и да не купи играчи летово, Инзаги им стана тренер само зашто биелса дојде и после 10 дена си отиде, па се тужеа се пустеа на крај инзаги го собраа, едноставно хаотичен тим се а и не е толку лош смс колку што го праите годинава. Сепак уште е рана фаза од првенството, а лацио пак си котира високо на табела.
Ваков профил на играчи може и 12 меча да се без бројки у битни статистики, а да се клучни, ко бускетс у барса на пример што е, да учествуваат во 90% од акциите за гол, и да имаат клучни пасови во истите. Има иста статистика ко и пјанич сезонава за јуве, а истиот е многу битен фактор у нивната игра.
смс на денешен пазар вреди 50м евра, све над точно е дека е дерење, ама за ваков профил на играч вреди да дадеш и неколку милиони плус, иако верувам дека Интер ако некад се обидуваат да го носат, ќе се обидат со марио, гаљардини, весино и некои такви да спуштат цена, а и на лацио многу поише би им одговарало пример да ги земат гаљардини и марио, отколку кеш, зашто и онака тешко би привлекле некое звучно име.
Исто и за светсково ме заболе како изиграл, у србија со крстајич ко тренер, до пред светско не го ни викаше оној муслин, и сеа сите очекуваа меси дека ќе им изиграва на терен, а тренер му беше дебитант, човек кој не водел ни клуб до ангажманот за селектор на Србија a тоа ретко кој го зимаше у предвид. Како и да е, не наби цена таму а тоа е добро, у секој случај сум убеден дека овој има предиспозиции да биде лидер на голем клуб во иднина, односно, еден од лидерите е сеа дали тоа ќе се деси или не зависи од многу фактори.
Демек ако ги извадиме тие 50 милиони до 30ти јуни, во јули и август ќе можеме да влеземе во нови инвестиции.
Мене се ме плаши, само овие што идат за скромни пари ги погодуваме. Тие што ги плаќаме многу ништо не покажуваат.
Завршува тој т.н settlement agreement за ФФП што го имаа Интер а беше направен со Тохир, така да после ова лето сме ослободени од тие стеги.