Фан клуб - РК Вардар

Не постои ракометар КАРАЏИЧ во Вардар. Ќе земам ќе ви ги едитирам постовите на сите до еден :D

Очекував ваков дуел денес, тегнење во прво полувреме и давање гас во второ. Овој состав досега го вади максимумот на терен и ако ги тепаме Барса би имале феноменален старт од 7-0-1. Но, очекувано е во потешките гостувања да киксираме. Постојано имаме некои играчи кои се вон форма, но се надевам дека кога ќе влеземе во најважниот дел од сезоната, нема да имаме проблеми со повреди и би го кренале нивото на игра. Многу е мала рптацијата на бековска линија и тоа некогаш ќе ни се удри од глава.
 
да не излезе ко грдион данец Милосављев, ако му тргне на старт да кине ако не топка да неможе да фати
како и да е неможеме од голманиве да се пожалиме сега за сега
Мораеш некако декоцентриран, му бегаа топки од раце а и еден зицер шо промаши да се чуди човек

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Имаше трема,мајка му беше во публика :D

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Мораеш некако декоцентриран, му бегаа топки од раце а и еден зицер шо промаши да се чуди човек
И ја му се изначудив на тоа промашување. Како ја шутна толку над гол не ми е јасно.
 
Наводно има проблеми со Оцврик.
Информациите од клубот беа дека имал проблеми со здравјето, но словенечките медиуми велат дека тој имал проблеми во Скопје до толку што не му се враќало назад, кога на 24 октомври Веселин Вујовиќ го повика да дебитира во репрезентацијата на Словенија, па неговите родители морале да го донесат.

Медиумите од Словенија шпекулираат дека тој имал проблеми со раководството на Вардар, дека не влегувал во идеите на Парондо, а спортскиот директор Едуард Кокшаров наводно му дал ултиматум да си најде клуб за 10 дена или да си оди.

„Никогаш не планирав да одам на друго место. Јас сум член на Вардар и тоа е тоа. Имав проблеми, но сега сѐ е во ред, сакам да ја завршам сезоната овде“, вели левиот бек за словенечко „Дело“.

Може ова е играч со некој лош карактер, доколку имаше проблеми во Целје, па сега и тука.
 
Дефинитивно фантастичен старт на сезоната во ЛШ. Само еден пораз на гости во Полска, а со оглед на повредите на одредени ракометари како и мањакот на десен бек ( мое мислење). Во продолжение на сезоната очекувам подигнување на формата на одредени ракометари, враќање на повредените и со господ напред зошто да не се обидеме и трета година по ред да играме во Келн. Секако за тоа голема улога ќе игра и пласманот во група, здравствен билтен, противник, среќа и се.. Но сепак, оваа екипа покажа дека има муда, и ако и се склопат коцките може на секого да му земе скалп. Што се однесува до Барселона одлична е оваа сезона, по мене доста посилна и покомпактна од минатата. Покриени се квалитетно на секоја позиција, имаат одлична комбинација на младост и искуство што дава одлични резултати во досегашниот дел од ЛШ. Против нив мора да го одиграме нашиот најдобар натпревар ако сакаме да продолжиме со победите. Ќе биде фантастично интересен дуел, добро е што ќе го имаме назад одморен Борозан, а дефинитивно на натпреварот против Брест го добивме и Гедбан. Одличен натпревар во вистинско време за него, точно за подигнување на самодовербата против Барса. Има предиспозиции да стане одличен голман, а работата со Периќ очекувам да резултира со плод. Иначе ова за Оцвирк не верувам дека е нешто сериозно, иако може да е за минутажа. Само чудно ми е малиов да се курчи толку и да бара минутажа поред Скубе и Кара. Јес да од Целје замина поради мала минутажа, ама сигурно не очекувал да ја најде во еден од Топ 5 светски клубови во моментов:unsure:
 
Подобро би било да добие он шанса него Војводич доволно е од него...
 
Од Вардар демнатираат дека има проблем. Но, мене ми е сомнително ова, ја уште пред неколку натпревари пишав тука дека е чудно како беше изоставен од некои натпревари. Па порано си отиде за Словенија, иако мислам дека имаше СЕХА натпревар во Скопје. Најверојатно има некој проблем. Некои пишуваат дека може и за Железничар Ниш ќе потпишел.

Од утринава постојано кружат информации дека Грегор Оцвирк го напуштил Вардар поради лоши односи со дел од раководството на тимот. Оваа вест ја пуштија словенечките медиуми, „СПОРТМЕДИА“ уште пред почетокот на прес-конференцијата по повод утрешниот меч со Нексе во СЕХА-лигата се обрати на вистинското место и доби одговор.

"Поради здравствени проблеми (вироза), Оцвирк остана во Словенија за да оздрави. Ги чекаме последните информации од докторите и тој да му се приклучи на тимот во Скопје", ни изјави Давор Стојановски, извршниот директор на Вардар.
 
Последно уредено:
Не знам колку луѓе тука гледаат СЕХА лига. Победа над Нексе денес. Нешто посебно да се одбележи, нема.

Милосављев можно е да си повреди некој прст. Го извадија кај 25тата мин. Не влезе пак во игра. Нешто физиотерапевти му ја масираа раката после. Дотогаш имаше некои 3-4 одбрани. Фати некој зицер. Гедбан влезе, бранеше 35 мин. Слабо бранеше и нешто многу фрустриран беше. Само се нервираше кога ќе прими гол. На крај успеа да фати некојa топка и вкупно некаде 5-6 одбрани имаше. Делуваше незадоволен од својот настап.

Дисингер даде 3 гола, меѓутоа, голманов на Нексе му фати 5 шута. Слаба реализација од негова страна. Делува неуигран и како да не е во форма, што е сосема очекувано.

Стоилов, прилично слаб. Промаши некој зицер и му испадна некоја топка од раце. Се надевам Фереира ќе биде спремен за Барса, меѓутоа и тој не игра многу, па прашање и тој во што форма е.

Киселев на некои моменти имаше лоша комуникација со Скубе. Згреши во додавање неколку пати. Шишкарев почна со слаба реализација, па се поправи. Скубе - ок. Кристопанс, одличен. Три гола и неколку супер асистенции. Чупиќ реализираше неколку пенали.

Се на се, не покажаа некоја желба за победа, ама таа си дојде. Сепак има разлика во квалитет.

Ќе биде жустро во недела. Се надевам се е ок со Милосављев.
 
Последно уредено:
Што се случува со Поповски, Војводиќ и Недановски?
Тапкаат во место и ништо не прават во тимот, ниту па некој напредок. Зошто ги чуваат сеуште?
 
Што се случува со Поповски, Војводиќ и Недановски?
Тапкаат во место и ништо не прават во тимот, ниту па некој напредок. Зошто ги чуваат сеуште?
Mladi se.
 
На Војводиќ му истекува договорот сезонава. Некако не мислам дека ќе му го обноват. Недановски е скоро цел живот во Вардар, него може да го остават ради-реда, да игра домашна лига и нешто СЕХА. Долго е во клубот и сигурно им е мил на луѓето во раководството чим го држат толку долго. Реално и стар е он, на крајот на оваа сезона ќе има 34, така што и него крајот му се ближи. На Поповски исто му завршува договорот летово. Претпоставувам дека може да му го продолжат него, иако и ја мислам дека тој ќе тапка во место. Исто на голманот Ѓорѓески му истекува договорот летото 2019. Тој мислам исто ќе лета. Не гледам зошто би му го продолжиле договорот кога е јасно дека во него гледаат трет голман, а Кизиќ го најавуваат како талент и му даваат малку минутажа, ваму-таму.
 
Ee kakvi lugje ima, cekaat do zaden den pa kupuvaat karti, nudat i po 60,70"e.Nikad nema da prodadam karta za profit

Sent from my SM-J510FN using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom