Прво да си ги симнат каблите од бандери па после за оптика да збориме што едвај ја користат 8000 корисници така било така и ке биде се додека не почнат гратис ја даваат, ама од тоа нема приходи гратис што се дава. ВИП е оној кој има континуран раст и на клиенти и на приходи тука се и телекабел и неотел. Додека Телеком е оној кој загуби скоро дупло од приходите кој ги имаше во последните 10 години и сега види мајката сеа ке почнеле пари да праат од кога во секое маало има кабел макар и коаксијален, ама не стоп они ке продаваат оптика на пензионери и 95% популација која веке ги исклучи и фиксните телефони и не се замара освен со пинк.
Имаш конкретни бројки за овие информации кои ги објавуваш, или само онака шпекулираш ?
Освен ако си заборавил да додадеш уште една нула на тие 8000 корисници - што сепак не е точна бројка и со четири нули, бидејќи вистинскиот број на корисници на оптички Интернет на Македонски Телеком е` значително многу поголем - не гледам врз која основа твоите информации би биле веродостојни.
За почеток, нареден пат кога ќе прошеташ низ улица, изброј ги ормарите со оптички разделници на Македонски Телеком, не можеш да ги промашиш, имаат препознатлив изглед и го имаат старото лого T-Home или логото T на германски Дојче Телеком.
https://www.google.com/maps/@42.0062275,21.375813,3a,39.2y,195.77h,69.05t/data=!3m6!1e1!3m4!1sNFHtyq_GdAC0lrFNrpNTWw!2e0!7i13312!8i6656
Најмалиот од овие ормари има капацитет до 45 корисници и е` многу помал од ормарот на сликата на Google Street View кон која води горниот линк, додека најголемиот ормар има капацитет до 320 корисници - со можност да биде надограден со уште еден кат оптички разделници за уште 320 корисници.
А притоа земи го во предвид фактот дека овие ормари услужуваат претежно домашни корисници, бидејќи деловните објекти како трговските центри, деловните центри, административните згради на државната и/или јавната администрација, образовните институции, болниците и останатите јавни установи, имаат сопствени оптички разделници во сопствените простории, односно не примаат оптички телекомуникациски сигнал од уличен ормар.
Исто така, и кај новите станбени згради ваквите ормари ги поставуваат во гаражите/подрумите на зградите, а не на улица, што значи дека има и ормари кои нема да ги најдеш на улица и да ги изброиш, а сепак постојат.
Со оглед на фактот дека само низ Скопјево ги има над 1.500 вакви ормари - поточно ги имало пред година дена, Бог знае колку ги има денес - а ги има илјадници повеќе низ цела Македонија, од кои повеќето се` со капацитет до 192 или 320 корисници - се препознаваат по висината, ако се високи над 1 ипол метар, тогаш опфаќаат 192 или 320 корисници, ма да и ова не е баш целосно точно, има и други видови на ормари со оптички разделници кои се високи отприлика 1 метар, но истовремено се пошироки, па затоа имаат капацитет до 320 корисници - твоите бројки од 8.000 корисници, или па и 80.000 корисници нека бидат - паѓаат во вода.
Можеби тие бројки биле точни пред 2 години или поодамна, но денес ситуацијата на терен е поинаква. А како што веќе имам спомнато порано, дури и со губење на корисници, Македонски Телеком и понатаму остварува профит бидејќи над 70% од корисниците на оптички Интернет на Неотел се поврзани преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.
Во меѓувреме, оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком и понатаму се проширува многу побрзо во споредба со оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел и Телекабел. А Вип никогаш не биле поочајни, ова го велам поради моето лично искуство со нив и поради приказните со кои им се јавуваат на постоечки корисници со истечени обврзувачки договори, а кои очајнички се обидуваат повторно да ги врзат со нови обврзувачки договори на 1 или 2 години.
Иднината на Вип е` или во надградба на нивната постоечка хибридна кабелска мрежа со DOCSIS 3.1 Full Duplex, или во миграција кон нова оптичка телекомуникациска мрежа, ова не го велам само како информатичар, туку и како нивен постоечки корисник - но не за уште долго време, планирам да ги баталам пред крајот на 2018 година, и онака договорот со нив ми истече во мај 2018. Доколку Вип не направи една од овие две надградби и/или миграции во наредните 2 години, веќе после 2020 година ќе биде неконкурентен на полето на фиксната телефонија, Интернетот и телевизиските услуги наспроти Македонски Телеком, Неотел и Телекабел.
И не, нема да се префрлувам на Македонски Телеком колку и да сакам - да не испадне дека ги бранам бидејќи сум нивен обожавател, а не сум - бидејќи и тие ги укинаа Discovery каналите и ЕуроСпорт каналите заедно договорени со Вип, но најверојатно ќе бидам приклучен на нивната оптичка телекомуникациска мрежа бидејќи планирам да се префрлам на Неотел, чија што оптичка телекомуникациска мрежа не е достапна во мојата станбена зграда, за разлика од оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која е` достапна во мојата станбена зграда, поради што повеќе од сигурно е дека сепак дел од мојата месечна претплата кон Неотел ќе завршува кај Македонски Телеком.