Во ред и јас сум начелно против влез во воен сојуз што е и нато нели. Ова за што пишуваш е некој економски сојуз со Кина. Сакам да ви посочам на сите дека секоја голема сила тоа што си го нуди, најчесто е во дебела економска корист. Кина е присутна на просторов со банки и градежни компании. Нешто што мене не ми праи кеиф е што Кина (не викам дека другите не се), е лулка на корупцијата. Договорите со нивните банки за кредитирање се благо кажано луди. Ги даваат за се' и сешто, без оглед на исплатливост, а каматите кои сме обврзани да ги платиме се вон здрав разум. На нив се нафаќаат локалните неодговорни политичари кои после мандатот ги снемаува и баш им е гајле кој ќе ги враќа.
Изборот на сојуз и сојузник е специфична работа. Тоа се праи со мудри одлуки од мудри луѓе. Во нашиот случај, изборот не го праиме ние, туку некој у чиј геостратешки план сме влегле. Ако решиле јенките да ја сардисаат Русија од сите страни, тогаш Русија сама треба да си најде начин и да работи против тоа. Овде нема руски банки, нема руски компании, размената ни се базира на продажба на гас и нафта и ние на нив им продааме јаболки. Дури и една Турција ја знае таа игра и е присутна економски овде (за жал).
Инаку Криволак не верувам дека е и 1% од државава, тој податок ми е сомнителен.[DOUBLEPOST=1541577412][/DOUBLEPOST]Добро е шо има дебата со овие од сдс...
Ти објаснуе дека ради тоа шо паторот ебел 11 години све живо и диво овде, он има право да ја пикне мајка му у општина...битно со дебата да се одвиваат процесиве.
https://plusinfo.mk/костадинов-мојата-мајка-е-вработена-н/
Костадинов: Мојата мајка е вработена најтранспарентно
„Видлива е нивната нервоза подолго време. Не им успеа да ја закочат иднината во ЕУ и НАТО. Сега се соочени со вистината што ја објавиваме за шемите на Заев со криминалецот Бранко Црвенковски, директно поврзани со лично богатење преку хидроцентрали, и тоа во време кога му бил советник. Соочени со сопствената немоќ, антизападното СДС продолжуваат со истата матрица која 11 години шиканираше луѓе, омаловажуваше, која преку партијата сакаше да ги контролира нашите животи, одлучуваше кој може да се вработи кој не.