Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.994
Поени од реакции
80.806
Ако Апасиев кога ќе дојде на власт, почне да се понаша онака како што сега се понаша унутра у партијата, е тоа ќе биде интересно да се глеа.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Шансата да се прилепи нема да ја пропушти.
Колку повеќе труд се вложува за нечија дискредитација, според мене тоа значи дека пропорционално на тоа се помали шансите да се прилепи на некои/нешто итн. Ако беа за лепење Левица до сега ќе имаа пратеник со СДС и веројатно ќе беа на ниво на Пајо Бојаџијата и Ивана Туфте.

Битно е да се сконцентрираат на една изборна единица и да имаат свои акредитирани посматрачи на секое едно изборно место во истата, без исклучок.

Требаше да проверат на локалните избори во Велес колку гласачки ливчиња имаше на кои беше заокружена и листата на Левица а на некој начин беа направени неважечки. Како си прават дилови курто и мурто...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Еден пратеник може да земат ако ништо повеќе. За почеток доволно е. Потоа од него ќе зависи како ќе ја искористи шансата која му се пружи.
Не се АД, немаат никаква моќ башка, малата популарност која ја имаат не се базира врз идеолошка основа туку на култ на личност т.е. Апасиев.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Не се АД, немаат никаква моќ башка, малата популарност која ја имаат не се базира врз идеолошка основа туку на култ на личност т.е. Апасиев.
Најекспониран е, воглавно поради тоа шо како универзитетски професор има некоја тежина, инаку и Здравко Свевски е тука.

Добија советничка во Совет на Град Скопје, Драгана Велковска, баш еве на муабетот да чуеш како и се обрати борецот за слобода и демократија, чесниот и правдољубив крадоначалник на Град Скопје,


Извор

СДС беа тие кои преизборно кажуваа дека знаат и можат само бараат шанса не Левица.
 
M

Macedon1um

Гостин
Немаат теоретски шанси.
Ај не зафркавај сега и ти, во држава каде што 50% од населението има 200 евра плата и еден куп незадоволни млади имаат огромен потенцијал ако сработат како што треба. Па со минимум финансии и две-три целни групи како што се овие со 200 евра плата, младите и земјоделците ќе успеам да освојам барем по 1 пратеник во секоја ИЕ

И во Хрватска така викаа нема шанси па ете ги Жив ѕид од 1 на 8 пратеници отидоа, а Мост прво 19 пратеници во 2016 а сега 13
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Него гледам овој Антизападко, новиот херој на СДС кој језиво потсеќа на Шема си ја запослил мајка му. :icon_lol::icon_lol:



Шо би рекла Гоца ШуПраиш, се е тоа во рамките на позитивните законски прописи :icon_lol:


Ај не зафркавај сега и ти, во држава каде што 50% од населението има 200 евра плата и еден куп незадоволни млади имаат огромен потенцијал ако сработат како што треба. Па со минимум финансии и две-три целни групи како што се овие со 200 евра плата, младите и земјоделците ќе успеам да освојам барем по 1 пратеник во секоја ИЕ

И во Хрватска така викаа нема шанси па ете ги Жив ѕид од 1 на 8 пратеници отидоа, а Мост прво 19 пратеници во 2016 а сега 13

Едно време беше не го ситни отпорот со Левица дури да падне rezimod... сеа дефетизам се шири со вакви ставови, битно не смее да постои друг избор. А за отворените листи шо ги ветуваa сега угодно заборавија.
 
Последно уредено:

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Најекспониран е, воглавно поради тоа шо како универзитетски професор има некоја тежина, инаку и Здравко Свевски е тука.

Добија советничка во Совет на Град Скопје, Драгана Велковска, баш еве на муабетот да чуеш како и се обрати борецот за слобода и демократија, чесниот и правдољубив крадоначалник на Град Скопје,


Извор

СДС беа тие кои преизборно кажуваа дека знаат и можат само бараат шанса не Левица.
Најекспониран е затоа што толку кадар имаат, другото е се копук до копук.
Ова со Шилегов и оваа ич не ме интересира, друг ми е муабетот.

Оваа "Левица" е само како нус продукт на светските тредови, а, ние важиме за еден по така помодарски народ. Автентични левичарски движења е невозможно да постојат во држава кадешто речиси веќе нема работници а да не зборуваме за индустрија и синдикати.[DOUBLEPOST=1541520567][/DOUBLEPOST]
Ај не зафркавај сега и ти, во држава каде што 50% од населението има 200 евра плата и еден куп незадоволни млади имаат огромен потенцијал ако сработат како што треба. Па со минимум финансии и две-три целни групи како што се овие со 200 евра плата, младите и земјоделците ќе успеам да освојам барем по 1 пратеник во секоја ИЕ

И во Хрватска така викаа нема шанси па ете ги Жив ѕид од 1 на 8 пратеници отидоа, а Мост прво 19 пратеници во 2016 а сега 13
Хрватска за нас се господа, остај ти тоа.
Кај нас ситуацијата на терен е следнава; масовно се емигрира и речи си нема работници, работници кои би биле првата таргет група на Левица. Таа работна снага место да се организира преку синдикати плус, да бидат членови/гласачи/сипматизери на Левица ја нема, извади пасош и кидна.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Немаат теоретски шанси.
Пола изгубени глави од дпне ќе гласаат за нив заради контрареферeндумското ангажирање на Апасиев. На нив толку им треба. Тоа шо Левица се бави претежно со работничка социјала у принцип не ги занима, пошо све грофови е држаава.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.855
Најекспониран е затоа што толку кадар имаат, другото е се копук до копук.
Ова со Шилегов и оваа ич не ме интересира, друг ми е муабетот.

Оваа "Левица" е само како нус продукт на светските тредови, а, ние важиме за еден по така помодарски народ. Автентични левичарски движења е невозможно да постојат во држава кадешто речиси веќе нема работници а да не зборуваме за индустрија и синдикати.
Па и Драгана Велковска е член на Левица и како таков стана советник во советот на Град Скопје, или и таа е копук сега?
Од тоа шо следам по медиуми ептен си стои на реализација на предизборната агенда и некому тоа очигледно му пречи, не е изглеа претприемчива и стандардните методи на договарање не функционираат.

Друг експониран член е Здравко Савески, споредено со Мира Дизел и Крсто Мукоски во било кој дел од денот би го израл Здравко да биде пратеник него овие двајца.

Инаку ако не постојат синдикати и истите се немоќни, тогаш немаше да има потреба да се прават еден куп препади на нивно чело да се постават свои партиски луѓе или блиски на власта, сеедно.

Другото шо си пишал е чист дефокус, догма.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Никаде не напишав дека има нешто лошо што сака нека биде.Јас лично не го сакам комунизмот ама тоа си е мое убедување.
Секоја идеологија треба да се осознае од афирмативната страна. Марксизмот и комунизмот се константно изложени на анти-пропаганда и секогаш се прикажуваат од негативната страна кога се артикулирани во тоталитаристички режими како во СССР и Кина. Јас дури и исламот мислам дека е жртва на погрешно толкување од страна на идиоти болни за власт, моќ и експанзија. (Очекувам од Берик цитат со хејтање овде).
Во секој случај треба да се анализира повеќе се' што се коментира. Многу често во темава се праат несмасни аналогии кои немаат врска во пракса и во теорија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom