Тие ашлаци гледаат само што пишува на хартија. Да би биле заинтересирани какви се работите во пракса дали ние би влегле во некој каков и да било избор на ТОП10 економии.има ли начин некој да им напише на тие ашљаци што ги прават рангирањата за тоа како кај нас се работи на МСЕ....
не се марило 2 -3 друштва ако работат поштено, дури и КМБ што е во Супер Котација праи дубари и СЕГА, со купување и продавање сопствени акции со блок трансакции
Има еден извештај за конкурентноста на економиите, мислам дека тое е многу пореален и порелевантен:
Најдобро рангирани во извештајот на Светскиот економски форум за глобалната конкурентност за 2018 година се САД, Сингапур и Германија, а најлошо Хаити, Јемен и Чад.
Македонија е рангирана на 84-то место во Глобалниот индекс на конкурентноста што го подготвува Светскиот економски форум. Во извештајот за 2018 година има податоци за 140 економии што преку 98 индикатори се организирани во 12 столба.
Друг важен аспект за економиите се и квалитетното образование и обука на работната сила, каде што земјата е рангирана на 81-то место, додека во потстолбовите со кои се оценува квалитетот на стручното образование е рангирана на 130-то место.
Финансискиот систем според овој извештај покажува дека Македонија е рангирана на 80-то место, додека поддршката на локомотивата на економијата, имено, малите и средните претпријатија, со кредити е рангирана на 114-то место, индикатор со кој се потврдува неможноста за пристап до финансирање за МСП.
Позитивна оцена има во четвртиот потстолб, кој се однесува на инфлација, односно на одржување позитивна стапка на инфлација, каде што Македонија го дели првото место со 74 други држави.